Нов мурал во Театар Комедија: Шпанска Керамика во срцето на Скопје
Во центарот на Скопје, Театар Комедија сега се гордее со ново, живописно уметничко
дело! Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници
Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од
безвременската шпанска керамика „Talavera de la Reina“.
Ова прекрасно дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ израз.
Проектот е остварен во соработка со Здружението за културно-уметнички дејности
„Одоната“, под покровителство на Амбасадата на Шпанија и со поддршка од
Македонското Модно Здружение. Културата навистина знае да се поврзува.
Овој мурал е продолжение на успешниот проект „Дијалози“, во кој македонските
уметници ја доловија својата визија за уметничката традиција на керамиката Талавера
де ла Реина во нивните модни дизајни и керамички фигури.
Македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов сакаа да го продолжат
овој „Дијалог“, овој пат преку мурална уметност.