Вечер посветена на творештвото на учесниците на ПРО-ЗА Балкан


  Со читање извадоци од делата на годинашните учесници, вечер, во Даут Пашин амам, во Скопје, ќе биде затворен 10. Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан. Според програмата, пред публиката ќе се претстават книжевниците Рајко Грлиќ, Дамир Каракаш, Броња Жакељ, Елена Алексиева, Владислав Бајац, Томислав Османили и Пијан Славеј. На последниот, трет ден на фестивалот во […]

Олга Панкина лауреат на „Степска липа“: Хуманата мисија што се врши преку уметноста е непроценлива


  Олга Панкина, поетеса и преведувачка, претседател на невладината организациjа „Македонски културен центар во Москва“, како претставник на Северна Македонија е лауреат на 6-от Меѓународен фестивал на уметностите „Степска лира“, кој деновиве се одржа во станицата Новопокровска во Краснодарскиот крај, во Русија. Новопокровска годинава го слави својот јубилеј – 195 години од основањето, а досега […]

„Сето време е сето време“ – изложба на фотографот Иван Блажев


  Во Галеријата на Кинотеката на Република Северна Македонија вечер ќе биде поставена  изложба на фотографии „Сето време е сето време“ на фотографот Иван Блажев. Изложбата претставува заокружување на истоимениот циклус фотографии снимени во Дрезден во 2018 и 2020 година: Првично избор од фотографиите беше прикажан во Скопје на изложбата „Дрезден: време / простор / […]

Промоција на романот „Бело се пере на деведесет“


 Во книжарницата „Литература.мк“ денеска ќе биде промовиран романот „Бело се пере на деведесет“ од словенечката авторка и новинарка Броња Жакељ. На промоцијата, покрај авторката Броња Жакељ, кон книгата ќе се осврнат и Дарко Спасов, преведувач од словенечки јазик, и Бисера Бендевска, уредничка на книгата. Книгата, која е во издание „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина […]

Македонскиот брас квинтет ќе настапи во Софија


  Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечер ќе се одржи концерт на Македонскиот дувачки квинтет, јави дописникот на МИА од Софија. На концертот ќе учествуваат Драган Младеноски – труба, Александар Златески – труба, Антонио Костевски – француски хорна, Димче Белчовски – тромбон и Александар Нинич – туба. Македонскиот дувачки квинтет е […]

Во делата од изложбата „Фрагменти од едно постоење“ претставен е ликот на жената


  Во Концепт 37 во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Фрагменти од едно постоење“ на уметницата Анџелика Колева. Посетителите ќе имаат можност да видат 30-тина дела на платно и на грамофонски плочи. Колева во изјава за МИА објаснува дека работи на водена техника, разлевање во бои, а првата љубов во уметноста и е сликање […]

Драмски театар со монодрамата „Кармен“ гостува во Велес


  Драмски театар Скопје со монодрамата „Кармен“ ќе учествува на 19. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Претставата ќе биде изведена во рамките на оф-програмата на фестивалот на 20ти октомври во 22 часот на сцената на НТ „Ј.Х.К. Џинот“, Велес. Монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, создадена по мотив од романот „Пет часа […]

Актерот Благоја Чоревски добитник на наградата „Васил Иљоски“


Познатиот македонски актер Благоја Чоревски е лауреат на годинешниот 25. по ред меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“. Тој е добитник на наградата Васил Иљоски. Од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, каде што “Денови на комедија“ традиционално се одржуваат секоја година, велат дека ова признание ќе му биде врачено на Чоревски на самото […]

„Куќен притвор“- нов ситком на МРТ 1


  Новата играна серија „Куќен притвор“, која е првата спин-офф серија во македонската ТВ продукција ќе биде премиерно пуштена во етер вечерва во 20:15 часот на Првиот програмски сервис при МРТ, а публиката ќе има можност да ги погледне првите четири епизоди предпремиерно на стриминг платформата GLEY. По исклучителниот успех на „Преспав“, чија што седма […]

Отворен Про-за Балкан во Скопје: Денес има сè повеќе писатели, а нема читатели


Петмина врвни писатели од Балканот синоќа во Даут—пашиниот амам во Скопје беа претставени пред македонската публика на отворањето на 10. Интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“ во Скопје. Добар дел од нив веќе познати за неа, преведени и на македонски јазик. На гостите на фестивалот добредојде им посакаа идејните творци на фестивалот – Дејан Трајкоски, Александар […]

ДФРМ ќе присуствува на регионална конференција на режисери во Лесковац


Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) Игор Иванов-Изи и генералниот секретар на Друштвото, Томи Салковски, денеска ќе учествуваат на Регионалната конференција на филмски режисери што се одржува во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска режија (LIFFE) во Лесковац. Учесниците на конференцијата ќе разменат мислења и ставови за состојбите во регионалната кинематографија, со […]

Од Спејс Трио до Ејот- трето издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ на 23 и 24 септември


Годинашното, трето по ред издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи на 23 и 24 септември во Македонската филхармонија, информираа на денешната прес-конференција идејните творец на фестивалот Владан Дробицки и Мирко Попов. -Со две изданија зад себе, и публика, која брои и до 2.000 посетители, „Крај Вардарот Џез“ успеа да воспостави континуитет и […]

Бужаровска прв македонски автор објавен од францускиот издавач Галимар


  Во Франција деновиве излезе збирката раскази на Румена Бужаровска „Мојот маж“ преведена на француски од Марија Бежановска и објавена како „Mon cher mari“ (Éditions Gallimard, 2022). Бужаровска е прв македонски автор објавен од Галимар, издавачка куќа која постои од 1911 и е меѓу најголемите и најстарите во Франција и во Европа. Француското издание на […]

Изложба „Interruption – Intersection“ на Андријана Андреева


Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на уметницата Андријана Андреева, која е дел од интерактивен мултимедијален и истражувачки проект, насловена „Interruption – Intersection“. Според уметницата, станува збор за проект кој е еден вид социолошки експеримент. Проектот, како што вели Андреева, се одвива во две фази. -Во првата фаза […]

Фестивал на камерната музика „Скупи КамерФест“ во Филхармонија


  Во Националната Филхармонија во Скопје вечер ќе биде одржан третиот концерт на фестивалот на камерната музика „Скупи КамерФест“. Концертот е во организација на здружението „Муза“, а во соработка со здружението „Арт Линк“ од Белград. Концерт ќе одржи италијанскиот пијанист Алберто Феро од Скопје, заедно со камерната група Камерата Балканика. Италијанскиот пијанист Алберто Феро е […]

Факти и информации за македонскиот јазик и култура на штандот на КИЦ на Северна Македонија во Софија


 Информации и факти за македонската култура и јазик, како и брошури и каталози за Република Северна Македонија, се достапни за посетитетлите на македонскиот штанд на плоштадот „Славеиков“ во Софија, поставен по повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците. Македонското претставување на оваа манифестација го огранизира Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. Како што […]

Констракта ја крена публиката на нозе на „Звукот на Скопје“


Манифестацијата „Звукот на Скопје“ вчера ги раздвижи скопјани. Посетеноста на настаните беше огромна. Изложбата „Македонија“ (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto) во КИЦ предизвика големо интересирање и покрај љувителите на уметноста донесе бројни претставници на дипломатскиот кор во земјава меѓу присутните.   Атмосферата ја збогати и настапот […]

„Ја чуваме македонската музика“ во Филхармонија


Под мотото „Ја чуваме македонската музика“ вечер во големата сала на Филхармонија ќе се одржи концерт на македонските евергрини. На концертот ќе настапат македонската оперска пејачка Весна Гиновска-Илкова, во придружба на камерниот оркестар Арко под диригентска палка на маестро Ерхан Шукри. Пијанистот Бобан Мирковски, кој ги направи аранжманите за овој концерт ќе ги придружува артистите на […]

Почнува 19. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“


 Во Народниот театар „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес под мотото „Во нови слики“ ќе се одржи 19-тото на Интернационалниот фестивал на античката драма „Стоби“. Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Антигона“, во режија на Диего Де Бреа. Годинашната програма, во две седмици обединува преку дваесет настани, сместени во три рамки: официјална селекција на фестивалот, придружна програма и off – програма […]

Мал пожар во Министерството за култура, го изгаснале вработените


 Мал пожар избувнал денеска во Министерството за култура, според соопштението од оваа институција, и бил изгаснат веднаш од вработените со ПП апарат, а според протоколите за работа сите биле евакуирани навремено.   -Беше повикана Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на […]