Мастерклас со Одвеиг Кливе и Џејмс О’Лери дел од Скопскиот поетски фестивал


Со мастерклас за поетски филмови што денеска ќе го одржат Одвеиг Кливе од Норвешка и Џејмс О’Лери од Ирска во градската библиотека „Браќа Миладиновци“, продолжува четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал. Фестивалот беше отворен синоќа во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, под мотото „Борба. Не војна!“. Во рамки на денешната програма, во 18:30 часот […]

Што донираа семејствата на Анте Поповски и Матеја Матевски на Музејот на македонската борба? 


Предмети од личните фондови на истакнатите македонски академици Анте Поповски и на Матеја Матевски , како дар од нивните семејства, сега се дел од музејската колекција на Музејот на македонската борба во Скопје. Бројните гости од културниот живот на земјата, и академици кои можеа да се избројат на прсти, синоќа, на свеченоста, по повод музејскиот […]

Во Москва се славеше творештвото на Влада Урошевиќ – Олга Панкина ја продолжува мисијата „Читаj jа Македониjа!“


Во организација на поетесата Олга Панкина – позната руска македонистка и преведувачка, во Москва, Русија, се одржа литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во рамки на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!”. Низ цела година таа одржува литературни и културни настани, а оваа година, вели, му е посветена на академик Влада Урошевиќ по повод […]

Вечер на кинески филм на ФДУ


На Факултетот за драмски уметности во Скопје вечерва, во 20 часот, ќе се одржи Вечер на кинески филм. Настанот е организиран од ФДУ и Амбасадата на НР Кина. По овој повод, во просториите на академската сцена на ФДУ ќе биде прикажан филмот „Убав поглед“. Пред проекцијата свое кусо обраќање ќе имаат деканот на ФДУ и […]

ОФФ-Фест 2024: Врвна музика за сите вкусови, од Африка преку Македонија и Србија до Шпанија 


Осум концертни настапи и два документарни филма се дел од дваесет и третото издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Национална опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека на Македонија. Ќе ги собере некои од најпотентните музички таленти и стилови од секој агол на планетата, ветувајќи програма која […]

Официјално отворање на Скопскиот поетски фестивал


Четврто издание на Скопскиот поетски фестивал се одржува  до 1 јуни на неколку локации во Скопје – Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и во кафе-книжарницата „Буква“. Гостуваат поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и од Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети. Официјалното отворање е вечер во 20 […]

„Златен објектив“ за доајенот на филмската уметност Столе Попов


За исклучителниот придонес во развојот на македонската кинематографија, плодното творештво и белегот што го остави во домашната филмска индустрија, на доајенот на македонскиот филм Столе Попове денеска му беше врачена наградата „Златен објектив“ што ја доделува Кинотеката на Северна Македонија. Во присуство на неговите блиски, пријатели, соработници и почитувачи на неговото дело, наградата му ја […]

„Отсутно присуство“ – изложба на досега неизложувани дела на сликарот Владимир Георгиевски


  Во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 – 25.5.2017), Галерија Матица, во соработка со семејството Георгиевски, организира изложба на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото. Изложбата ќе се отвори на 30 мај (четврток), во 19 часот и ќе трае до 24 јуни 2024.   […]

Овие настани не треба да се пропуштат на „Видик“ – фестивал што отвора нови културни видици


  Со иновативен спој на повеќе области на културата, новиот фестивал „Видик“, кој е во организација на „Литература.мк“, отвора нови културни видици. Од 16 мај до 16 јуни, во книжарниците на „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во „Дајмонд“, „Ист гејт“ и „Скопје сити мол“, се одржуваат дваесетина настани, кои ги обединуваат литературата, музиката, театарот, дизајнот и […]

Личните фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски ќе бидат донирани за идните поколенија, еве каде


Донации на лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски ќе бидат промовирани во НУ Музеј на македонската борба за самостојност на 30 мај 2024, четврток, во 19 часот. Благодарение на соработката со семејствата Поповски и Матевски, музејот ги збогатува фондовите со подарени материјали за еминентните претставници на втората генерација македонски книжевници чии дела […]

На Столе Попов ќе му биде доделен „Златен објектив“ за 2024


Во Кинотека на Македонија денеска во 12 часот ќе се одржи доделување на „Златниот објектив“ на големиот доајен на филмската уметност Столе Стојан Попов. – Ова признание Попов го добива за својот исклучителен придонес во развојот на македонската кинематографија, плодното творештво и белегот што го остави во домашната филмска индустрија – како филмски автор, продуцент, […]

Концерт со Дино Имери по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и  Македонија


По повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија, на 4 јуни (вторник) во Камерната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот, пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска, ќе одржат концерт на кој ќе бидат изведени дела што ја отсликуваат македонската и шпанската музичка култура. Заедно со македонските реномирани уметници, […]

Редовно изборно Собрание на ДПМ на 1 јуни, петмина кандидати за претседател


 Редовното изборно Собрание на Друштвото на писателите на Македонија е закажано за 1 јуни во 11 часот, кога писателите ќе изберат нов Статут, претседател, Управен одбор и Суд на честа. Како што соопштуваат од ДПМ, за функцијата претседател на ДПМ во предвидениот рок, кандидатури доставиле петмина членови:  Живко Грозданоски, Весна Дамчевска Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче […]

Кинотеката во јуни се сели на отворено во летното кино „Мирно лето“


Во јуни, месецот на липите, Кинотеката подготвува кино – програма, со, како што најавува, опојни квалитети. Во овој прв месец на летото, вообичаено проекциите се селат на отворено во летното кино „Мирно лето“. Во програмскиот центар се пробија неколку содржини – проекции на филмови со музички сензибилитет, веќе редовниот Филозофски филмски фестивал, ревија на португалскиот филм […]

Камерната опера „Свадба“ на 52. „Мајски оперски вечери“


На сцената на НОБ вечер во 20 часот во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ под диригентската палка на Јелена Шасник, во режија на Андреј Јус. Сценографијата е на Јаро Јеше, костимографијата на Маја Сотошек, а во главните […]

Изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ во МСУ


Во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ) вечер во 20 часот ќе биде отворена интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје, а курирана од Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова.  На изложбата ќе бидат изложени дела од: Ула вон […]

„Хеда Габлер“ на Драмски ќе го отвори 58. „Војдан Чернодрински“, еве ја целата програма


Објавена е комплетната Програма на театарскиот фестивал 58. МТФ „Војдан Чернодрински” – Прилеп. Претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје ќе го отвори 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. Добитници на наградата за животно дело се актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов. Наградата […]

Петар Денчев со книгата „Малиот бог на земјотресот“ на македонска турнеја


Бугарскиот писател Петар Денчев деновиве ќе гостува во три македонски града за да го претстави преводот на своето дело „Малиот бог на земјотресот“ на македонски јазик. Турнејата ќе почне на 28 мај (вторник) од 19.30 ч. во Europe House Струмица, каде што Далибор Плечиќ ќе го модерира настанот со овој значаен автор од најновата генерација. […]

Портрет на српскиот поет  Бранислав Матиќ во СПОНА


Во рамките на своите активности за мај, Српскиот културно информативен центар СПОНА во вторник и среда (28-и 29 мај 2024), во своите простории во Скопје и во Куманово (со почеток од 19 часот), ќе го претстави Бранислав Матиќ, познат поет и иѕдавач од Белград. За неговото дело ќе зборуваат Јован Пејчиќ и Милутин Станчиќ, програмски […]

Гостување на Хрватски гитарски квартет во Филхармонија во чест на жената


Утревечер, во 20.30 часот, на големата сцена во Македонската филхармонија, во организација на платформата „За тебе“ за првпат ќе гостува „Хрватски гитарски квартет“ во состав: Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Сариќ. „Со големо задоволство го најавуваме нашиот прв настап во Скопје. Нашата програма е идеална комбинација на познати дела од класичната музика до понови композиции претежно од хрватски автори. Некои […]