Во Битола ќе гостува претставата „Госпоѓиците од Авињон“


Претставата „Госпоѓиците од Авињон“ работена според истоимениот драмски текст на писателот Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов, ќе гостува во Битола. Од НУ Центар за култура-Битола, домаќини и организатори на културниот настан посочуваат дека поканата е реализирана на барање на културната јавност во градот и ќе се одржи на 19 април на големата сцена. …

Во Битола ќе гостува претставата „Госпоѓиците од Авињон“ Read More »

Наградуваниот белгиски филм „Вселенско момче“ на „Џифони филмски денови“


Фестивалот „Џифони Македонија“ ги поканува учениците од основно (од петто до деветто одделение) и од средно образование да учествуваат на втората сесија од „Џифони филмски денови“ што ќе се одржи в сабота (16 април) од 10 часот во Кинотеката. Ќе биде прикажан белгискиот филм „Вселенско момче“ во режија на Оливер Перо. Сценариото е на Есебио …

Наградуваниот белгиски филм „Вселенско момче“ на „Џифони филмски денови“ Read More »

Претстава со Рисимкин и Данчевска за роденденот на Танц Фест Скопје


На сцената на Македонскиот народен театар вечер ќе се одбележи осумнаесетиот роденден на Танц Фест Скопје. Во програмата е короеграфијата „Котел“ на Рисима Рисимкин, потоа „Go Figure It Out“ на Адријана Данчевска, и за крај претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ која ќе се изведе со Скопје танцовиот театар. Во кореографијата „Котел“ ќе настапат танчерите Сара Димовска, …

Претстава со Рисимкин и Данчевска за роденденот на Танц Фест Скопје Read More »

Објектот на Велешкиот театар конечно доби технички прием


Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, конечно доби технички прием, откако седум години на сцената се играа претстави без употребна дозвола за објектот. Извршен е упис во јавната книга на недвижности, откако последните осум месеци се работеше на остранување на сите констатирани недостатоци. Објектот седум години беше без технички прием. По пожарот на монтажната болница …

Објектот на Велешкиот театар конечно доби технички прием Read More »

Велигденски концерт на „Танец“ на 19 април


Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ во вторник, 19 април, во просториите на Националната опера и балет традиционално ќе го одржи велигденскиот концерт.   Во рамки на новата концертна сезона на „Танец“ – „Печат на времето“, без изведени повеќе концерти низ земјава, и тоа во Делчево, Радовиш, Свети Николе, Пробиштип и Кичево, како …

Велигденски концерт на „Танец“ на 19 април Read More »

Ново издание на „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски


Во едицијата Современа македонска проза, книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје објави ново издание на романот „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски. Со реобјавувањето на ова дело, издавачот ја одбележува десетгодишнината од смртта на познатиот писател. Ташко Георгиевски беше предводник на групата значајни македонски писатели Петар Ширилов, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, Ката Мисиркова-Руменова, Петре Бицевски, Ристо Јачев, …

Ново издание на „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски Read More »

„Интер-Вју“ на Жиган Крајнчан на Tанц Фест Скопје


 На сцената на Домот на АРСМ вечер во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2022, публиката ќе има можност да ја проследи претставата „Интер-Вју“ на Жиган Крајнчан, во изведба на танчерите и ко-автори Олга Житлухина, Валери Олехно, Глори Шпис, Иан Хотко и Иван Мијачевиќ. -Претставници на пет генерации танчери, со помош на режисерот, спроведуваат перформативно интервју. Секој од нив го доживува своето дел …

„Интер-Вју“ на Жиган Крајнчан на Tанц Фест Скопје Read More »

Изложба на фотографии од осум македонски реномирани фотографи


Во галеријата „Рудиќ“, вечер со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи изложба на 30 фотографии од осум македонски реномирани фотографи. Станува збор за фотографите Дејан Гилевски, Раде Луковиќ, Зоран Вељановски – Летра, Кирил Штрков, Владимир Арсовски, Цветан Гавровски, Дејан Колевски и Боро Рудиќ. Секој автор ќе се претстави со колекција од по четири фотографии, …

Изложба на фотографии од осум македонски реномирани фотографи Read More »

Премиера на „Паника во хотел Палас“ во Струмичкиот театар


Во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица за задутре е закажана премиерата на комедијата „Паника во хотел Палас“ од англискиот комедиограф Реј Куни, во режија на Коле Ангеловски, кој го направи и преводот и адаптацијата. Според режисерот, оваа комедија досега не е изведувана во македонските театри, а „Паника во хотел Палас“ не се разликува од …

Премиера на „Паника во хотел Палас“ во Струмичкиот театар Read More »

„Овие песни“ – избор од вкупното творештво на Глигор Стојковски


Во издание на ВиГ Зеница од Скопје од печат излезе книгата „Овие песни“ од   Глигор Стојковски, поетски избор од вкупното творештво на овој истакнат македонски поет, добитник на релевантни поетски награди. Станува збор за опсежен еднотомник кој на шест стотини страници го донесува строгиот авторов избор на песни од речиси сите негови поетски книги. Појавата на …

„Овие песни“ – избор од вкупното творештво на Глигор Стојковски Read More »

Промоција на „Куфер“ – збирка поезија од Ерол Туфан во МКЦ


На платото пред МКЦ вечер во 20 часот ќе биде промовирана збирка поезија од Ерол Туфан насловена „Куфер“. Стихозбирката „Куфер“ од Ерол Туфан содржи триесетина песни, а збогатена е и со илустрации од Владимир Мартиновски. Во книгата се објавени и два пригодни поговора од проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска и од Силвана Димитриевска. Промотори на збирката …

Промоција на „Куфер“ – збирка поезија од Ерол Туфан во МКЦ Read More »

„Само среќа“  на Танц Фест во Домот на АРСМ


На сцената на Домот на АРСМ во Скопје, вечер ќе биде изведена претставата „Само среќа“ на Томео Вержес, во изведба на Сандрине Мајзонев. – „Само среќа“ го доведува во прашање условувањето на жените и нивниот еманципаторски потенцијал. Не постои желба да се исклучи некој дел од животно дејствување, туку желба да се фокусира вниманието на повеќеслојноста на функционирањето на животот на …

„Само среќа“  на Танц Фест во Домот на АРСМ Read More »

„Денови на македонска музика “ со оркестарот на Филхармонија


Овој четврток, во 20 часот ќе се одржи концерт во рамки на програмата на фестивалот „Денови на македонска музика“. Диригент е Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат  Билјана Камчева-флејта, Лазар Соколов- кларинет, Огненка Герасимовска-Димитровска – пијано и Горан Начевски – баритон. На програмата се Концертот за флејта, кларинет и оркестар од Љубомир Бранѓолица кој ќе доживее премиерна изведба, Концертот за пијано и …

„Денови на македонска музика “ со оркестарот на Филхармонија Read More »

Предавање во МСУ на професор Владимир Јанковиќ од Универзитетот во Манчестер


Во рамки на Интердисциплинарната програма „Без/редие во светот на уметноста“, вечерва, во 19 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, со физичко присуство предавање ќе одржи Владимир Јанковиќ, професор по Хуманистички науки на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Предавањето насловено како „Синтетички неба: спектакл, опскурност и естетското постоење на трагите“ ги проучува кондензирачките линии на небото направени од авионите, кои предизвикуваат еколошка контроверзност и внимание кај јавноста. И покрај тоа што овие појави се објаснети како најголеми човечки артефакти со значително влијание врз животната средина и атмосферата на Земјата, тие немаат негативна конотација, како другите еколошки девастирачки процеси: климатските промени, излевањето на нафтата, растот на температурите и пожарите и токсичниот отпад. Предавањето ќе ги проследи овие артефициални траги на небото, како естетски и еколошки показатели, кои нудат сознанија за влијанијата врз атмосферата и животната средина. Во оваа насока ќе се проследат бројни уметнички дела, кои ги интерпретираат овие појави, тргнувајќи од нивното прозаично постоење, како предмет на уметничко и естетско вреднување, се до естетизацијата на насилството врз животната средина, како процес во културата. https://www.youtube.com/watch?v=07MUHdwVGqE Владимир Јанковиќ е професор по Хуманистички науки на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Тој е ко-основач на Центарот за кризни студии на Универзитетот. Застапен е со бројни публикации, кои се однесуваат на историјата на атмосферските науки, урбаната климатологија и атмосферската естетика како што се следниве изданијата „Читајќи го Небото“ (2001), „Соочување со Климата“ …

Предавање во МСУ на професор Владимир Јанковиќ од Универзитетот во Манчестер Read More »

Концерт на Женскиот хор „Про арс“ во рамки на Деновите на македонската музика


Во рамки на „Деновите на македонска музика“, професионалниот камерен хор „Про Арс“ ќе настапи со својата женска секција, претставувајќи ја македонската хорска творечка мисла како една од најекпонираните форми на музички израз на нашите автори преку избор од опусот на композитори од неколку различни творечки генерации. Овој состав на „Про Арс“ на публиката ќе ѝ …

Концерт на Женскиот хор „Про арс“ во рамки на Деновите на македонската музика Read More »

Претставување на млади кореографи на отворањето на „Танц Фест Скопје 2022“


Пред полна сала, со огромни аплузи, вчера вечер се отвори осумнаесетото издание на интернационалниот фестивал „Танц Фест Скопје 2022“ со серијата „Современи кореографски идентитет и кореографии“ на тројца млади уметници Бобан Русески, Раде Обрадовиќ и Јована Зајкова.   Пред моногубројната публика беа изведени кореографиите „Општетсвена критика“ на Бобан Русески, во која настапија Сара Цветковска, Адријана Данчевска и Јована Зајкова, „Пат до …

Претставување на млади кореографи на отворањето на „Танц Фест Скопје 2022“ Read More »

Отворен повик за избор на тројца уметници за учество во програмската линија на поетски тела


Имагинативниот кореографски центар (ИКЦ), заедно со Локомотива – Центар за нова иницијатива во уметноста и културата, објавува отворен повик за избор на тројца уметници за учество во програмската линија на поетски тела, овој пат предводена од Жана Пенчева. – Поетски тела е програмска линија која нуди поддршка за продлабочување на уметнички интереси или теми во …

Отворен повик за избор на тројца уметници за учество во програмската линија на поетски тела Read More »

Драмскиот театар на фестивалот РУТА Група Триглав во Подгорица


Со претставата „Моето име е Горан Стефановски“, НУ Драмски театар Скопје утре ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, во Подгорица во Црна Гора, кој се одржува од 5 до 10 април оваа година. Претставата е во режија на Бранислав Миќуновиќ, а драматургија е на Бранислава Илиќ. За сценографијата задолжен е Александар Дениќ, а …

Драмскиот театар на фестивалот РУТА Група Триглав во Подгорица Read More »

„Танцувајќи на работ“ – Танц Фест слави полнолество


Танц Фест Скопје 2022 ја започнува програмата за својот осумнаесетти роденден, со кој станува полнолетен, под мотото „Танцувајќи на работ“ Извонредна програма за осумнаесетиот роденден! Полнолетството и опстојувањето на фестивалот го прославуваме со ексклузивна програма, која во себе содржи младост, новитети, авангардност, историско наследство и посветеност на танцовата уметност! Во овогодинешната програма на Танц Фест …

„Танцувајќи на работ“ – Танц Фест слави полнолество Read More »

Промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски


На големата сцена во Македонскиот народен театар вечер во 19 часот ќе се одржи промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски. МНТ информира дека станува збор за театарски фотографии на дел од претставите изведувани на сцената на Театарот од 1993 година до денес. Проектот на театарскиот фотограф Кире Галевски, е во …

Промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски Read More »