Изложбата „Професори и ученици“ утревечер во МКЦ


Во организација на Младинскиот културен центар и со поддршка на Град Скопје, утревечер во галеријата на МКЦ се одржува третото издание на групната изложба која претходно стана култен белег на современата уметничка сцена. На изложбата учествуваат: Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – […]

Прилепските археолози ги доистражуваат уникатините камени гробници на Маркови Кули, не се знае уште колку ги има


Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“ во комплексот Маркови Кули над Прилеп. Тие се од владеењето на македонските кралеви Филип Петти и Персеј од првиот и вториот век од нашата ера од хелинистичкиот период. Според археологот, козерватор Владимир Крстески, овој тип […]

Доделени наградите на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“


Со доделување на наградите на најдобрите театарски остварувања на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“, синоќа во Прилеп заврши 59 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Најдобра театарска претстава во целина, според фестивалското жири, е претставата „12“ на МНТ од Скопје. Оваа претстава ја понесе и специјалната награда за колективна актерска игра. -Театарот е местото […]

Претставата „12“ на МНТ најдобра на МТФ „Војдан Чернодрински“, публиката гласаше за „Слепци“ на Турскиот театар


Претставата „12“ на МНТ е најдобрата претстава на годинашниов 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, соопшти фестивалското жири на прес-конференција денеска напладне. Жирито реши на оваа претстава да ѝ додели и специјална награда за колективна актерска игра. Како што образложи претседателката на тричленото фестивалско жири Лилија Абаџиева од Бугарија, во претставата има исклучително актерско достигнување. […]

Изложба „Владимир Полежина 1912-1980“ во Музејот на македонската борба за самостојност


Изложба посветена на животниот пат и дело на Владимир Полежина 1912-1980 од авторот м-р Илија Василески, водич историчар, ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност во понеделник, 16 јуни, во 19.30. Низ оригинални фотографии, документи и лични предмети, како и неговото лично досие од Управата за државна безбедност на Југославија и досега […]

Доделување на наградите „Книжевен жезол“ на Славе Ѓорго Димоски и Радмила Лазиќ


Во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна книжевна манифестација „Празник на липите“, која оваа година е сосредоточена во два главни настани: доделување на наградата „Книжевен жезол“ на еден домашен и на еден странски поет, и книжевното читање „Празник на липите 2025“. На првиот настан, на поетот Славе Ѓорѓо Димоски од Македонија и на српската поетеса […]

Во Прилеп завршува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“


Со доделување на наградите и со претставата „Вистината“ на Театар Комедија“ во чест на наградените, вечер во Прилеп ќе заврши 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој почна на 6 јуни.  Жири-комисијата во состав Нела Оташевиќ од Црна Гора, Лилија Абаџиева од Бугарија и Иван Меденица од Србија денеска напладне ќе соопшти која од претставите […]

На конкурсот за наградата „Оливера Николова“ пристигнаа 38 ракописи


На првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, кој беше отворен од 11 март до 11 јуни 2025 година пристигнаа 38 ракописи.  Наградата, која е востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“, со поддршка на семејството на Николова, ќе се доделува секоја година, а право на учество имаат сите […]

Избран директор на Инспекторатот за македонски јазик, следи вработување на лектори


Министерот  за култура и туризам Зоран Љутков денеска информира дека еден дел од процедурата за формирање на Инспекторатот за македонски јазик е веќе завршен. Тој на денешната прес-конференција по посетата на универзитетска библиотека „Св. Климент Охриски“-Скопје рече дека она што важи за сите инспекторати, ќе важи и за овој. -Едниот дел од процедурата е завршен, […]

Гран При за Женскиот младински хор при МКЦ на меѓународниот хорски фестивал “Црноморски звуци”


На меѓународниот хорски фестивал и натпревар, Црноморски звуци, кој од 4 до 8 јуни се одржа во Балчик, Бугарија, Женскиот хор при МКЦ оствари неверојатен успех со освојување на главната “Гран при” награда. Освен на натпреварот, хорот зеде учество и на концертите на фестивалот како и на мастер предавањата каде се изучуваа нови композиции заедно […]

Во Москва излезе „Пиреj” од Петре М. Андреевски на руски јазик


Романот „Пиреj” излезе од печат во Москва на инициjатива на Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија. Таа го преведе уште во 2008 година, го обjави издавачката куќа “Феникс”, Скопjе. Како што обjаснува Панкина, романот на руски веднаш предизвика интерес каj публиката, но сепак книгата не можеше да допре до широк круг […]

Музичка „Фантазија“ со филмовите од „Дизни“ во изведба на Македонската филхармонија


„Фантазија“ е насловен овогодишниот традиционален концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи в петок, на 13 јуни, со почеток во 20. 30 часот. На програмата е музиката од анимирани филмови од продукцијата на „Дизни“, а диригент е Тимоти Редмонд од Велика Британија. Како солисти ќе настапат сопранистката Биљана Јосифов, тенорот Денис Димоски и бас […]

„Траги врз песок“ од Бојан Стефановски – конечно, книга-водич за успех и во Македонија


  Кончено, книга-водич за успех на менаџери за продажба, инспириран од врвните спортски тренери, и во Македонија. „Матица македонска“ ја објави книгата „Траги врз песок“ од Бојан Стефановски. Книга во којашто се обединети белетристиката, фактите и мотивациските пораки – книга што треба да ја има и да ја прочита секој што сака да успее.  – […]

Со концерт на „Леб и сол“ на Хераклеа, на 26 јуни, започнува Битолското културно лето „Бит фест“


Со концерт на македонската музичката група „Леб и сол“, на 26 ти јуни, во античкиот локалитет Хераклеја, ќе започне 17 издание на Битолското културно лето. На денешната прес конференција, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека „БИТ ФЕСТ“ оваа година ќе трае до 31 август и ќе содржи културни содржини кои ќе бидат вистинска […]

Оливера Ќорвезироска добитничка на „Рациновото признание“ за 2025, почесното за Намита Субиото


Добитничка на „Рациновото признание“ за 2025 година е Оливера Ќорвезироска за делото „Три Марии“ во издание на „Арс Ламина“. Признанието ќе и биде врачено на 12 јуни на сцената на Театарот во Велес во рамки на свеченото отворање на годинашните 62. Рацинови средби. Наградата е плакета и паричен износ од илјада евра во денарска противвредност. […]

На театарскиот колектив во земјава му недостига заедништво и комуникација – одекна порака на МТФ „Војдан Чернодрински“


Три претстави се на програмата на фестивалот на петтиот ден – „Парови“ на Драмски, „Бура“ на Прилепскот театар и независната „Ла Макбет“ на „Хибрид продукција“. – Сите ние како уметници сме одговорни да дадеме поддршка на нашите колеги од Прилеп за да добијат нов театар, дали преку петиција или друга форма. Капитализмот нè направи себични […]

Ким Новак, добитник на наградата за животно дело на Филмскиот фестивал во Венеција


Американската актерка Ким Новак ќе добие награда за животно дело на овогодинешниот Венециски филмски фестивал, објавија денес организаторите. Таа се прослави во филмот на Алберт Хичкок „Вртоглавица“ од 1958 година, а организаторите наведоа дека на овогодинешниот фестивал ќе се одржи светската премиера на документарниот филм „Вртоглавица Ким Новак“ од швајцарско-американскиот режисер Александар Филип, направен во […]

Почнува јунската едиција на Перформанс Платформа Фестивалот во МКЦ


Локомотива – Центар за нови инивијативи во културата и уметноста со огромно задоволство ве кани да ја проследите јунската едиција на Перформанс Платформа Фестивалот (ППФ) 2025 кој ќе се одржи од 9 до 12 јуни во Младинскиот културен центар – МКЦ во Скопје.   Performance Platform Festival (PPF) 2025 ќе се организира во две изданија: едното […]

Министерот Љутков ги посети националните културни установи во Битола


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во придружба на градоначалникот Тони Коњановски денеска оствари посета на дел од националните културни установи во Битола. Љутков изјави дека за време на посетата на НУ Народен театар, НУ Центар за култура и НУ Завод и Музеј-Битола бил информиран за состојбите во националните установи и да направиме, како […]

На МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп отворен „Музеј во движење“


Прилеп имал, има и ќе има театарски уметници, а приказната за театарскиот Прилеп ја раскажуваме низ чаршијата, надвор од стерилните услови во институциите, рече Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински на синоќешното отворање на „Музејот во движење“ на платото пред Градскиот саат. „Музејот во движење“ е  посветен на тројцата легендарни прилепски театарски уметници […]