Книжевна вечер посветена на српското издание на романот „Страв од варвари“ од Петар Андоновски


Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска ќе се одржи книжевна вечер посветена на српското издание на романот „Страв од варвари“ со писателот Петар Андоновски. Како што стои во соопштението на српскиот културно-информативен центар „Спона“, на настанот свои видувања ќе дадат лекторката по скрпски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Јелена Макевиќ, преведувачката Милена Илиќ, како […]

Филхармонија на концерт со учениците и студентите од музичките училишта и факултети


„Младите доаѓаат и звукот на идната генерација“ е насловен концертот кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот. Ова е традиционален концерт на оркестарот на Македонската филхармонија со учениците и студентите од државните музички училишта и факултети. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од  А.Марчело, Е. Бара. Ф.А. […]

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“


Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад во состав Вања Ејдус, актер и претседател, Дражен Ференчина, режисер, Федор Шили, драмски писател, Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател, на завршната седница, одржана доцна синоќа, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ […]

Концерт на хрватскиот ансамбл „Ладо“ во Националната опера и балет Скопје, гостин македонски „Танец“


Ансамблот за народни игри и песни на Хрватска „Ладо“ денеска ќе се претстави со концерт на народни игри во Национална опера и балет, Скопје. Гостин на концертот ќе биде македонскиот ансамбл „Танец“. Во богатата низа на разновидни концерти кои „Ладо“ ги изведува во текот на годината, се вели во соопштението од Националната опера и балет, […]

Промоција на книгата „Скопје 2014… и потоа“ од Златко Теодосиевски


Во Културно информативниот центар – Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Скопје 2014… и потоа“ од Златко Теодосиевски.    Како што најавија од ЈУ Културно информативниотн центар – Скопје, за книгата  ќе зборуваат Никос Чаусидис и Бранко Героски. Златко Теодосиевски е историчар на уметност, критичар и публицист, автор е на повеќе книги од областа на […]

Со „Аладин и волшебната ламба“ почнува второто издание од фестивалот посветен на мјузикли за деца и млади


Од денеска до 5 јуни во организација на ЈУ. Детски културен центар – Карпош ќе се одржи второто издание од фестивалот посветен на мјузикли за деца и млади, на сцената во киното Фросина при МКЦ во Скопје. Овој живописен настан, поддржан од Град Скопје, ќе претстави живи изведби на омилените приказни, нудејќи возбудлива можност за […]

Премиерна изведба на претставата „Кататонија“ во Македонскиот народен театар


На големата сцена на Македонскиот народен театар денеска ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска. Во претставата играат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и Владимир Петровиќ. Како костимограф […]

Отворање на фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“


Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“ денеска свечено ќе биде отворен во Музејот на современа уметност со изложбата „ПАНК. СУПКУЛТУРА. СОЦИЈАЛИЗАМ. АРХИВИ И ФОТОГРАФИЈА ОД СЛОВЕНИЈА“, голема архивска поставка што низ фотографија и документи го истражува словенечкото панк-движење од крајот на 1970-тите до средината на 1980-тите години. Курирана од филозофката и теоретичарка Марина Гржиниќ, […]

Книги од семејната библиотека на композиторот Кирил Македонски подарени на НУ Завод и Музеј-Битола


Националната установа Завод и Музеј-Битола од денескa е побогата за 300 книги, подарок од семејната библиотека на Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“, кои на Музејот во Битола ги донира неговата ќерка Пламенка Македонска. Донацијата од семејството Македонски ја прими директорот на НУ Завод и Музеј-Битола, Зоран Николовски. – Долго размислував кому и […]

Драмски театар потпиша меморандум за соработка со Народниот театар Ниш


Во рамките на регионалната соработка на институциите од културата, директорот на Драмски театар Скопје, Роберт Вељановски оствари работна посета на Народниот театар Ниш. Со взаемна согласност на двете театарски институции за развивање на партнерски односи во делот на гостувања на театрите, реализирање на копродукциски театарски проекти, како и други видови соработка кои би биле од […]

Отворен конкурсот за наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“


Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена за да се направи вреднување на преведувачката дејност во Македонија, како и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето за нашиот културен простор. За наградата може да се учествува со прозни книги во превод на македонски јазик објавени во периодот меѓу 1 јули 2024 […]

Објавено фототипно издание на „Бели мугри“ од Кочо Рацин


 „Македоника литера“ деновиве објави фототипно издание на првото издание од 1939 година на култната книга на Кочо Рацин „Бели мугри“. -Книгата, во тираж од 400 примероци, колку што било печатено и оригиналното издание во 1939 година во Самобор, Хрватска, беше публикувана по иницијатива, со поддршка и како подарок од академик Горан Калоѓера од Хрватска, за […]

Редици чекаат да купат билети за „Војдан Чернодрински“ во Прилеп


Редици луѓе чекаат да купат карта за театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Тоа ја покажува желбата на многумина да ги изгледаат претсавите кои оваа година ќе се натпреваруваат за оваа театарска награда.  Влезниците за фестивалските претстави се пуштени во продажба од денеска, на билетарницата од Центарот за култура „Марко Цепенков“, како и онлајн. – […]

„Стројникот“ – нов роман на Јован Дамјановски


Во издание на книгоиздавателството „Панили“ објавен е романот „Стројникот“ – новата прозна книга на писателот Јован Дамјановски. Во ова впечатливо романескно остварување, како и во неговите досега издадени романи, се препознава стилот на Дамјановски да се проникне во современиот прозен текст, но во постојана потрага по свој оригинален израз. Дамјановски одбрал тежок и трнлив пат […]

Ревија на филмови на Љубиша Георгиевски во Белград


 Во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура во Белград „Допир на Македонија“ здружението „Македониум“, со поддршка на македонската кинотека и Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, денеска и утре во српската престолнина организира Ревија на филмови посветена на Љубиша Георгиевски, истакнат театарски и филмски уметник, професор и културен деец кој остави длабок […]

„Градации“: Камерна изложба на Билјана Билбилоска


На 31 мај 2025 година, во фоајето на Зелениот покрив во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, беше отворена камерна изложба на Билјана Билбилоска, со наслов „Градации“. Куратор на изложбата е Виолета Калиќ, историчар на уметност. Авторката се претстави со експериментални графики, работени изминативе години. Фокусот на овој циклус е на градацијата на линијата, […]

Во Битола Интернационален пијано натпревар „Пијано Фест 2025“


Во Битола почна ново издание на интернационалниот пијано натпревар на кој годинава учествуваат 110 млади музичари од 10 држави во Европа. Оваа година натпреварувачите се поделени во три категории, односно пијано соло, пијано четирирачно и теоретски отсек облигати, а настапите ги следи комисија во која членуваат Тереза Тревисан од Италија, Паола Кондакци од Албанија, Душан […]

Премиера на детската претстава „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли“


Премиера на новата детска театарска претстава „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчетво Воли“ ќе се одржи вечер во Јавна соба. Претставата, која е поддржана од Министерството за култура и туризам, е базирана на втората сликовница од серијата „Приказни за облеките“ на македонската авторка Наташа Дукоска. Оваа премиера воедно претставува и промоција на истоимената сликовница во […]

Концерт „Музика и цртан филм“, посветен на најмладата публика


Во организација на Пламенка Трајковска, виолинистка, композитор и членка на Државната филхармонија, како и основачка на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“ денеска во Дајмонд Мол во Скопје ќе се одржи концерт „Музика и цртан филм“, посветен на најмладата публика. – Цртаните филмови се медиум кој најнепосредно допира до детскиот свет. Во нив […]

Објавен конкурсот за учество на Венецијанското биенале


Министерството за култура и туризам денеска на својата веб страница го објави Конкурсот за учество на Република Северна Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година во организација на „Венециско биенале“ (La Biennale di Venezia). Интернационалната ликовна изложба ќе се одржи на темата „Во […]