Муралот на Боркo Лазески е привилегија, аманет и е важен дел од меморијата на старо Скопје


  Многу е важно нашето историско, културно и институционално паметење да го актуелизираме и ревитализираме. Тоа е насушна потреба на нашата сегашност и долг кон иднината, порача вечерва претседателот Стево Пендаровски. Во обраќање по повод одбележувањето на 60-годишнината од земјотресот во Скопје, Пендаровски, на настан посветен на покренување иницијатива за возобновување на муралот на Борко …

Муралот на Боркo Лазески е привилегија, аманет и е важен дел од меморијата на старо Скопје Read More »

Џон Малкович уште повеќе ќе го афирмира „Охридско лето“, вели Костадиновска-Стојчевска


Уникатно и совршено сценско доживување. Така на денешната прес-конференција во Охрид беше најавена утрешната претстава „Пеколна комедија“: Исповеди на сериски убиец“ која на Охридско лето и првпат во Македонија како актер го носи светски познатиот холивудски глумец, режисер и продуцент Џон Малкович. Поврзувајќи ги класичната музика и глумата во еден голем сценско-музички проект, славниот актер …

Џон Малкович уште повеќе ќе го афирмира „Охридско лето“, вели Костадиновска-Стојчевска Read More »

Светска премиера на филмот на Горан Столевски на филмскиот фестивал во Венеција


Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција – Скопје, својата светска премиера ќе ја има на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција, што ќе се одржи од 30 август до 9 септември оваа година. „Домаќинство за почетници” ќе биде дел од натпреварувачката …

Светска премиера на филмот на Горан Столевски на филмскиот фестивал во Венеција Read More »

Со концерт на Camerata Academica завршува годинешното издание на Скопско лето


Во склоп на фестивалот Скопско лето остануваат уште 4 настани кои граѓаните ќе можат да ги посетатат, заклучно со 31 јули кога концертен ансамбл од Словенија гостува со свој концерт пред платото на Музејот на македонска борба со почеток од 20:30 часот. Вечерва со почеток од 20: 30 часот во Галеријата „Остен“ се отвора изложба …

Со концерт на Camerata Academica завршува годинешното издание на Скопско лето Read More »

„2КАЦ“ дијалог-изложба на израелски карикатуристи во ОСТЕН


Во галерија ОСТЕН  вечерва ќе се отвори дијалог-изложбата на карикатури „2КАЦ“ на израелските карикатуристи, Григори и Илја Кац, со која Светската галерија на карикатури го започнува одбележувањето на  55-годишниот јубилеј, кој е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и е во соработка со Скопско лето 2023. Концептот на изложбата „2Kац“, како што …

„2КАЦ“ дијалог-изложба на израелски карикатуристи во ОСТЕН Read More »

Која е македонската „Герника“ која Пендаровски сака да ја заштити и да ја спаси од заборав


Монументалната „Фреска за НОБ“ од 225 квадратни метри на Борко Лазески што го красеше  холот на Старата скопска железничка станица и беше уништена во земјотресот во 1963 година,  ќе се возобновува на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.  Муралот во Старата железничка беше своевидна македонска „Герника“, вели директорката на НГМ, Дита Старова- Ќерими, и знак за …

Која е македонската „Герника“ која Пендаровски сака да ја заштити и да ја спаси од заборав Read More »

Кои се петте книги во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП


Жири- комисијата за наградата „Браќа Миладиновци“ ја утврди  заедничката листа на потесен избор од пет  книги, од кои ќе се избере добитникот на наградата. Согласно, Правилникиот за наградата „Браќа Миладиновци“, членовите на Жири-комисијата работеа во две фази: поединечна и заедничка. Во поединечната фаза, секој член на Жири-комисијата работеше самостојно, без да ги знае останатите членови …

Кои се петте книги во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП Read More »

МКЦ не заборава: Настан по повод 60 години од катастрофалниот земјотес во Скопје


ЈУ Младински културен центар и оваа година на 26 јули 2023 организира настан по повод годишнината од катастрофалниот земјотес во Скопје далечната 1963 година. Самата институција, е дел од проектот за возобнова на градот, како донација од тогашните народи на Алжир и Советскиот сојуз. Со тоа, ЈУ Младински културен центар чуствува должност и потреба од …

МКЦ не заборава: Настан по повод 60 години од катастрофалниот земјотес во Скопје Read More »

Џон Малкович ќе одржи прес во Охрид пред утрешната претстава


Американскиот актер со хрватски корени Џон Малкович (69) доаѓа на 63. „Охридско лето“ како ексклузивен гостин , на 26 јули ќе настапи во претставата „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“, во режија на Михаел Штурминген, на магичната сцена на Антички театар, како дел од европската турнеја. Диригент е Мартин Хаселбок, солисти: Чен Реис …

Џон Малкович ќе одржи прес во Охрид пред утрешната претстава Read More »

„Охридско лето“ : Концерт на Франк Дупре Трио и изложба на Александар Томовски


Фестивалскиот репертоар на 63-тото „Охридско лето“ вечерва ќе донесе концерт на Франк Дупре Триото од Германија и изложба на фотографии од Александар Томовски. Во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, во црквата „Света Софија“, триото составено од Франк Дупре на пијано, Јакоб Круп на контрабас и Оби Јене на тапани ќе изведе дела  од Николај …

„Охридско лето“ : Концерт на Франк Дупре Трио и изложба на Александар Томовски Read More »

„Скопје во пет и седумнаесет“ – дводневна програма по повод 60 години од скопскиот земјотрес


Министерството за култура го организира проектот „Скопје во пет и седумнаесет“ по повод одбележувањето 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.  Програмата утре, на датумот од земјотресот, ќе се реализира на повеќе локации низ главниот град, а ќе почне вечер со концерт од 21 часот во паркот „Ибни Пајко“. На концертот ќе настапат Оркестарот на …

„Скопје во пет и седумнаесет“ – дводневна програма по повод 60 години од скопскиот земјотрес Read More »

Трпејца пулсира во ритамот на културно-забавното лето „На зајдисонце“


По свеченото отворање, жителите на Трпејца и гостите викендов го проследија интересното предавање на студентот по историја Петар Симоноски за тврдината Осој, која потекнува од VI век. Осој се наоѓа југоисточно од Трпејца, на источниот брег на Охридското Езеро и се издига на ридот Осој, со надморска височина од 1.006 м. На јужната падина на …

Трпејца пулсира во ритамот на културно-забавното лето „На зајдисонце“ Read More »

Кривогаштани добива мултифункционален центар


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети Општина Кривогаштани каде што разговараше со градоначалникот Николче Мискоски за реализацијата на инвестицискиот проект поддржан со капиталните дотации од Mинистерството за култура во износ од 4,5 милиони денари. На средбата, Костадиновска-Стојчевска ги поздрави иницијативата и максималниот ангажман на Општината, која, согледувајќи ги потребите на граѓаните, го предложи …

Кривогаштани добива мултифункционален центар Read More »

Концерт на пијанистот Бобан Мирковски на 5 август во Долни Сарај во Охрид


Македонскиот пијанист, Бобан Мирковски ја продолжува концертната промоција на неговиот најнов музички проект со наслов „Албум“, кој содржи 12 најпознати македонски композиции изведени на пијано, овој пат во Охрид. На 5 август (сабота), на магичниот амбинет на Долни Сарај, под небо од ѕвезди, во пијано изведба публиката ќе има прилика да ги слушне најпознатите македонски евергрини, создадени во периодот од 1969 до 2001. …

Концерт на пијанистот Бобан Мирковски на 5 август во Долни Сарај во Охрид Read More »

„Аргентинска фантазија“ – виолинистот Богосављевиќ му посвети композиција на „Охридско лето“


Истакнатиот српски виолинист и педагог Јован Богосављевиќ  вчеравечер на „Охридско лето“ ја промовира својата композиција „Аргентинска фантазија“, напишана специјално за овој фестивал. Богосављевиќ на подиумот во црквата „Света Софија“ настапи како солист заедно со виолинистката Марија Рајковиќ, под диригентската палка на маестра Милена Ињац и во придружба на оркестарот „Кончертанте“. -„Охридско лето“ е еден од …

„Аргентинска фантазија“ – виолинистот Богосављевиќ му посвети композиција на „Охридско лето“ Read More »

„Мементо“ од Димитрие Османли во Кинотека по повод земјотресот во Скопје


По повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје, Кинотеката на РС Македонија премиерно ќе го прикаже дигитализираниот филм МЕМЕНТО на Димитрие Османли. На 26 јули, во 18 часот и проекција на избор од кратки филмски журнали на „Филмске новости“ по повод земјотресот во Скопје, како и проекција на МЕМЕНТО, Кинотеката ќе се приклучи …

„Мементо“ од Димитрие Османли во Кинотека по повод земјотресот во Скопје Read More »

На 90 години почина Љубомир Бранѓолица, легендарен композитор и автор на филмска музика 


Легендарниот македонски композитор и автор на филмска музика Љубомир Бранѓолица почина вчера на 90 години, потврди Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ).   „Љубомир Бранѓолица е на посебен начин уникатна појава во македонската музичка култура. Неговото богато музичко творештво е плод на повеќе влијанија, тенденции и животни ситуации. Тој е несомнено еден од најплодните и …

На 90 години почина Љубомир Бранѓолица, легендарен композитор и автор на филмска музика  Read More »

„Банана филм“: Управниот суд го прифати барањето да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм


 Управниот суд го прифати барањето на продуцентската куќа „Банана филм“ да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм. Од „Банана филм“ соопштија дека Агенцијата ги стопирала исплатите за веќе одамна завршениот филм „Кајмак“, а го стопирала и потпишувањето на пред-договорот за филмот „Биста“ („Збогум, Копакабано!“) кој доби поддршка на минатогодишниот конкурс од самата Агенција. …

„Банана филм“: Управниот суд го прифати барањето да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм Read More »

Гудачкиот квартет „Шуман“ вечерва на „Охридско лето“


Музичката програма на годинешното 63. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на гудачкиот квартет „Шуман“, со Ерик  Шуман и Кен Шуман на виолина, Фaит Хертенштајн на виола и виолончелистот Марк Шуман. Тројцата браќа Марк, Ерик и Кен Шуман музицираат заедно од нивното најрано детство, а заедно со виолистот Фaит Хертенштајн го сочинуваат …

Гудачкиот квартет „Шуман“ вечерва на „Охридско лето“ Read More »

Охридско лето: Концерт на  камерниот оркестар „Кончертанте“ од Ниш


Реперторарот на 63-тото „Охридско лето“продолжува вечерва со концерт на камерниот оркестар „Кончертанте“ од Ниш, Србија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот под диригентската палка на Милена Ињац.Солисти на вечерта ќе бидат виолинистите Марија Рајковиќ и Јован Богосављевиќ. Камерниот оркестар „Кончертанте“ при Факултетот за уметности на Универзитетот во Ниш …

Охридско лето: Концерт на  камерниот оркестар „Кончертанте“ од Ниш Read More »