Доделени наградите на вториот ИФДТ „Игор Маџиров“ 2023


Во конкуренција од осум усклучително квалитетни театарски претстави, жири комисијата на второ издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“ 2023, во состав: претседателот на комисијата Тин Грабнар, режисер од Словенија и членовите:  театрологот Миливоје Млаѓеновиќ од Србија и актерот Драган Довлев, ГРАН ПРИ наградата за најдобра претстава на фестивалот ја прогласи: „МОМЧЕТО СО КУФЕРОТ“ во изведба на Мал Театар ,, Душко Радовиќ” Р.Србија во режија на Дамјан Кецојевиќ

„Оваа возбудлива драмска приказна со актуелна содржина и сценски јазик и еруптивна актерска енергија, остава силен впечаток на сите генерации“ стои во одлуката на жири комисијата за доделната Гран при награда.

Наградата за најдобра режија беше доделена на Дамјан Кецојевиќ за истоимената претстава

Наградата за најдобри актерски остварувања беа доделени на: Јелена Илиќ и Недим Незировиќ за актерските остварувања во претставата „Момчето со куферот“.

Наградара за најдобра сценографија е доделена на претставата „Шумата од песни“ во режија на Петер Кус, а во изведба на „Кускус“ институтот, Арт продукција од Љубљана, Словенија. Наградата за најдобри костимографија се доделува на Маја Мирковиќ, костимограф на претставата „Момчето со куферот“ во изведба на Мал театар „Душко Радовиќ“, Белград, Србија.

Специјалната награда за музика од жири комисијата отиде во рацете на Петер Кус, за претставата „Шумата од песни“. Жирито додели уште две специјални награди за севкупност на естетскиот израз на претставата „Бамби“ во режија на Јакуб Максимов, а во изведба на Театарот за деца и млади од Крагуевац, Србија и уште една специјална награда за имагинативно куклено мислење на претставата „ERROR 404“ во режија на Вагнер и Хулио Гало, а во изведба на театарот „Анхелес де трапо“ од Малага, Шпанија.

Годинава за прв пат беше доделена Наградата за најдобра претстава од членовите на детското жири во состав: Тара Поповска, Уна Силјановска, Теофил Сачкарски, Неда Блажевска, Саша Димитриевска, Максим Ѓорѓиевски. Според нив, најдобра претстава на фестивалот е „Момчето со куферот“ во режија на Дамјан Кецоејевиќ, а во изведба на Мал театар „Душко Радовиќ“ од Белград, Србија.

Фестивалот годинава се одржа од 27 до 30 септември, под покровителство на Претседателот на Р. С. Македонија и со финансиска поддршка од Министерството за култура.