„Вечер со Руми“ во Друштвото на писателите на Македонија


Друштвото на писателите на Македонија денеска од 19 часот ќе организира „Вечер со Руми“ – поетско читање по повод 817 години од раѓањето на великанот на класичната персиска поезија. 

Настанот ќе го водат членовите на ДПМ Ана Пејчинова и Тихомир Јанчовски, поети и препејувачи на поезијата на Руми.

Писателската асоцијација соопшти дека го организира настанот „работејќи во насока на уважување и на славење на вековното светско книжевно и културно наследство“.