Соња Михајлова – лауреатка на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“


По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на престижната награда за животно дело, која традиционално ја доделува Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. На свеченото отворање на 59. издание на фестивалот, ова значајно признание ѝ беше […]

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“


Македонскиот театарски фестивал  „Војдан Чернодрински“ е традиција, духовна навика и жива дебата за тоа каков театар сакаме да гледаме и какво општество сакаме да градиме, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. -Низ овие 59 години, театарот постојано се движи напред предводен од […]

Уникатно африканско доживување на ОФФест со маестралниот Вју Фарка Туре и Флоренс Адони


ОФФест вечерва на публиката ќе и понуди уникатно, африканско доживување со настапите на маестралниот гитарист Вју Фарка Туре од Мали и вокалистката Флоренс Адони од Гана. Познат како „Хендрикс од Сахара“ и син на легендарниот Али Фарка Туре, Вју Фарка Туре не само што е виртуоз на инструментот, туку успева да ја негува традицијата и […]

Финскиот виртуоз Кимо Похјонен и дивата на португалскиот џез Марија Жоао вечер на ОФФест


Финскиот виртуоз Кимо Похјонен, своевиден револуционер на хармониката кој поради специфичниот стил на свирење е исклучителен во глобални рамки, ја отвора втората вечер на ОФФест што ќе се одржи во Националната опера и балет. По него ќе настапи португалската пејачка Марија Жоао која неодамна, со нов албум, ја прослави 40-годишната кариера. Похјонен е еден од […]

Во понеделник отворање на 25. Недела на италијанскиот филм


Од 9 до 14 јуни 2025 година ќе се одржи XXV издание на „Неделата на италијанскиот филм – ITALIAN SCREENS“. Организиран од италијанската амбасада во Скопје, во соработка со Италијанскиот културен институт во Белград и Кинотеката на Република Северна Македонија, фестивалот е под покровителство на проектот ITALIAN SCREENS, проект за поддршка на интернационализацијата на италијанскиот […]

Почнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“: Прилеп е единственото место за достојно да се слави театарската уметност


Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Голем интерес за фестивалот покажува прилепската публика и годинава, што се докажува и со фактот дека неколку […]

Концерт на гудачкиот квартет „Атака“


Гудачкиот квартет „Атака“ вечер ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба.  Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ и Балканскиот музички форум го најавуваат концертот на гудачкиот квартет „Атака“, посветен на тројца истакнати македонски композитори и музички дејци. Концертот е во чест на 120 години од раѓањето на Стефан Гајдов и 100 години од […]

„80 години – 80 дела“: Киро Урдин со самостојна изложба во Брисел


Во галеријата „Марк Минјау“ во Брисел вечер ќе биде отворена самостојна изложба на слики и цртежи „80 години – 80 дела“ на уметникот Киро Урдин, основач на уметничкото движење Планетаризам. Како што информира „Остен“, награден со највисоката награда „Уметник на светот“ на ОСТЕН Биенале Скопје 2024 и изложуван во Националната галерија на Северна Македонија, Киро […]

СДСМ го обвини за скандалозно однесување министерот за култура Љутков


 Катарина Илиевска – Силјановска од СДСМ изјави денес  дека има сериозни злоупотреби и скандалозно однесување во Министерството за култура и туризам, под раководство на Зоран Љутков. -Прво, својот шофер го унапредил во кабинетски службеник, само за да зема 30% повисока плата. Потоа, вработена од неговиот кабинет ја поставил како претседател на Управен одбор во Опера […]

На седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ пристигнаа 45 ракописи


На седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 45 ракописи. Конкурсот беше отворен на 2 септември 2024 и траеше заклучно со 1 јуни 2025 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2025 година. Пристигнатите […]

Самостојна изложба на фотографии на Виктор Бранѓолица


Петтата самостојна изложба на фотографии на Виктор Бранѓолица се отвара на 6 јуни – петок – во 19 часот во ЈУ Дом на Култура „Кочо Рацин” – Скопје, Галерија КО-РА во голем салон. Изложбата се состои од 25 дела – фотографии со наслов „Магепсани Соништа”. Делата се работени во 2025 година. Виктор Бранѓолица има учествувано […]

Висока уметничка вредност на сцената: „Народен пратеник“ на МНТ со блескава изведба во Народно позориште Београд


Ансамблот на Македонскиот народен театар со претставата „Народен пратеник“ што беше изведена во Народно позориште Белград уште еднаш потврди дека театарската уметност живее во својата најчиста форма — преку искрена емоција, прецизна актерска игра и моќна режисерска визија, соопштија од МНТ. Со фасцинантна изведба, која им го задржа вниманието на гледачите од првата до последната […]

Почнува 24. издание на ОФФест, вечерва настап на Драган и Ратко Даутовски и составот Канцониере Греканико Салентино од Италија


На 24-то издание на ОФФест, кое почнува денеска и ќе се одржува до 8-ми јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар во Скопје ќе настапат врвни музички артисти и групи од осум различни земји. – Високото реноме на артистите ја прави селекцијата на ОФФест 2025 една од најквалитетните во изминатиот период, а […]

МНТ со наградената претстава „Народен пратеник“ вечерва на сцена во Народниот театар – Белград


Сто и дваесет и девет години по праизведбата на „Народен пратеник“ и 101 година од неговото прво печатено издание, „Народен пратеник“ на Македонски народен театар вечерва игра во Народниот театар  – Белград. Оваа прва комедија на Бранислав Нушиќ, во изведба на моќна актерска екипа и режисерски конципирана од страна на Егон Савин, по впечатливата и […]

Љутков: Јубилејната поштенска марка е потсетник дека македонскиот јазик живее и трае


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска, во Порта „Македонија“ се обрати на промоцијата на јубилејната поштенска марка по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик со зборовите: „Човек без јазик е како дрво без корен“. „Со овие зборови го почнувам денешното обраќање бидејќи нема ништо поважно за еден народ од неговиот јазик. […]

Под мотото „Зборот од мугрите – аманет што не згаснува“ 62. Рацинови средби од 7 до 17 јуни


Под мотото „Зборот од мугрите – аманет што не згаснува“ Општина Велес годинава од 7 до 17 јуни ќе се одржат 62 Рацинови средби, кои годинава имаат поддршка од Министерството за култура и туризам и министерот Зоран Љутков, информира на денешниот прес градоначалникот Марко Колев и воедно претседател на организацискиот одбор. Во рамките на Рациновите […]

Премиера на балетот „Госпоѓа Бовари“ – одбележување на 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска


На 25 јуни 2025 година со почеток во 20.00 часот на големата сцена на Националната опера и балет, ќе се одржи премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Густав Флобер. Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска која со својата […]

Нова книга од доајенот на книжевноста за деца Стојан Тарапуза во „Матица македонска“


„Матица македонска“ објави нова книга од доајенот на македонската книжевност за деца и млади, Стојан Тарапуза. Насловена „Ордени и значки“, новата книга на Тарапуза е издание што треба да го има во секој македонски дом – за повозрасните да ги наврати на јазикот на детството, преку перото на авторот со чиишто дела растеле, а на […]

Утре почнува ОФФест со музичари и состави од осум земји


24-то издание на ОФФест ќе се одржи во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар од четврток до недела, односно од 5-ти до 8-ми јуни. На програмата се 9 концерти и една специјална филмска проекција, а годинава на фестивалот ќе настапат музичари и состави од 8 различни земји. Високото реноме на артистите ја прави […]

Изложба на фотографии „Секојдневен живот“ на Центарот за култура на турската заедница


Изложба на фотографии „Секојдневен живот“ во организација на Национална установа Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија – Скопје, ќе биде отворена вечер со почеток во 19:00 часот, во Музејот на град Скопје. На изложбата ќе бидат претставени 60 фотографии од три локални аматерски фотографи, по 20 дела од секој автор. Преку […]