„ХОМО“ прогласен за најдобар игран филм на  „Crossing the Screen“ во Англија


Долгометражниот игран филм „ХОМО“ (анг. „Only Human“) во режија на Игор Иванов ја доби својата седма награда и тоа за најдобар игран филм во официјалната програма на интернационалниот фестивал „Crossing the Screen“ во Англија, што се одржа во периодот од 28 јануари до 3 февруари во Истбрн, Источен Сасекс. „ХОМО“ светската премиера ја имаше на …

„ХОМО“ прогласен за најдобар игран филм на  „Crossing the Screen“ во Англија Read More »

В среда се отвора годинашниов „Зимски салон“


Во Чифте амам во Скопје ќе биде поставено 19. Издание на „Зимскиот салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Традиционално, домаќин е Националната галерија. Отворањето на оваа традиционална манифестација е закажано за 9 февруари 2022  (среда), со почеток во 20ч. Сите мерки и протоколи за заштита на јавното здравје сѐ уште се важечки. Селектор на …

В среда се отвора годинашниов „Зимски салон“ Read More »

Книжевните награди на ДПМ за Ивица Челиковиќ, Санде Стојчевски, Димитар Пандев и Венко Андоновски


Книжевните награди на Друштвото на писатели на Македонија  за изминатата 2021 година им се доделуваат на авторите: Ивица Челиковиќ, Санде Стојчевски, Димитар Пандев и Венко Андоновски, соопштија од писателската асоцијација. Наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување во 2021 година му се доделува на Ивица Челиковиќ за романот „Ден за одмазда“ во издание на издавачката …

Книжевните награди на ДПМ за Ивица Челиковиќ, Санде Стојчевски, Димитар Пандев и Венко Андоновски Read More »

„Француски бакнеж“ – љубовен концерт со оркестарот на Филхармонија


“Француски бакнеж” е насловен концертот кој ќе се одржи в петок, на 11 февруари, 20 часот. Диригент е Џијан Емин, а како солисти ќе настап момците од француското трио “Ана Кап” кои воедно се и автори на музиката која ќе биде изведена. Гости на концертот се и виолистот Оливие Самуилан и вокалистката Бети Жарден, и …

„Француски бакнеж“ – љубовен концерт со оркестарот на Филхармонија Read More »

Почина новинарката Цветанка Зојчевска


Цветанка Зојчевска, истакната театарска критичарка и новинарка од културата, почина вчера во Скопје, потврди семејството за СДК.мк. Имаше 76 години. Ќе биде погребана утре во 12 часот на градските гробишта Бутел во Скопје. Родена во Прилеп, Зојчевска е дипломец на Филозофскиот факултет во Скопје, а долгогодишната новинарска кариера ја почна во весникот „Вечер“. Од 2000 …

Почина новинарката Цветанка Зојчевска Read More »

Брзината ја убива креативноста- Александар Поповски со нова премиера во Белград


Претставата „Алиса во земјата на стравови“ по текст на Ева Махковиќ ја постави македонскиот режисер Александар Поповски во Југословенскиот драмски театар во Белград. По две одложувања поради пандемијата, конечно во четврток на сцената „Љуба Тадиќ“ се одржа премиерата. Извонредната сценографија ја потпишува Вања Магиќ, костимите Миа Поповска, композиторот Марјан Неќак. Актерката Милена Радуловиќ ја играше …

Брзината ја убива креативноста- Александар Поповски со нова премиера во Белград Read More »

Архивски материјали од македонското ателје застапени во Меѓународниот град на уметноста во Париз


Во големата изложба „Повторно надвор:жива архива”, во Париз, како Меѓународен град на уметности застапени и архивски материјали од македонското ателје. Како што информираат од Министерството за култура, на изложбата се застапени и фотографии на македонски резиденти, како и една фотографија од посета на претседателот Киро Глигоров на ателјето, и уметничко дело од академскиот сликар Коле …

Архивски материјали од македонското ателје застапени во Меѓународниот град на уметноста во Париз Read More »

„Григор Прличев“ за Трајче Кацаров


Свеченостите на годинешните „Прличеви беседи“ продолжија денеска со централнот настан, доделувањето на наградата на лауреатот Трајче Кацаров, авторот на поемата „Цветко“ избрана за најдобра на традиционалниот конкурс што се објавува во чест на охридскиот поет и преродбеник Григор Прличев. За животниот пат и творештвото на Кацаров пред присутните во Центарот за култура свое обраќање имаше …

„Григор Прличев“ за Трајче Кацаров Read More »

Театарската претстава „Мајсторот за спомени“ во МКЦ


Театарската претстава „Мајсторот за спомени“ по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција на независното здружение Артопија денеска и утре ќе биде изведена во МКЦ – Скопје. Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги …

Театарската претстава „Мајсторот за спомени“ во МКЦ Read More »

Охрид го чествува македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев


Со традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ од денеска во Охрид почнуваат свеченостите и збиднувањата за одбележување на 129-годишнината од смртта на големиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Согласно програмата, манифестацијата почнува денеска со свеченост по повод патрониот празник на ОУ„Григор Прличев“ и полагање цвеќе пред споменикот во училишниот двор. За точно на пладне …

Охрид го чествува македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев Read More »

Културните работници против нула данокот за ИТ компаниите


Асоцијацијата на независната културна сцена (ЈАДРО) остро реагира по вчерашната изјава на премиерот Димитар Ковачевски, кој при посетата на компанијата „Меџикс“ најави дека до 2023 година, Владата предвидува „намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто“, под изговор дека тоа ќе биде „силен стимул за младите што повеќе да …

Културните работници против нула данокот за ИТ компаниите Read More »

Почна дигитализацијата на архивата во Прилепскиот театар


Во тек е дигитализацијата на старата архива на Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“. Дигитализацијата се спроведува преку Центарот за култура  „Марко Цепенков“. Се скенираат фотографии, плакати, исечоци од весници – големо богатство архивски материјал  создавано од почетоците на Театарот, од 1950 година до 2000 година. -Архивата на театарот, која  сведок е создавањето на театарската историја во градот, …

Почна дигитализацијата на архивата во Прилепскиот театар Read More »

„My Name Is Goran Stefanovski“- Драмски театар со нова премиера во март


Во Драмски театар во Скопје денеска почнаа пробите за новата претстава „Моето име е Горан Стефановски“ чија премиера е закажана за 26 март годинава. Режисер на претставата е Бранислав Миќуновиќ, драматург е Бранислава Илиќ, сценограф Александар Дениќ, костимограф Розе Трајчевска, а авторската музика е на Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат: Билјана Драгиќевиќ – …

„My Name Is Goran Stefanovski“- Драмски театар со нова премиера во март Read More »

Проекции на „Сестри“ на Дума во Скопје, Св.Николе и Охрид


Македонскиот игран филм „Сeстри” во режија на Дина Дума во текот на февруари ќе биде прикажан во неколку градови низ земјава и тоа: Скопје – Кинотеката на Северна Македонија, Св. Николе – Киноверзум и Охрид – НУ Центар за култура „Григор Прличев“. Светската премиера на „Сeстри” беше минатата година во август на Филмскиот фестивал во …

Проекции на „Сестри“ на Дума во Скопје, Св.Николе и Охрид Read More »

Операта „Турандот“ од Пучини со најубавата арија се враќа на репертоарот на НОБ


Операта „Турандот“ од Џакомо Пучини ќе биде изведена на 9 февруари во 20 часот во Националната опера и балет. Спектакуларната продукција на епската кинеска бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, повторно на сцената на Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска, режијата, сценографијата и костимографијата се …

Операта „Турандот“ од Пучини со најубавата арија се враќа на репертоарот на НОБ Read More »

Од Тоше до Мартиноски- министерката за култура го почна мандатот од Крушево


– Ако трагите што ги оставаме зад себе говорат за нашето постоење, тогаш споменот на Тоше, на неговиот глас и дело засекогаш ќе продолжат да живеат меѓу нас – рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, за време на работна посета на Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево. Костадиновска-Стојчевска беше информирана за активностите на оваа национална …

Од Тоше до Мартиноски- министерката за култура го почна мандатот од Крушево Read More »

Објавен превод на „Колибри“ – најдобар италијански роман во 2020 година


Во издание на „Или-Или“ објавен е превод на романот „Колибри“ од Сандро Веронези, најдобар италијански роман во 2020 година, актуелен добитник на „Стрега“ (Premio Strega) –  престижната  книжевна награда во Италија. Издавачката куќа соопшти дека одлучила да го објави овој роман бидејќи романот „Тивок хаос“, за кој  Веронези ја доби исто така оваа награда во …

Објавен превод на „Колибри“ – најдобар италијански роман во 2020 година Read More »

„Три“ ги мотивира читателите да читаат уште повеќе- нова картица за лојалност


Клубот на читатели во ТРИ одамна ги доближува читателите до светот на книгите. Овој февруари ги носи уште поблизу со обновената програма за лојалност, понуда за членство, попусти и поволности. Секој вљубеник во приказните заслужува да си обезбеди што е можно повеќе книги на полиците. Затоа, преку месечната клупска акција, ТРИ се погрижи да ги …

„Три“ ги мотивира читателите да читаат уште повеќе- нова картица за лојалност Read More »

Киро Урдин изложува во Антверпен- уметнички слики како ода за човечката сила наспрема пандемијата


Една од најстарите галерија во белгискиот град Антверпен- „ Црниот пантер“, е домаќин на изложба  со дела од нашиот уметник со француска адреса , Киро Урдин. Централно место на изложбата има сликата „Табула раза“, која е со димензии 10 метри должина и 3 метри ширина, а изработена во маслена техника. Изложбата на Урдин вклучува околу …

Киро Урдин изложува во Антверпен- уметнички слики како ода за човечката сила наспрема пандемијата Read More »

Звукот на ориентот со генијалниот Марсел Калифе во Филхармонија


Овој четврток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Звукот на ориентот“ на кој ќе настапи исклучителниот мајстор на уд, композитор и воклист Марсел Калифе од Либан. На програмата се авторски дела на Калифе, а концертот ќе го води маестро Лубнан Балбаки од Либан. Ќе настапи и хорот „ПроАрс“. Марсел Калифе студирал …

Звукот на ориентот со генијалниот Марсел Калифе во Филхармонија Read More »