МНТ со „Последната лента на Крап“ ќе учествува на 22. Интернационален фестивал на монодрама во Битола
Македонскиот народен театар со монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски, денеска ќе учествува на 22. Интернационален фестивал на монодрама во Битола. Монодрамата е во продукција на Ѓорѓи Јолевски во копродукција со Македонскиот народен театар и Перипетија продукција од Скопје. Ова е претстава за изолацијата и стареењето, за кревкоста …