Емине Халил: Приврзана сум за семејството исто како Ајшен од „Балканска приказна“


„Балканска приказна беше голема шанса за мене. Додека тимот на ТВ серијата се подготвуваше за снимањата овде во Скопје, дојдоа на кастинг во Турскиот театар во Скопје, а јас бев една од пријавените актери на таа аудиција. Еден месец подоцна ми јавија дека сум ја добила улогата на Ајшен. Навистина сакав да бидам дел од […]

Објавен Зборник на трудови „Антево дело“


Деновиве од печат излезе Зборник на трудови поднесени на Меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“,одржан во септември минатата година во Лазарополе, родното село на македонскиот поет, академик Анте Поповски. Печатењето на Зборникот е реализирано во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“. Организацискиот одбор соопшти дека на Вториот симпозиум за Антевото творештво, беа презентирани реферати […]

Театарот за деца и младинци ќе гостува во Подгорица


Театарот за деца и младинци од Скопје денеска ќе гостува на Меѓународниот фестивал на кукларство во Подгорица, Црна гора, со претставата „Палешка“ во режија на Давор Драгојевиќ. Во претставата играат актерите Матеа Јанковска, Марија Ѓорѓијовска, Изабела Новотни, Мартин Јорданоски, Емра Куртишова и Петар Стојанов. Претставата „Палешка“ е ново и модерно читање на истоимената бајка од […]

На 81 година почина словенечкиот глумец Ратко Полич


  Словенија – Познатиот словенечки филмски и театарски глумец Ратко Полич почина вчера на 81-годишна возраст, соопшти Здружението на драмски уметници на Словенија. Полич глумеше во повеќе од 100 театарски претстави и исто толку филмски и радиоостварувања, потврдувајќи се како харизматичен актер. Роден е 1942 година, во градот Чрномељ, а професионалната кариера ја почна во […]

Најновиот филм со Антонио Бандерас и Пенелопе Круз на „Скопје филм фестивал“


  Програмата на 25. издание на Скопје филм фестивал продолжува со филмовите „Официјална конкуренција“ и „Соколово езеро“. Проекциите се одржуваат во Кинотека со почеток од 20:22 часот. Двата филма се дел од Програмата на светски филм. „Официјална конкуренција“ е шпанско – аргентинска продукција од 2021 година. Станува збор за сатиричната комедија на аргентинските режисери Гастон […]

Самостојна изложба на Менсур Бојда


  Во просториите на Грал галерија во Скопје вечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник Менсур Бојда насловена „Принтана едиција”. „Принтана едиција” е колекција од 25 селектирани дела од различни периоди и различни техники. Колекцијата содржи репродукции од цртежи, слики, дела од серијалот насловен „Моите омилени нешта” и […]

Најновиот филм на Бандерас и Пенелопе Круз на Скопје филм фестивал


Програмата на 25. јубилејно издание на Скопје филм фестивал утре (петок, 16 септември) продолжува со филмовите „Официјална конкуренција“ и „Соколово Езеро“. Проекциите се одржуваат во Кинотека на С Македонија со почеток од 20 и 22 часот. Двата филма се дел од Програмата на светски филм. „Официјална конкуренција“ е шпанско-аргентинска продукција од 2021 година, станува збор […]

Не беше митинг, ниту изборна кампања. Симон Трпчевски го собра цело Скопје на „Македонисимо“


  Не беше митинг, ниту изборна кампања. Синоќа цело Скопје и Македонија се собра за македонската премиера на албумот „Македонисимо“ на славниот пијанист Симон Трпчевски, пет години по светската премиера во Лудвигсбург, Германија. Оттогаш целиот свет го слушна музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва – спојот  на македонската народна песна со џез и класична […]

Белградската легенда Бранко Росиќ во Скопје : Најголем грев е кога новинарот станува писател


Бранко Росиќ е еден од оние автентични ликови на белградската урбана сцена без кои овој град не би бил ист, велат хроничарите и критичарите. Кога би се направил список на културни врски меѓу Србија и Британија, неговото име би било на самиот врв, а овој новинар, писател и панкер (наредете ги по кој било редослед) […]

Промоција на книгата „Дух во школка“ од Сунчица Уневска


  Во рамки на Скопје филм фестивал вечерва ќе биде промовирана најновата книга на филмската критичарка Сунчица Уневска „Дух во школка“.Ова е нејзина четврта книга, издавач е „Аквариус“. -Ова не се само филмски рецензии, ова се есеи за животот, за темите, кои вечно не интригираат и чии прашања и одговори се бројни, сè зависи каде […]

Самостојна изложба на Жарко Башески во МАНУ


  Самостојната изложба на Жарко Башески, професор на Факултетот за ликовни уметности, вечерва, во 19 часот, ќе биде отворена во Македонската академија на науките и уметностите. Во рамки на изложбата ќе бидат изложени скулптури од неколку циклуси. Публиката ќе има можност да погледне постари дела кои претходно не биле изложувани во земјава, вклучително скулптури изложувани […]

Костадиновска-Стојчевска во Корча: Ги афирмираме македонскиот јазик и култура


Денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, престојуваше во работна посета на Корча, Република Албанија, придружувана од деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Добри Петровски; претседателот на Советот за македонски јазик, проф. Људмил Спасов, и амбасадорот на Северна Македонија во Албанија, Данчо Марковски.  Целта на работната посета беше финализирање на подготовките […]

Македонски археолошки предмети за „Првите кралеви на Европа“ ќе бидат изложени во Њујорк, Чикаго и Отава


  Изложба со македонски археолошки предмети, кои претставуваат врвни уметнички достигнувања во доменот на социјалните и религиските форми карактеристични за разни етапи на предисторијата од ова поднебје во наредните три години ќе бидат изложени во Њујорк, Чикаго и во Отава. На прес – конференција во Битола, директорот на Управата за заштита на културно наследство Аријан […]

Од „Дае“ до “Медена земја“- македонски филмови во Словенечката кинотека од 14-18 септември


Од 14 до 18 Септември 2022 година, во киното на Словенечката кинотека во Љубљана, Словенија, Кинотеката на РС Македонија ќе претстави избор од филмски наслови од домашната кинематографија. Изборот вклучува неми филмови од почетокот на кинематографијата на Балканот, потоа етнографски документарни, како и играни и анимирани филмови (https://kinoteka.si/cikel/kinoteka-severne-makedonije-predstavlja/). Ревијата „Денови на македонскиот филм“ ќе започне […]

Скулптурите на Жарко Башески на изложба во МАНУ


  Ќе ни претставува чест доколку бидете наши гости на отворањето на самостојната изложба на Жарко Башески, професор на Факултетот за ликовни уметности, кое ќе се одржи на 15 септември (четврток) во 19 часот, во просториите на Македонската Академија на Науки и Уметности. Во рамките на изложбата ќе бидат изложени скулптури од неколку циклуси. Публиката […]

Јане Чаловски изложува во Париз како дел од „Урбан текст, овој простор наречен Балкан”


Од 15 септември до 11 декември 2022 година, Институтот за исламски култури ќе ја претставува изложбата “Урбан текст, овој простор наречен Балкан”, кокурирана од Фалма Фшази и Беренис Салиу. Токму низ призмата на урбаниот простор изложбата Urban Text – термин кој во буквален превод значи „урбано ткиво“ на француски – ја прикажува комплексноста на Балканот, мултикултурна територија со променливи дефиниции. […]

Македонска премиера на „Македонисимо“ во Скопје – Симон Трпчевски конечно дома


По 5 години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија и освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески конечно ја најавува и македонската премиера на интернационалниот музички проект Македонисимо. Музичкиот десерт што македонската публика со нетрпение го очекува, е вечерва од 20 часот на платото пред Националната опера и балет […]

Бранко Росиќ во Скопје го промовира романот „Доаѓањето на матадорот“


Белградскиот писател, новинар и музичар Бранко Росиќ денеска во кафе-книжарницата „Буква“ од 19 часот ќе го промовира својот трет роман „Доаѓањето на матадорот“, објавен летово во издание на издавачката куќа „Лагуна“ од Белград. Промоцијата ја организира Српскиот културно информативен центар СПОНА. – За „Матадорот“ една од хероините ја најдов на улица. Шетав низ градот Руан […]

Жан-Лик Годар се самоубил со помош


  Режисерот Жан-Лик Годар изврши самоубиство со помош. За тоа пишува францускиот весник „Либерасион“. „Тој не беше блиску до смртта, тој беше само исцрпен. Така тој донесе одлука да го запре животот. Тоа беше негова одлука и му беше важно да знае за тоа “, изјави за весникот неименуван роднина на режисерот. Потпомогнатото самоубиство го […]

Почина Серафим Фимчо Муратовски, еден од доајените на македонската музичка, оперска и балетска сцена


На 91-годишна возраст денеска почина Серафим Фимчо Муратовски, диригент и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје во пензија. Со над повеќе од 40 години уметничка исполнителна дејност, Фимчо Муратовски е еден од доајените на македонската музичка, оперска, и балетска сцена, како и на концертните подиуми во земјата. Музичкото образование го оформува на Музичката академија во […]