„Танец“ ќе ја збогати летната програма во Охрид, Прилеп и во Галичник


Македонскиот фолклорен ансамбл „Танец“ оваа година прослававува 75 години од неговото постоење. Од почетокот на оваа година, фолклорниот ансамбл настапува под мотото „75 години Македонски код“. Покрај големите жештини кои го опфатија месец јули, неизбежно е разладување во ноќниот период, па тука ТАНЕЦ ќе се вклучи со голем број настапи.  Вечерва во Охрид во 20.30 […]

Полска во фокусот на Скопје Синема Сити


Во рамките на програмата на фестивалот Скопје Синема Сити, вечерва со почеток од 20.15 часот ќе бидат прикажани два музички документарни филмови од полскиот музички новинар и режисер Грегор Брзозович. Оваа програма е дел целината „Земја во фокус“ и е реализирана во соработката со амбасадата на Полска. Авторот Брзозович е гостин на фестивалот и по […]

МСУ стана член на балканската мрежа на музеи


Музејот на Современа уметност МСУ – Скопје, стана член на балканската мрежа на музеи каде членуваат околу 100 музеи од Балканот, бројни граѓански организации и 200-тина индивидуалци од културниот сектор. Мисија на БМН е фокусирана кон музеите на Балканот и подразбира поддршка и развој на креативни лидери во музеите, застапување на социјално одговорни музеи, кои […]

За наградата „Пегаз“ ќе се натпреваруваат 56 ракописи


На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, пристигнаа 56 ракописи. Конкурсот, кој е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, беше отворен до 1 јули 2024 година. Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлена жири-комисија, сочинета […]

Четириесет и три преводи годинава во конкуренција за наградата „Драги“


 До крајниот рок за доставување на номинациите – 1 јули, пристигнаа рекордни 43 дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат. Во конкуренција за наградата „Драги“ се 40 преведувачи, што е повеќе од минатата година. Книгите се објавени од 18 издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од […]

Незгодни прашања за министерот Љутков во Мала Преспа


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, Општина Пустец, Р Албанија, присуствуваше на отворањето на 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“. Албанските новинари го дочекале со незгодни прашања кои се однесуваа на незадоволството од македонската страна за резултатите од […]

Најголемата е-книжарница слави роденден со подароци за читателите


Со подароци за читателите, вредносни ваучери и книги, најголемата е-книжарница кај нас www.literatura.mk го прославува својот прв роденден. Со регистрација на https://www.literatura.mk/registracija, посетителите на веб-продавницата до 12 јули можат да се пријават и да станат потенцијални добитници на некој од подароците. Во текот на прославата ќе бидат доделени вредносни ваучери, секој ден се подарува книга, […]

Театар Комедија и „Перипетија продукција“ ќе реализираат ко-продукциски проект


На почетокот на следната година Театар Комедија во ко – продукција со Перипетија Продукција ќе реализира театарска претстава како дел од проектот ПРОСПЕР (ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии). ПРОСПЕР е мултидисциплинарен проект ко – финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија и Министерството за култура на Република Северна Македонија кој го рализираат 5 […]

Исмаил Кадаре. Тука смртта не може ништо!


  Јордан Плевнеш Исмаил Кадаре, кој стана бесмртен уште со неговиот прв роман „Генералот на мртвата војска“, вчера, 30 јуни, 2024 година, замина од Тирана директно во Вечноста, каде што ќе биде пречекан од Есхил, преку Данте, до Казанѕакис, Меша Селимовиќ, Јашар Кемал… и цела плејада од улицата на светската литература, ја прослави албанската и […]

Претставата „Собирачи на пердуви“ на Дејан Пројковски освои прва награда на фестивал во Србија


Претставата „Собирачи на пердуви“ во режија на Дејан Пројковски, a во продукција на Српско Народно Позориште од Нови Сад, ја освои првата награда на реномираниот Фестивал „Театар во тврдината“ во Смедерево. На овој традиционален фестивал кој се одржува веќе 11 години, публиката ги оценува претставите. – Во сериозна конкуренција имаше пет претстави, а највисоката оценка […]

Кадаре ја славеше литературата на Балканот – еве што напиша од Париз за наградата „Прозарт “ во 2020


Смртта на Исмаил Кадаре (1936) во Тирана, најистакнатиот албански и еден од врвните европски писатели, неколку пати номиниран за Нобеловата награда, ја потресе светската книжевна сцена. Тој ја започнува својата литературна кариера како поет во 1950-тите години. Во шеесеттите, тој ја пренасочува својата креативна енергија кон прозата и многу скоро станува нејзин неоспорен мајстор и најпопуларен албански писател. Во 1992, […]

Beach Film Festival во Охрид со шпански филмови под ѕвездите


Во екот на туристичката сезона во Охрид и оваа година се одржува седмото издание на Beach Film Festival од 17-ти до 21-ти јули 2024 година. Овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции и музички перформанси на 4 локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински културен центар. Оваа година […]

Документарец за Сантана ја отвора филмската програма на „Скопје синема сити“


Филмот „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата музичка гитарска легенда Карлос Сантана, вечерва во 21 часот во киното „Мирно лето“ во Кинотеката, ќе го отвори 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Филмот се осврнува на животот на големата ѕвезда, кој од уличен музичар на 14 години стана седумкратен добитник на наградите […]

Предавање на Изабел Лорај во Чифте амам


Во рамки на програмата на КРИК 09 – Фестивал за критичка култура, вечерва во 19, 30 чаот, во Чифте амам во Скопје предавање ќе одржи политичката теоретичарка Изабел Лорај. Како што соопштија организаторите на Фестивалот, таа ќе одржи предавање насловено како „Презентистичка демократија: Практика на грижа и квир долг“, во кое ќе се тематизираат сегашните […]

Последен ден од конкурсот за наградата „Пегаз“


До денеска ќе биде отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Како што соопштија […]

Откажано уличното дефиле на француската трупа „Кидам“


Францускиот институт во Скопје и фестивалот Скопско лето со жалење и со големо разочарување ве известуваат дека уличното дефиле и претстава „Сонот на Ербер“, како и видео-мапингот „Франција во светлина“ на Емил Петро, предвидени да се одржат вечерва, од 21 часот, ќе бидат откажани. Уметниците од француската трупа „Кидам“ ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, […]

Изложување на дела од уметничката колонија „Арт поинт – Гумно“


Во Слоештица денеска од 18 до 21 часот, ќе бидат изложени делата создадени за време на годинешната уметничка работилница „Арт поинт – Гумно“. „Слоештица – име за цел еден свет“ е темата која беше инспирација за уметниците кои гостуваа на колонијата. Од 15 до 30 јуни, десет уметници од земјава, Грција, Чешка и Србија создаваат […]

Концерт на хрватската танцова група „Пријатели на Израел“ на „Скопско лето“


Танцовата група „Пријатели на Израел“ (“HAVERIM SHELL ISRAEL”)  од Хрватска, вечер со почеток во 20:30 часот ќе одржи концерт на Платото пред Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на 45. изданиде на „Скопско лето“. Танцовата група „Haverim Shell Israel“ е основана во 1998 година и оттогаш континуирано работи во рамките на […]

Книжевно летно освежување од „Арс Ламина“


Летниот одмор не може да се замисли без добра книга. Книгите се одлична придружба во летните денови, поминати под сенката на плажа, во ладовина на планина или за време на долгите патувања. Разладете се овие жешки денови со книжевното освежување од „Арс Ламина“. Во топ 10 листата со наслови, што ги препорачуваме за ова лето, […]

Уличното дефиле и претставата „Сонот на Ерберт“ одложени за утре


Прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје , наместо вечерва, е одложена за утревечер поради големо невреме во моментот на полетување на гостите од Франција. Крајот на прославата е замислен со  улично дефиле и претстава, насловени „Сонот на Ерберт“. Претставата е во изведбата на француската театарска трупа „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), […]