Кинеска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Јуе Гуангхуи и Ванг Веи на флејта, мецосопранот Аи Ву и пијанистката Хоу Јуан


Во рамки на кинеската вечер вљубениците во класичната музика вечерва на „Охридско лето“  ќе можат да уживаат во музицирањето на уметниците  Јуе Гуангхуи и  Ванг Веи на флејта, мецосопранот Аи Ву, во пијано шридружба на маестра Хоу Јуан. Јуе Гуангхуи започнува да учи пијано на четиригодишна возраст, а на десетгодишна возраст се префрла на изучување […]

Љутков ќе ја посети меморијалната поставка на Петре М. Андреевски во с. Слоештица, по реакциите во јавноста


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков најави дека на 18 август ќе ја посети меморијалната поставка посветена на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски, во неговото родно село Слоештица. Ова доаѓа по објавата на текстот: Едикојси против Петрета Андреевски или „Еј бре кој си ти против Петрета да бидиш?!“ од страна на писателот […]

Рисима Рисимкин ќе гостува на Шекспир фестивалот во Верона со „Жените во творештвото на Шекспир“


Македонската кореографка Рисима Рисимкин ќе гостува на престижниот Шекспир фестивал во Верона на 13 септември 2025 година, со својата најнова современа танцова претстава – втор дел од трилогијата „Жените во творештвото на Шекспир“. Претставата, која беше премиерно изведена во мај во Битола, на отворањето на 26-то издание на Фестивалот на монодрама, е дело на Рисимкин, […]

„Охридско лето“ го прослави 65.роденден со оперската ѕвезда Ана Дурловски и арии од Моцарт и Хендл


Со ангелскиот глас на првенката на Македонската опера и балет, сопранот Ана Дурловски која настапи во придружба на ерменско-германската пијанистка Анахит Тер-Татшатјан, синоќа,  пред многубројна публика во црквата „Света Софија“ беше одбележан 65. роденден на фестивалот „Охридско лето“. На програмата беше Exsultate, jubilate, K. 165 (мотет за сопран и оркестар) на Моцарт,„Come scoglio“ арија на […]

„Записи од надземјето: клетии“- нова книга од Божин Павловски


„Записи од надземјето: клетии“ е насловена книгата од академик Божин Павловски што ја објавија Македонската академија на науките и уметностите и „Матица македонска“ која е втора со записи на авторот од ваков вид, откако неодамна беше објавена  „Записи од надземјето: чудесии“.   Како што соопшти „Матица македонска“, новата книга на Павовски е „своевидна историја на македонската […]

Едикојси против Петрета Андреевски или „Еј бре кој си ти против Петрета да бидиш?!“


  Срам ми е што ова го пишувам. Како Македонец се срамам. Добивам мејл од мојот пријател, нашиот ингениозен сликар Сергеј Андреевски, синот на еден од моите книжевни татковци – книжевниот гениј Петре М. Андреевски, во кој синот бара поддршка од мене и од истакнати наши јавни личности и институции – да не пропадне, да […]

Драмската програма на „Охридско лето“ продолжува со претставата „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ на Црногорскиот народен театар од Подгорица


Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува денеска со театарската претстава „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ во изведба на Црногорскиот народен театар од Подгорица, поставка во адаптација и режија на Радмила Војводиќ. Режисерката Војводиќ вели дека претставите се потпираат на непостојаноста на трагите, на еден вид материјално исчезнување, а оние кои се занимаваат со театарот […]

Струмица во знакот на „Астерфест“, лауреат Милчо Манчевски


Јубилејното 20. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“  се одржува  во Струмица од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Oваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски, соопштија организаторите. Физиономијата на „Астерфест“ останува посветена […]

„Кому му е гајле за реалноста“ : Патувачкото кино во Кочани не освести за новото издание во август во Скопје


Живеејќи во свет што катадневно се менува, свет во кој информациите отсекаде извираат и незапирливо течат, станува сè потешко да разликуваме што е вистина, а што не. Така се будиме во реалност што не е лесно ниту да се прифати и во неа да се живее, ниту да се фати со камера. Секој од нас […]

Вилем Дефо се враќа на Филмскиот фестивал во Сараево по 25 години


Сараево – Вилем Дефо ќе го добие почесното срце на Сараево на 31-от Филмски фестивал во Сараево „како признание за неговиот извонреден придонес во уметноста на филмот“. Тој им се придружува на Стелан Скарсгард и Реј Винстон, кои исто така ќе ја добијат почеста на фестивалот оваа година. „Со снимени  над 150 филмови во својата […]

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија


Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, беше награден со престижната награда за најдобра анимација (Best Animation Award) на овогодинешното издание на Ariano International Film Festival, што се одржа во италијанскиот град Аријано Ирпино. -Филмот успеа да нè маѓепса со својата неукротлива креативност, зачудувачки стил и способност да […]

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“


Роденденот на годинешното 65 издание на „Охридско лето“ ќе биде прославен со концерт на нашата оперска солистка Ана Дурловски, во пијано придружба на пијанистката Анахит Тер-Татшатјан. Сопранистката Ана Дурловски студиите ги завршува на ФМУ – Скопје,  а на оперската сцена дебитира како Лучија од Ламермур во истоимената опера на Доницети во Македонската опера и балет, […]

Љутков од Крушево: Пред 122 години се роди сонот за праведна, демократска и народна македонска држава


На ова место, пред точно 122 години, се роди надежта, се роди Републиката, се роди сонот за праведна, демократска и народна македонска држава, парача синоќа од Гумење во Крушево министерот за култура и туризам Зоран Љутков при отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“. На свеченоста на отворањето на која присуствуваа претседателката Гордана Силјановска Давкова, […]

Гитаристот Дамјан Пејчиноски со џез и етно воодушеви на „Охридско лето“


Енергичен и впечатлив настап на „Охридско лето“ имаше еден од најдобрите македонски гитаристи  Дамјан Пејчиноски, кој синоќа беше дел од фестивалската програма заедно со неговиот квинтет, Дејан Милосављевиќ на  ударни инструменти, перкусионистот Зоран Јасгоридовски, Горан Гешовски на бас-гитара и пијанистот Трајче  Станков. Програмата со којашто настапија и ѝ приредија на публиката прекрасна вечер содржеше авторски композиции […]

„Редок пример каде се гради модерен, инклузивен систем“: Турскиот печат за „Охридско лето“


Познатиот новинар Назиф Услу во престижниот турски печат „Театарски весник“ пишува за успесите и историјатот на Фестивалот „Охридско лето“ кој 65 години е успешна фестивалска сцена на која има уметници од целиот свет како и за квалитетната програма на годинешното јубилејно издание. Посебно воодушевен од условите и самата организација на Фестивалот но и од гостопримството […]

Националниот џез оркестар го донесе страствениот звук на биг бендот и магијата на фадо-звукот на „Сплитско лето“


Под ѕвезденото небо над Сплит, на древниот Перистил, вечерта на 30 јули, Националниот џез оркестар, заедно со извонредната Марија Мендеш и под диригентската палка на маестро Владимир Николов, создаде музичко доживување што допре до срцата на сите присутни.     Просторот, исполнет до последно место, одекнуваше во ритамот на современиот џез, вешто испреплетен со таинствената […]

„Balkan song No.11“ : Виолинистката Пламенка Трајковска со нов сингл во чест на Илинден


Македонската виолинистка Пламенка Трајковска во чест на празникот Илинден, објави нов сингл  насловен„Balkan song No.11“ – интензивна музичка приказна која ќе биде премиерно прикажана со видео спот утре, напладне, на  2 август на нејзиниот YouTube канал. Овој, како што се посочува, изведбен бисер, сниман со гудачки квартет, е вистински музички омаж на балканската традиција, инспириран […]

Ноќно снимање на „Збогум Копакабано“ во режија на Милчо Манчевски (фото)


 Во Старата скопска чаршија во Даут пашин амам, синоќа, се одржа ноќно снимање за филмот „Збогум Копакабано“ во режија на Милчо Манчевски, во продукција на „Банана филм“. На снимањето беа поканети медиумите, кои беа дел од сетот на 15 ден од снимањето на локации низ и во околината на Скопје, и уште толку ќе се […]

Еве кој проект ќе не претставува на Венециското биенале во 2026


Министерството за култура и туризам информира дека стручната комисија во состав: Соња Абаџиева, Ивана Урошевиќ и проф. Симон Шемов, предложи проектот поднесен од Музејот на современата уметност „Пиетa во прекривките на ургентноста“ на авторот Велимир Жерновски да биде официјален претставник на Република Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2026 година. Комисијата ги разгледа сите четири […]

Магичен крај на „Скопско лето“ со Вивалди, Пјацола и едно изненадување 


Восхитувачка интерпретација и музичка префинетост покажаа професионалните млади инструменталисти од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“,  музицирајќи синоќа (по настапот на „Охридско лето“) во преполниот Сули ан, за затворањето на „ Скопско лето“, под диригентската палка на искусниот Иван Еминовиќ. Убав свет се собра ( и покрај вревата кај портата од туристи […]