Доделени наградите на „МакеДокс“, наградата „Кромид“ за документарниот филм „Помеѓу револуциите“


Документарниот филм „Помеѓу револуциите“ на романскиот режисер Влад Петри ја доби наградата „Кромид“, додека грузискиот филм „Волшебната планина“ на авторскиот тандем Мариам Чачија и Ник Војт ја доби наградата „Млад кромид“, во рамките на 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што синоќа за последен пат оваа година се одржа во Куршумли-ан. Фестивалот […]

„Македонисимо“ на Трпчевски со концерт во Секирник, Струмичко


Симон Трпчески и МАКЕДОНИСИМО утревечер (сабота, 26 август) пристигнуваат во Секирник, Општина Босилово, Струмица (во подножјето на планината Беласица), родното место на мајката на Трпчески. Концертот закажан за 20 часот во дворот на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Секирник е со слободен влез за сите заинтересирани почитувачи на Симон Трпчески и проектот МАКЕДОНИСИМО. Специјален гостин на концертот ќе биде нашиот мајстор на кавалот, Сашо Митев. Со овој концерт стартува Балканската турнеја на МАКЕДОНИСИМО, што ќе трае до […]

Портрети на добитниците на „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ на СВП


Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ ирскиот пеот Гевин Бредли и македонскиот Димитар Башевски денеска продолжува програмата на 62. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Во рамките на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, изложба „200 […]

Костадиновска Стојчевска: Ехото на Миладиновци е присутно и денес, од година во година сè погласно преку СВП


Во овој живот полн со предизвици, поезијата е чувствотворност што нè разликува во оваа ера на бесчувствителна роботизација, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на отворањето на 62. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, што од денеска до 27 август ќе се одржува во Струга.   Инспирирана од годинашниот лауреат на највисокото фестивалско […]

Четири документарци во Куршумли-ан, Сули-ан и пред Музејот на Македонија за крај на „МакеДокс“


Филмската програма на 14. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ се приближува кон крајот и последната фестивалска вечер. Денеска ќе бидат прикажани четири документарни остварувања и тоа во Куршумли-ан, Сули-ан и на платото пред Музеј на Македонија. „На програмата во Куршумли-ан, во 21 часот, се краткиот документарец „Еве, и јас танцувам“ (Чешка, Германија […]

Влада Урошевиќ од Струга: Македонскиот јазик е рамноправен со светските јазици, залудни се обидите за негово негирање


Веста дека сум добитник на „Златниот венец“ на годинашниве „Струшки вечери на поезијата“ ми носи многу радост. Ја имав таа среќа да бидам, пред повеќе од шеесет години, еден од основачите на  овој наш поетски фестивал и еден од оние што учествуваа во дефинирањето на оваа награда. Во текот на годините, со внимание и задоволство […]

Лауреатот Урошевиќ засади дрво за почеток на „Струшките вечери на поезијата“


Со традиционалното садење дрво во „Паркот на поезијата“ неофицијално се означи почетокот на „Струшките вечери на поезијата“. Во паркот дрво засади годинешниот лауреат, добитник на „Златен венец“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ. – На ова место, не толку големо по површина, колку по суштина се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети […]

На крајот на август прво издание на Охридскиот џез-фестивал


Општина Охрид со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации на крајот на август ќе го организира првиот Охридски џез-фестивал. Фестивалот е предвидено да се одржи на 31 август и 1 септември, со настапи на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ и гостите Танче Гроздановски и Ратко Даутовски, како и концерт на Џон […]

СВП во чест на Влада Урошевиќ, Гевин Бредли и Димитар Башевски


Со традиционално читање на „Т’га за југ“ и палењето на поетскиот оган утревечер свечено ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“,коешто ќе се случува на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во 20 часот. Меѓутоа, фестивалските настани ќе почнат точно напладне во Паркот на поезијата со садење дрво во чест […]

Семинаристите од Летната школа по македонски јазик разговараа со Влада Урошевиќ


Семинаристите од 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК при УКИМ) што се одржува во Охрид денеска имаа можност да се сретнат и разговараат со писателот, академик Влада Урошевиќ, чиј роман „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите […]

„Мементо“ во МОМА – Њујорк ќе го види најдоброто од југословенскиот филмски црн бран


Македонскиот филм „Мементо“ ќе биде прикажан во рамките на Ретроспективата на југословенскиот филмски црн бран со наслов „Од црн бран до бел зрак“ која ќе се одржи во Музејот на модерна уметност (МОМА) во Њујорк, од 7 до 21 септември.  Селекцијата на репрезентативни филмови ја подготвија Мина Радовиќ, млад филмски критичар, кустос и архивист, како […]

5.000 емисија „Културна клучалка“ на Македонското радио-Радио Скопје


Македонското радио-Радио Скопје денеска на своите бранови го емитуваше јубилејното 5.000-то издание на дневната емисија од областа на културата, „Културна клучалка“. За македонскиот медиумски простор ова е речиси незабележан програмски континуитет од над 20 години (овој своевиден радиски културен подиум своето прво издание го имаше на 5 март 2003 година), во кој секојдневните едночасовни емисии […]

Студентите на Катедрата за современ танц ќе настапат во Италија во рамките на проектот „УГД – Чекор кон светот“


Студентите на Катедрата за современ танц, во рамките на вториот дел на проектот „УГД – Чекор кон светот“ кој започна на 16 август, ќе ја остварат својата пракса со Скопје танцовиот театар, истакнаа организаторите на проектот и додадоа дека студентите се подготвуваат за меѓународно гостување во Италија. Како што соопштија, во рамките на реномираниот Верона […]

Поддршка од Македонската секција на ФИПРЕСЦИ за Манчевски


Македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ денеска соопшти дека се придружува кон поддршката за македонскиот режисер Милчо Манчевски од Филмскиот фестивал Венеција и од Централата на ФИПРЕСЦИ. -Сакаме да ја изразиме нашата поддршка за Манчевски како проминентен укажувач на корупција на највисоко ниво. Го осудуваме прогонот против Манчевски со цел тој […]

Започнува 20. Меѓународен стрип салон „Велес 2023“ и 5- тата Стрип колонија


Македонскиот стрип центар од Велес од  вечер до 27 август  ќе биде домаќин на 20 јубилеен Меѓународен стрип салон „Велес 2023 и 5- тата Стрип колонија.Свеченото отворање е вечер во 20 часот во Европската куќа на млади, поранешно Градско кино во центарот на Велес. Во рамки на 5 -тата стрип колонија што од 23 до […]

Серијал есенски концерти во битолскиот Центар за култура


Националната установа Центар за култура-Битола ја утврди есенската програма за културни настани во која се содржани концерти, фестивали, изложби и други манифестации. Серијалот почнува со предпразничен концерт на битолчанецот Крсте Роџевски кој ќе се одржи на 7 септември, а најголемиот музички спектакл се очекува да го приреди словенечката авангардна група Лајбах која во Битола ќе […]

Уникатната изложба со златните маски од Требениште, по Скопје ќе биде поставена во Софија


Владата на денешната 180-та седница ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за култура за реализација на меѓународната изложба „105 години Требениште“ во Националниот археолошки институт со Музеј при БАН во Софија. -Националната установа Археолошки музеј на Република Северна Македонија, во соработка со Националниот археолошки институт со Музеј во Софија, Република Бугарија и со […]

Средба на Пендаровски со раководството на фестивалот „Браќа Манаки“


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски. -На средбата, директорот Дамевски го информираше претседателот Пендаровски дека во рамки на програмата на годинашниот 44-ти интернационален фестивал на филмска камера ќе бидат прикажани 64 филмови. Истовремено, како што посочи Дамевски, гости на фестивалот ќе […]

Маестрален крај со Драмски театар од Белград- спуштена завесата на 63. Охридско лето


Извонредната театарска претстава „Лагата“  од Флоријан Зелер, во режија на Никола Љуца, а во изведба на Драмски театар Белград од Р.Србија, вчеравечер на Античкиот театар го затвори 63-тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Како што истакна директорката на НУ „Охридско лето“ Наташа Поповиќ во своето завршно обраќање пред повеќе од двеилјадната публика на Античкиот театар,низ […]

Петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“ отворен до 30 септември


Петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, ќе биде отворен до 30 септември 2023 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат […]