На­џат ел Хач­ми на „Букстар 2023“: Не постои свет во кој жените не треба да бидат загрижени затоа што се жени


Со инспиративното обраќање на писателката Лидија Димковска, насловено „Со или без Please“ синоќа во ки­но­то „Фро­си­на“ во МКЦ беше отворено 9. издание на фестивалот на европска литература „BookStar“, на кое гостите и публиката исто така ги поздравија и ми­ни­стер­ка­та за кул­ту­ра Би­се­ра Ко­ста­ди­нов­ска Стој­чев­ска и Деј­вид Гир, ам­ба­са­до­рот на Европ­ска­та Уни­ја во Северна Ма­ке­до­ни­ја, кој …

На­џат ел Хач­ми на „Букстар 2023“: Не постои свет во кој жените не треба да бидат загрижени затоа што се жени Read More »

Со премиера на претставата „Фирма“ почнува фестивалот РУТА


Во Драмски театар вечер, во 20 часот, со премиера на претставата „Фирма“, почнува регионалниот театарски фестивал РУТА. Фестивалот ќе трае до 8 октомври, а македонската публика ќе може да ги види „Декамерон“ на Градско позориште Подгорица, „Нора“ на Местно гледалишче Љубљана, „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево и „Самрак на боговите“ на Београдско драмско …

Со премиера на претставата „Фирма“ почнува фестивалот РУТА Read More »

Распишан конкурс за проектот на ЕУ „Културата ја движи Европа“


Најголемиот проект за културна мобилност на ЕУ, наречен „Културата ја движи Европа“, распиша конкурс наменет за уметници и културни работници на возраст од најмалку 18 години, кои имаат регулиран легален престој во една земјите вклучени во програмата „Креативна Европа“, меѓу кои е и Северна Македонија, и се активни во секторите сценска или визуелна уметност, музика, …

Распишан конкурс за проектот на ЕУ „Културата ја движи Европа“ Read More »

Златко Панзов добитник на наградата „Драги“


Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа Артконект.  Комисијата за доделување на наградата била во состав: Јана Михајловска, Лидија Капушевска-Дракулевска и Милан Дамјановски, на својот последен состанок констатираше дека сите пет финалисти: Анастасија Ѓурчинова, …

Златко Панзов добитник на наградата „Драги“ Read More »

Краткометражниот филм „Мавера” вечерва премиерно и на “Ѕирни”


Краткиот независен филм „Мавера” кој премиерно се прикажа на ИФФК “Браќа Манаки” влезе во официјална селекција на петтото изданије на Скопскиот фестивал “Ѕирни”. “Мавера” својата скопска премиера ќе ја има денеска од 20:00 часот, на Платото „Котур” и се натпреварува за наградата “Данчо Чеврески”. ИФФК „Браќа Манаки“ секоја година ги вреднува најдобрите кинематографери, тешко е да се раскаже прекрасното непознато …

Краткометражниот филм „Мавера” вечерва премиерно и на “Ѕирни” Read More »

Јордан Плевнеш добитник на наградата „Ратко Ѓуровиќ“


 Македонскиот драматург и сценарист Јордан Плевнеш е добитник на наградата „Ратко Ѓуровиќ“. Станува збор за нововостановена меѓународна награда, што биенално ќе ја доделува Црногорската кинотека. На свечената церемонија одржана минатиот викенд во Црногорската кинотека, под наслов „Балканофилмофилија Париз-Берлин-Вашингтон-Подгорица“, наградата на Плевнеш му ја врачи директорот на кинотеката Горан Бјелановиќ. Во образложението на жирито во состав …

Јордан Плевнеш добитник на наградата „Ратко Ѓуровиќ“ Read More »

Коста Петров ја промовира првата детска сликовница и шестата книга „Сè што би сакал да знаев порано“


На 4 октомври во 19 часот во Филхармонија Кафе Бар во Скопје ќе се одржи промоцијата на шестата книга на Коста Петров, Сè што би сакал да знаев порано. На настанот ќе биде промовирана и детската сликовница, која е всушност адаптација на книгата и е прва сликовница на авторот. Во секој од нас постои дел …

Коста Петров ја промовира првата детска сликовница и шестата книга „Сè што би сакал да знаев порано“ Read More »

„80 години-Љубов!“ – Филхармонија ја отвора новата концертна сезона со врвниот виолинист Барнабаш Келемен


Овој четврток ( 5 октомври) во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја отвори новата концертна сезона насловена „80 години-Љубов!“. Првиот концерт е насловен „Будење“ и како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена – Барнабаш Келемен од Унгарија, а диригенти е Бенџамин Шварц од Израел/САД. На програмата се Концертот …

„80 години-Љубов!“ – Филхармонија ја отвора новата концертна сезона со врвниот виолинист Барнабаш Келемен Read More »

Доделени наградите на вториот ИФДТ „Игор Маџиров“ 2023


Во конкуренција од осум усклучително квалитетни театарски претстави, жири комисијата на второ издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „ИГОР МАЏИРОВ“ 2023, во состав: претседателот на комисијата Тин Грабнар, режисер од Словенија и членовите:  театрологот Миливоје Млаѓеновиќ од Србија и актерот Драган Довлев, ГРАН ПРИ наградата за најдобра претстава на фестивалот ја прогласи: „МОМЧЕТО СО …

Доделени наградите на вториот ИФДТ „Игор Маџиров“ 2023 Read More »

Отворање на изложба „Небоглед“ во МКЦ на Татјана Ристовска и Борче Богоевски


„Небоглед “ е насловот на заедничката  изложба на  Татјана Ристовска и Борче Богоевски каде ке го претстават својот најнов  концепт, материјализиран во дела изработени во различни медиуми, слики и скулптури.  Структурата на сите ликовни елементи кои ја градат идејата  во заедничкиот проект  во себе содржи една  поврзувачка природа, и тоа на начин  каде што се …

Отворање на изложба „Небоглед“ во МКЦ на Татјана Ристовска и Борче Богоевски Read More »

„Ве молиме, вознемирувајте“ – почнува фестивалот „BookStar“ со европски и домашни автори


 Гостувања на десет европски автори, четириесеттина македонски учесници од различни генерации, претставници на реномирани издавачки куќи и фестивали од пет држави од регионот, ќе донесе фестивалот „BookStar“ што почнува денеска под мотото „Ве молиме, вознемирувајте“ („Please do disturb“). Фестивалот е ориентиран кон одговорно однесување во рамки на заедницата, во насока на подобрување на општествените состојби …

„Ве молиме, вознемирувајте“ – почнува фестивалот „BookStar“ со европски и домашни автори Read More »

Се бара нов директор на МКЦ – Арсовска во својот мандат досега смени 36 директори во јавни претпријатија и установи


Вчера, Град Скопје објави оглас за избор на директор Јавната установа Младински културен центар (МКЦ) – Скопје. На огласот, критериумите не се строги – се бара кандидатот да е македонски државјанин, за него да нема судска пресуда за забрана за вршење на должност, да има минимум 5 години стаж во областа на културата (или проекти во областа …

Се бара нов директор на МКЦ – Арсовска во својот мандат досега смени 36 директори во јавни претпријатија и установи Read More »

Отворена изложба со необјавени портрети „Лица на револуцијата“


Ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски беше отворена вчера во МАНУ. Изложбата се организира во година кога македонската држава и народ одбележуваат 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120  години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација. Насловена „Лица …

Отворена изложба со необјавени портрети „Лица на револуцијата“ Read More »

Изложби, перформанси, концерти и многу други културни настани на „Бела ноќ“


 Со голем број изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции во Скопје синоќа се одржа 19. традиционална културна манифестација „Бела ноќ 2023“. Централната манифестација беше пред порта „Македонија“, каде Скопјани имаа можност да уживаат во композициите на маестро Кире Костов во изведба на Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски, придружувани …

Изложби, перформанси, концерти и многу други културни настани на „Бела ноќ“ Read More »

„Кајмак“ на Манчевски освои награда и во Тирана, четврта за еден месец


  Уште едно признание за „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски – ја освои Наградата на публиката на Филмскиот фестивал во Тирана, кој заврши синоќа. Најновиот филм на Манчевски минатата недела го отвори Тиранскиот фестивал, а режисерот беше пречекан со огромни почести од културната и политичка јавност на Албанија. Манчевски одржа и мастерклас на …

„Кајмак“ на Манчевски освои награда и во Тирана, четврта за еден месец Read More »

Изложби, перформанси, концерти, театарски претстави на 19. издание на „Бела ноќ“


Изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции ќе се одржуваат вечер во главниот град во рамки на 19. традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2023“. Централната манифестација ќе се одржи пред порта „Македонија“, во 20 часот. Скопјани ќе имаат можност да уживаат во композициите на маестро Кире Костов во изведба на Андријана Јаневска, Наде …

Изложби, перформанси, концерти, театарски претстави на 19. издание на „Бела ноќ“ Read More »

Златна „Камера 300“ за кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин


Кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин од Турција се годинешни лауреати на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола. Златната „Камера 300“ на Сахин и Уресин им е доделена за мајсторството кое го покажаа во филмот „За сувите треви“ со што се збогати нивниот личен фонд на награди меѓу кои …

Златна „Камера 300“ за кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин Read More »

Концерт за оние кои прерано си заминаа – „Легендите живеат вечно“


Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.   Вечер исполнета со композиции, силни емоции, како времеплов низ …

Концерт за оние кои прерано си заминаа – „Легендите живеат вечно“ Read More »

Заврши Скопскиот поетски фестивал


Со соло концертот на гитара на Александар Бошков и гостинот Ади Имери синоќа заврши третото издание на Скопскиот поетски фестивал. Претходно се одржа и интернационалното поетско читање на кое настапија поетите Марам ал-Масри (Франција/Сирија), Имануел Мифсуд (Малта), Лана Деркач (Хрватска), Мартин Глаз Серуп (Данска), Драгослав Дедовиќ (Србија), Ален Брлек (Хрватска) и Николина Андова Шопова (Македонија). …

Заврши Скопскиот поетски фестивал Read More »

Отворање на изложба „Пејзаж на тишината“ од авторот Маја Николовска


Во Галеријата „КО-РА“- (салон сутерен) во Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје вечер ќе биде отворена изложбата насловена „Пејзаж на тишината“ од авторот Маја Николовска, во рамки на кандидатурата на Скопје за престижната титула Европска престолнина на културата 2028 година. Проектот е поддржан  од  Град Скопје и од Дом на култура „Кочо Рацин “ – …

Отворање на изложба „Пејзаж на тишината“ од авторот Маја Николовска Read More »