„Во тебе се собрани сите луѓе на овој свет…“: Уште една награда за Никола Ристановски


Нa свеченоста во организација на Општина Крива Паланка денеска му беше врачено признанието лауреат на 16-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ на актерот Никола Ристановски за неговиот особен придонес во театарската уметност во земјава и во странство.  – Чувствувам огромна благодарност. Не само поради името на наградата и поради тоа што сум …

„Во тебе се собрани сите луѓе на овој свет…“: Уште една награда за Никола Ристановски Read More »

„Мегалополис“ на Копола по Кан доаѓа во Скопје, еве кога


МЕГАЛОПОЛИС,  долгоочекуваниот филм на легендарниот режисер, познат по трилогијата Кум, оскаровецот Френсис Форд Копола, со Адам Драјвер, Џон Војт, Дастин Хофман, во главните улоги, кој носи амбициозна визија за иднината на урбаното живеење и за општествениот напредок, доаѓа во Скопје, во Кинотека, на 1 и 2 октомври. Ова дело го зазема своето место меѓу најголемите …

„Мегалополис“ на Копола по Кан доаѓа во Скопје, еве кога Read More »

„Бела ноќ“ во Скопје со уличното дефиле „Сонот на Ербер“ на трупата „Кидам“


По повод одбележувањето на 50-годишнината од своето постоење, Францускиот институт во Скопје, во тесна соработка со манифестацијата „Бела ноќ“, има чест да ве извести и да ве покани на извонредна претстава на отворено со улично дефиле, „Сонот на Ербер“, во изведба на француската театарска трупа „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), која има од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет. Настанот ќе се …

„Бела ноќ“ во Скопје со уличното дефиле „Сонот на Ербер“ на трупата „Кидам“ Read More »

„Љубовта е пак овде“: 250 години од појавувањето на „Страдањата на младиот Вертер“ од Гете


  Средина на септември 1774 година. Во витрините на книжарниците во Лајпциг е изложен роман во два тома, „Страдањата на младиот Вертер“,чиј автор дотогаш не го знаат многу луѓе. Освен неколку критики со дрзок тон, сѐ што знаеме за него е дека има драма која предизвика внимание, потекнува од богато и влијателно семејство, има голема …

„Љубовта е пак овде“: 250 години од појавувањето на „Страдањата на младиот Вертер“ од Гете Read More »

Нов мурал во Театар Комедија: Шпанска Керамика во срцето на Скопје


Во центарот на Скопје, Театар Комедија сега се гордее со ново, живописно уметничко дело! Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика „Talavera de la Reina“. Ова прекрасно дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ …

Нов мурал во Театар Комедија: Шпанска Керамика во срцето на Скопје Read More »

Министерството подготвува нацрти за нов закон за култура и за нова национална стратегија


Нов закон за култура подготвува Министерството за култура и туризам, а наскоро ќе биде подготвен и нацрт за нова национална стратегија за културата, соопшти вчера министерот Зоран Љутков.  -Вработените во Министерството работат на нацртот на новиот закон кој сега ќе го имаме прво како еден вид контура и реални потреби коишто ќе ги имаат уметниците, …

Министерството подготвува нацрти за нов закон за култура и за нова национална стратегија Read More »

Разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти…почнува десеттото издание на „Букстар“


Под слоганот „Метаморфозис“ или „Преобразба“ денеска почнува десеттото издание на Фестивалот за европска литература „Букстар“. На програмата на фестивалот се разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти, панел-дискусии, книжевни читања, креативни работилници поткасти, музички концерти, изложба, стендап шоу, доделување на наградите „Драги“, како и втората фелоушип конвенција „Publishing Europe“.   Фестивалот ќе трае до …

Разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти…почнува десеттото издание на „Букстар“ Read More »

Љупчо Каров, Владимир Темков и Јовица Михајловски меѓу добитниците на наградата „11 Октомври“


Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седницата одржана на 11.9.2024 година донесе одлука за годинашни добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им  се доделува на: Љупчо Каров, …

Љупчо Каров, Владимир Темков и Јовица Михајловски меѓу добитниците на наградата „11 Октомври“ Read More »

„Вечер со Руми“ во Друштвото на писателите на Македонија


Друштвото на писателите на Македонија денеска од 19 часот ќе организира „Вечер со Руми“ – поетско читање по повод 817 години од раѓањето на великанот на класичната персиска поезија.  Настанот ќе го водат членовите на ДПМ Ана Пејчинова и Тихомир Јанчовски, поети и препејувачи на поезијата на Руми. Писателската асоцијација соопшти дека го организира настанот …

„Вечер со Руми“ во Друштвото на писателите на Македонија Read More »

Изградбата на Универзална сала засега е стопирана, се прават анализи за владението


  Министерството за култура во минатата влада незаконски ја презело Универзална сала од Град Скопје затоа што по закон тоа не може да гради објект што е локална установа. Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека против сите инволвирани ќе бидат поднесени кривични пријави „за сите …

Изградбата на Универзална сала засега е стопирана, се прават анализи за владението Read More »

Самостојна изложба на Марија Чепишева во „КО-РА“


Во галеријата „КО-РА” – нов салон вечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Бескрајна приказна за една точка“ на Марија Чепишева, академски графичар и графички дизајнер. Како што информираат од „КО-РА“, делата на Чепишева се работени во фузија на повеќе експериментални техники, често и со богата колажна структура. -И овој циклус, како и нејзините …

Самостојна изложба на Марија Чепишева во „КО-РА“ Read More »

Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман


Џудит Кауфман од Германија, кинематограферка во филмот „Наставничка канцеларија“ е годинашна добитничка на златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“. Стручното жири одлучи највиското фестивалско признание да и го додели на Кауфман заради одличната кинематограферска поддршка и конзистентна слика која како што рече претседателот на жирито Џон Сил, кинематограферката Кауфман меѓепснички ја прикажа …

Златна „Камера 300“ за германската кинематограферка Џудит Кауфман Read More »

На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен тимот на македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“


Македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец вечер во Битола, на големото платно ќе го означи крајот на годинешниот ИФФК „Браќа Манаки“. Учеството на фестивалот на кинематограферите за кинематограферот Владимир Самоиловски е значајно, а снимањето на филмот предизвик, истакна на прес конференција во Битола, Владимир Самоиловски. -Драго ми е што младата …

На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен тимот на македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“ Read More »

Фестивалот РУТА во Драмски театар со најактуелните претстави од регионот


Драмски театар Скопје од 15 до 20 октомври ќе биде домаќин на третото издание на меѓународниот театарскиот фестивал Рута. На сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје во тек на фестивалската недела, македонската публика ќе има можност да проследи шест репрезентативни претстави на театрите од регионот. Во фестивалската програма ќе играат претстави и копродукции од …

Фестивалот РУТА во Драмски театар со најактуелните претстави од регионот Read More »

„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев вечер во НОБ


На сцената на Националната опера и балет вечер ќе се изведе современата балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев. Приказната за „Пепелашка“ е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ од Хрватска, а сценограф е Филип Коруновски. Дизајн на звук е на Георг Драушник од Хрватска, …

„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев вечер во НОБ Read More »

Промоција на стихозбирката „Модра мрежа“ од Марина Икономова Шокева


Промоцијата на стихозбирката „Модра мрежа“ од Марина Икономова Шокева, издание на ПНВ Публикации, ќе се одржи вечер во кафе-книжарницата „Буква“.  ‒ „Модра мрежа“ е интроспекција на душевните доживувања пренесени преку два спротивставени поетски јазика, натурал­на наспрема урбана поезија, метафорите наспрема директните поетски слики од секојдневното живеење, истакнува Снежана Стојчевска, која е промотор на книгата. Стихови …

Промоција на стихозбирката „Модра мрежа“ од Марина Икономова Шокева Read More »

Меѓународна премиера на документарниот филм „Време на бетон“ на Игор Иванов во Прага 


Интернационалната премиера на долгометражниот документарен филм „Време на бетон” во режија на Игор Иванов ќе биде во рамките на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. Ова е единствениот фестивал во Чешка со архитектурата во својот фокус, кој има за цел да ја истакне како особено значаен сегмент во секојдневниот живот и да ги …

Меѓународна премиера на документарниот филм „Време на бетон“ на Игор Иванов во Прага  Read More »

Македонска филхармонија гостува во Дубровник


 Оркестарот на Македонската филхармонија денеска ќе гостува во Дубровник, Хрватска. Концерт ќе одржи на сцената на „Кнежев двор“. Солистка ќе биде хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е маестро Бојан Цанев. На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур …

Македонска филхармонија гостува во Дубровник Read More »

Изложба на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ


 Во Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски. Кураторка е Мира Гаќина. Пред официјалното отворање, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите кои се заинтересирани одблизу да ја доживеат нивната уметничка практика, која, како што наведува МСУ, ги поместува границите …

Изложба на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ Read More »

Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска, колегите се простуваат од извонредниот мецосопран на НОБ


Почина оперската пејачка Ирена Кавкалевска, мецосопран во Националната опера и балет (НОБ), соопшти нејзината матична оперска куќа. Кавкалевска имаше 51 година. Погребот ќе се одржи в петок во 12 часот, на градските гробишта во Бутел во Скопје. Ирена Кавкалевска, мецосопран, добитничка на многу награди, школувана во Македониіа, Софиjа, Грац, Загреб, Кавкалевска дебитира на сцената на …

Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска, колегите се простуваат од извонредниот мецосопран на НОБ Read More »