Театрите од Велес и Пловдив ги почнаа подготовките на заедничката претстава „Без крв“


Во Драмски театар Пловдив, започнаа пробите за претставата „Без крв“ по истоимениот роман на Алесандро Барико. Претставата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ заедно со Драмскиот театар Пловдив. Како што денеска информираат од велешкиот театар, текстот на претставата е на Александар Секулов, додека сценската адаптација и […]

Како зборуваше Заратустра преку Рихард Штраус


Тој е еден од најголемите композитори за човечкиот глас, човек кој живееше низ Третиот Рајх и двете светски војни, и чија прекрасна експресивна музика помогна да се создаде еден од најпознатите моменти во кинематографијата Рихард Штраус (1864-1949) доминираше со класичната музика на крајот на 20 век со низа дела кои го турнаа постромантизмот до крајности […]

Во Прилеп е отворена несекојдневната изложба „Коперникус 551“ на мејл-арт уметност


Во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена изложбата на мултимедијалниот уметник Златко Крстевски. Станува збор за несекојдневен проект од мејл арт уметноста насловен „Коперникус 551“. Со ова се одбележуваат 551 година од раѓањето на Никола Коперник. Изложени се преку 100 дела на педесеттина уметници од 34 земји кои […]

Прв фестивал на детски мјузикли во МКЦ


 На сцената во кино Фросина при МКЦ – Скопје вечер и утре ќе биде одржан првиот фестивал на детски мјузикли. Детскиот културен центар „Карпош“ соопшти дека ќе бидат претставени живи изведби на омилените приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот. Вечер ќе биде изведена „Приказната за генијалната […]

Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу


Пијанистот Арда Мустафаоглу вечер ќе има солистички концерт во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во Салон 19:19. Пред публиката Мустафаоглу ќе се престави со дела Бах, Скријабин, Берг… Арда Мустафаоглу е 21-годишен пијанист, чија кариера почнува на шестгодишна возраст. Тој e учесник на приближно 25 меѓународни натпревари, од кои има добиено 21 прва награда, Гран […]

Шпанската амбасада организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Мадрид – Скопје


Амбасада на Шпанија во Скопје организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија, што ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата.  На концертот, како што соопштуваат од Амбасадата, ќе настапат македонските реномирани уметници –  „волшебникот на пијаното“ Дино Имери, како и Камерниот оркестар […]

Филозофски филмски фестивал од 7 до 13 јуни


Пет долгометражни филмови и 16 кратки се во официјалните селекции на 14. Филозофски филмски фестивал и ќе се натпреваруваат за наградата „Златен був“. Фестивалот со мото „Неред меѓу редови“  ќе се одржува од 7 до 14 јуни во организација на Филозофското друштво на Македонија, во соработка со Филозофскиот факултет на УКИМ. Покрај главната програма со […]

Во среда ексклузивната гала филмска вечер „Кан во Скопје“


Францускиот институт во Скопје и Скопје Сити Мол организираат  ексклузивната гала филмска вечер „Кан во Скопје“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. Филмот „Втор чин“ ќе биде премиерно прикажан в среда, 5 јуни  во 20 часот во киното „Синеплекс“. Се работи за ексклузивна премиера во регионот и филм […]

Националната опера и балет со Гала балетски концерт на 26 јуни


Во рамките на Фестивалот „Скопско лето 2024“, на 26 јуни на сцената на Националната опера и балет ќе се оджи Гала балетски концерт. Гала балетскиот концерт ќе ги опфати најубавите балетски дела како „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски, „Дон Кихот“ од Л. Минкус, „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски, „Оревокршачка“ од П. И. Чајковски, […]

Годишна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ во галеријата „КО-РА“


Деветнаесетта завршна годишна групна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во галеријата „КО-РА“ – салон сутерен во Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028. Меѓу учесниците на 19-тата завршна годишна групна изложба се членови […]

Кој е Живко Грозданоски, новиот претседател на ДПМ? 


Писателот и книжевен преведувач Живко Грозданоски (1986, Кичево), релативно непознат за пошироката јавност, е новиот претседател на ДПМ, избран на денешното редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.  За функцијата претседател на ДПМ во предвидениот рок, кандидатури доставија петмина членови:  Живко […]

Живко Грозданоски e избран за нов претседател на ДПМ


Живко Грозданоски е избран за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешното редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.  На денешното изборно собрание за членови на Управниот одбор на ДПМ се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина […]

„Поврзување низ слоеви и афекти“ , целодневен настан во МСУ во склоп на 12. издание на „Прво па женско“


Во Музејот на современата уметност денеска ќе се одржи целодневен настан насловен „Поврзување низ слоеви и афекти“ во склоп на дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“. Програмата вклучува градска пешачка тура „Мапирање на женското културно наследство „Нашиот пат““ со Ивана Драгшиќ во 13 часот, а во исто време ќе […]

ДПМ избира претседател меѓу пет кандидати


Редовното изборно Собрание на Друштвото на писателите на Македонија е закажано за 1 јуни во 11 часот, кога писателите ќе изберат нов Статут, претседател, Управен одбор и Суд на честа. Како што соопштуваат од ДПМ, за функцијата претседател на ДПМ во предвидениот рок, кандидатури доставиле петмина членови:  Живко Грозданоски, Весна Дамчевска Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче […]

Објавен конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП


НУМ „Струшки вечери на поезијата“ го објави КОНКУРСОТ за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 Јуни 2023 година до 31 Мај 2024 година. Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или […]

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“


Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2024 година кој ќе биде отворен од 1 до 30 јуни годинава, информира денеска Министерството за култура.  Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, […]

Проектот „Порта Европа“ ќе продолжи да живее преку книгите и читателите


Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, издавачката куќа „Арс Ламина“ вчеравечер (30 мај), во книжарницата „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, го заокружи проектот „Порта Европа“. На настанот, кој беше во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, беа претставени сите фази на проектот: победничките креативни решенија на […]

23. Оффест: Промоција на албумот „Нудист“ на „Пијан славеј“


Aлбумот „Нудист“ на „Пијан славеј“ ќе биде промовиран утре (1 јуни) во 13 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Албумот е издание на SJF Records, а промоцијата е во рамките на 23. издание на „Оффест“ што ќе се одржи од 6 до 9 јуни, Вториот студиски проект на „Пијан славеј“ (Бранислав Николов – вокал и […]

Француски институт со втора дигитална изложба „Пјаф“ во Ист гејт мол


Во петок на 7 јуни во Ист гејт мол, ќе се одржи втората дигитална изложба „Пјаф!“ по повод 50 годишнината на Францускиот Институт во Скопје.  „Подготви се да ја истражиш уметноста во сосема ново светло од удобноста на екранот на твојот телефон. Биди и ти дел од ова несекојдневно искуство преку симнување на апликација на […]

ХАЈ-ФАЈ филмски викенд на ФДУ


Академската сцена на ФДУ ви ја претставува Меѓународната студентска филмска платформа ХАЈ-ФАЈ, а како прв настан во рамките на платформата ќе биде филмскиот викенд кој ќе се одржи од 31 мај – 2 јуни 2024 година. На филмскиот викенд ќе се одржат проекции на кратки студентски филмови на колегите студенти од Србија, Косово, Словенија, Бугарија, […]