Овации за ангелските гласови од српскиот хор „Свети Серафим Саровски“ на „Охридско лето“
Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин синоќа беше посебно доживување за публиката на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот. Кристалната чистота што прозвучи од седумте грла на овој вокален ансамбл, совршено се вклопи во акустичниот сакрален амбиент на „Света Софија“. Програмската лепеза содржеше седумнаесет нумери, руски и српски, световни […]