Јордан Плевнеш добитник на наградата „Ратко Ѓуровиќ“


 Македонскиот драматург и сценарист Јордан Плевнеш е добитник на наградата „Ратко Ѓуровиќ“. Станува збор за нововостановена меѓународна награда, што биенално ќе ја доделува Црногорската кинотека. На свечената церемонија одржана минатиот викенд во Црногорската кинотека, под наслов „Балканофилмофилија Париз-Берлин-Вашингтон-Подгорица“, наградата на Плевнеш му ја врачи директорот на кинотеката Горан Бјелановиќ. Во образложението на жирито во состав […]

Коста Петров ја промовира првата детска сликовница и шестата книга „Сè што би сакал да знаев порано“


На 4 октомври во 19 часот во Филхармонија Кафе Бар во Скопје ќе се одржи промоцијата на шестата книга на Коста Петров, Сè што би сакал да знаев порано. На настанот ќе биде промовирана и детската сликовница, која е всушност адаптација на книгата и е прва сликовница на авторот. Во секој од нас постои дел […]

„80 години-Љубов!“ – Филхармонија ја отвора новата концертна сезона со врвниот виолинист Барнабаш Келемен


Овој четврток ( 5 октомври) во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја отвори новата концертна сезона насловена „80 години-Љубов!“. Првиот концерт е насловен „Будење“ и како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена – Барнабаш Келемен од Унгарија, а диригенти е Бенџамин Шварц од Израел/САД. На програмата се Концертот […]

Доделени наградите на вториот ИФДТ „Игор Маџиров“ 2023


Во конкуренција од осум усклучително квалитетни театарски претстави, жири комисијата на второ издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“ 2023, во состав: претседателот на комисијата Тин Грабнар, режисер од Словенија и членовите:  театрологот Миливоје Млаѓеновиќ од Србија и актерот Драган Довлев, ГРАН ПРИ наградата за најдобра претстава на фестивалот ја прогласи: „МОМЧЕТО СО […]

Отворање на изложба „Небоглед“ во МКЦ на Татјана Ристовска и Борче Богоевски


„Небоглед “ е насловот на заедничката  изложба на  Татјана Ристовска и Борче Богоевски каде ке го претстават својот најнов  концепт, материјализиран во дела изработени во различни медиуми, слики и скулптури.  Структурата на сите ликовни елементи кои ја градат идејата  во заедничкиот проект  во себе содржи една  поврзувачка природа, и тоа на начин  каде што се […]

„Ве молиме, вознемирувајте“ – почнува фестивалот „BookStar“ со европски и домашни автори


 Гостувања на десет европски автори, четириесеттина македонски учесници од различни генерации, претставници на реномирани издавачки куќи и фестивали од пет држави од регионот, ќе донесе фестивалот „BookStar“ што почнува денеска под мотото „Ве молиме, вознемирувајте“ („Please do disturb“). Фестивалот е ориентиран кон одговорно однесување во рамки на заедницата, во насока на подобрување на општествените состојби […]

Се бара нов директор на МКЦ – Арсовска во својот мандат досега смени 36 директори во јавни претпријатија и установи


Вчера, Град Скопје објави оглас за избор на директор Јавната установа Младински културен центар (МКЦ) – Скопје. На огласот, критериумите не се строги – се бара кандидатот да е македонски државјанин, за него да нема судска пресуда за забрана за вршење на должност, да има минимум 5 години стаж во областа на културата (или проекти во областа […]

Отворена изложба со необјавени портрети „Лица на револуцијата“


Ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски беше отворена вчера во МАНУ. Изложбата се организира во година кога македонската држава и народ одбележуваат 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120  години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација. Насловена „Лица […]

Изложби, перформанси, концерти и многу други културни настани на „Бела ноќ“


 Со голем број изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции во Скопје синоќа се одржа 19. традиционална културна манифестација „Бела ноќ 2023“. Централната манифестација беше пред порта „Македонија“, каде Скопјани имаа можност да уживаат во композициите на маестро Кире Костов во изведба на Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски, придружувани […]

„Кајмак“ на Манчевски освои награда и во Тирана, четврта за еден месец


  Уште едно признание за „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски – ја освои Наградата на публиката на Филмскиот фестивал во Тирана, кој заврши синоќа. Најновиот филм на Манчевски минатата недела го отвори Тиранскиот фестивал, а режисерот беше пречекан со огромни почести од културната и политичка јавност на Албанија. Манчевски одржа и мастерклас на […]

Изложби, перформанси, концерти, театарски претстави на 19. издание на „Бела ноќ“


Изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции ќе се одржуваат вечер во главниот град во рамки на 19. традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2023“. Централната манифестација ќе се одржи пред порта „Македонија“, во 20 часот. Скопјани ќе имаат можност да уживаат во композициите на маестро Кире Костов во изведба на Андријана Јаневска, Наде […]

Златна „Камера 300“ за кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин


Кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин од Турција се годинешни лауреати на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола. Златната „Камера 300“ на Сахин и Уресин им е доделена за мајсторството кое го покажаа во филмот „За сувите треви“ со што се збогати нивниот личен фонд на награди меѓу кои […]

Концерт за оние кои прерано си заминаа – „Легендите живеат вечно“


Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.   Вечер исполнета со композиции, силни емоции, како времеплов низ […]

Заврши Скопскиот поетски фестивал


Со соло концертот на гитара на Александар Бошков и гостинот Ади Имери синоќа заврши третото издание на Скопскиот поетски фестивал. Претходно се одржа и интернационалното поетско читање на кое настапија поетите Марам ал-Масри (Франција/Сирија), Имануел Мифсуд (Малта), Лана Деркач (Хрватска), Мартин Глаз Серуп (Данска), Драгослав Дедовиќ (Србија), Ален Брлек (Хрватска) и Николина Андова Шопова (Македонија). […]

Отворање на изложба „Пејзаж на тишината“ од авторот Маја Николовска


Во Галеријата „КО-РА“- (салон сутерен) во Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје вечер ќе биде отворена изложбата насловена „Пејзаж на тишината“ од авторот Маја Николовска, во рамки на кандидатурата на Скопје за престижната титула Европска престолнина на културата 2028 година. Проектот е поддржан  од  Град Скопје и од Дом на култура „Кочо Рацин “ – […]

Со проекција на „Лена и Владимир“ завршува фестивалот „Браќа Манаки“


Со проекција на македонскиот игран филм „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, проект во кој кинематографер е Душан Кардалевски, вечер во Битола завршува 44 издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Според востановената традиција, пред доделување на фестивалските награди за најдобрите кинематографери за кои одлучуваат неколку жири комисии, на сцената во […]

Тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година


На 29 септември (петок), во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Ист гејт“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година. На настанот ќе бидат промовирани насловите „Писма од лудница“ од Срѓан Ивановиќ, „Мртва коска“ од Димче Парталоски и „Есента во животот на професорот по марксизам“ […]

Скопје ќе биде достојна и впечатлива европска престолнина на културата


Бенефитот од изборот на Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“ ќе го имаат сите граѓани на Скопје, затоа што претставува одлична можност за соработка и комуникација меѓу регионите и европските држави. При тоа во Скопје активно ќе соработуваат двата града од Чешка и од Франција, а блиска соработка ќе има и со […]

На ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола киноприкажувачите потпишаа Меморандум за вмрежување


едум македонски киноприкажувачи денеска во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“, а под медијаторство и иницијатива на Форумот за разумни политики потпишаа Меморандум за вмрежување. Потписници се Кинотека на Северна Македонија, Синема паркинг кино-Битола, 3Д Кино Битола, Центар за култура-Битола, Киноверзум Свети Николе, кино „Фросина“ од Скопје, кино „Милениум“ и Синеплекс, зедно со Агенцијата за филм […]