Наместо калориметри потребни се блесиметри


Ерол Ризаов Со денови следам како по медиумите се тркала новата сомнителна сторија која ги понижува и навредува граѓаните на Македонија. Прво донесоа некаков си предлог-закон во кој се наложува инсталација на илјадници калориметри кои треба да ја мерат топлината и студенилото на секое семејство кое има парно греење. Откако се откри озаконет арач од […]

Зима


Лејла Сабит Ви буди романтични чувства, ве потсеќа на детството, ве носи во топол дом или прегратка и ви подарува празнични радости. Чекате снег да падне, сѐ да стане бело, да ви ја разнежи душата и да ги покрие црнилата на секојдневието. Пиете топол чај покрај прозорец, ги гледате детските палавости, грижите ги снемува за […]

Збогум, Никола


Здравко Савески, политиколог и член на Левица Таква е политиката. Непредвидлива. Горе си, мислиш дека си незаменлив, несоборлив, мислиш како Путин ќе владееш уште долги години, кога… се соочуваш со својата политичка смрт. Заминуваш во историјата, те пцуе кој стигне, си спаднал на Бранко, те обвинуваат за сè, ќе влезеш во историјата како македонски Милошевиќ. А […]

Мал отчет на Владата пред Нова година


Ѓорѓи Спасовски За помалку од седум месеци, откако е формирана новата влада, во Македонија се сменија многу работи: Прво. Македонија се отвори кон светот и кон соседите. За Македонија денес во светот се говори како за земја која има реформски ориентирана влада, која заслужува меѓународна поддршка за членство во НАТО и во ЕУ и за […]

Уште да падне режимот во ВМРО-ДПМНЕ


Александра М. Митевска Спиро Ристовски и Владо Мисајловски, некогаш високи функционери во владата на ВМРО-ДПМНЕ, патуваа можеби залудно на југоистокот на државата за на самото место да го организираат валандовскиот конгрес на партијата. Последните струења и превирања во и околу „белиот дворец“ во Скопје го доведуваат во прашање одржувањето на конгресот кој беше најавуван како […]

Милошевиќ и Туѓман се враќаат


Љупчо Поповски Во еден драматичен балкански круг со креда двете држави, кои беа моторот за крвавите војни при распадот на Југославија, се вратија онаму каде што изгледа најдобро се чувствуваат – во 1990-тите години. Во нивната националистичка сага, во нивните митови, во нивното неразбирање на Европа, во нивната исклучивост, во нивната балканска крчма. На прв […]

Слобода за пратеничката вечен патник


Ерол Ризаов Специјалното јавно обвинителство треба веднаш да ја прекине постапката против пратеничката која поминала 235.000 километри, и шест пати го обиколила светот, целата планета, одејќи на седници на парламентот во Македонија, која се поминува со автомобил додека испиеш кафе и испушиш две цигари. За својата голема мака народната избраничка во повеќе мандати примила надомест […]

За ПМ честичките во нашите глави


Петар Арсовски Како што се актуализира ПМ загадувањето, се прашувам како да ја измериме критичката контаминација која ја демонстрираме постојано во нашите постреволуционерни глави, опиени од новата слобода и од животот што дојде. Ме фаќа страв од последиците од ваквиот нов живот, од можните контрареакции на општата критика кон новата власт, која дојде побрзо, поостро, […]

Има многу трошачи на јавните пари како ДИК


Абдулменаф Беџети Буџетот како најважен социо-економски документ на државата, покрај другото претставува и субстанцијален инструмент за мерење на демократичноста и капацитетот на државните институции. Основните постулати и критериуми за добро владење се најпрепознатливи кај буџетскиот процес – од планирање, програмирање, буџетирање, па се` до извршување. Тие принципи почнуваат со транспарентност, одговорност, ефективност и завршуваат со […]

Е мој Дарвине


Звонко Давидовиќ Каква природна селекција, каква еволуција, какви бакрачи, кај нас ништо од Дарвиновата теорија не важи, особено кога се работи за македонското судство. Ниту највредните напредуваат, ниту најодговорните се на високи места, ниту најспособните раководат, ниту има позитивна селекција и нормална еволуција. Во нашето судство најнеспособните се на највисоките места, најнеодговорните се на најодговорните […]

Америка и Русија ја издуваа скопската магла


Ерол Ризаов Слатко се изнасмеав кога Америка и Русија, двете најголеми планетарни сили, ни понудија идеи по многу поволни цени, речиси бадијала, да се расчистат маглата и смогот во најзагадениот град во светот, во нашето Скопје. Ќе речете работата не е за смеење, туку за плачење. Така е, ама и црниот хумор знае убаво да […]

Помирување со злото


Насер Селмани Лидерот во оставка на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, после приведувањето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и шесте пратеници од опозицијата осомничени за насилните настани од 27 април, настан што Јавното обвинителство го оквалификува како терористичко загрозување на уставниот поредок, излезе со идеја за помирување. Но, ниту Груевски ниту ВМРО-ДПМНЕ не ѝ […]

Суетни и недозреани политичари


Ерол Ризаов   Најновите ултиматуми и уцени што си ги испраќаат партнерите што ја делат власта ми наликуваат на лешинари кои се караат за остатоците од она што го изеле лавовите. Ако жртвата е Македонија, а лавовите се од ВМРО ДПМНЕ, тогаш орлите и хиените се суетните и недозреани политичари на власт кои абер немаат […]

Владата чека министер како што Заев чекаше мандат


Александра М. Митевска Една навидум техничка работа, каква што изгледаше кадровската смена во Министерството за здравство – кога Арбен Таравари влезе во трка за градоначалник на Гостивар, се развива деновиве во бескрајна приказна чиј главен јунак, веројатно, дури на крајот ќе ѝ стане познат за публиката. Ако продолжи со истото темпо како и во изминатите […]

Американска дебата за македонски буџет


Роберт Несими „Вчера премиерот Заев во придружба на министерот за финансии Тевдовски продолжи со средбите во Собранието во обид да лобира за предлог-буџетот на Владата за 2018 година. Веќе трет ден по ред тој настојува да ги убеди пратениците од неговата коалиција да гласат за буџетот без понатамошни одложувања. Според проценките на нашиот весник Заев […]

Безвредна вредност


Гордана Попсимонова Пред некое време порталот Курир објави текст со наслов „Загрозена демократијата во државата, нема кој да ги штити националните интереси“. Во првиот пасус е наведено дека СДСМ, предводен од Зоран Заев, врши политички прогон против сите кои не размислуваат како него, а врв на доказниот материјал со кој се оправдува ваквото тврдење гласи: […]

Не е сѐ исто


Ерол Ризаов Лажна е, ептен лажна, сликата дека сите медиуми имаат еднаков став и значење за она што ни се случува во изминатата година по парламентарните избори и особено по шесте месеци од промената на власта. Првиот впечаток од медиумската панорама деновиве е дека критиките кон новата власт се со еднаква жестокост и кај пропагандистите […]

ДИК си плати за бонусите


Слободанка Јовановска И покрај увереноста дека си ја заслужиле наградата, три члена на Државната изборна комисија вчера си поднесоа оставки на функцијата. Александар Чичаковски, Игор Милев и Виолета Дума не го издржаа притисокот на јавноста, или на партијата, и повлекоа потег со кој треба да си го обелат образот пред нацијата. Нивната одлука од Владата […]

Нова енергија за нови победи во новата ера на ВМРО-ДПМНЕ


  Костадин Богданов Помина повеќе од половина година откако јавно ја започнавме иницијативата за внатрепартиска реформа на ВМРО-ДПМНЕ која во основа имаше единствена цел, а тоа е да и помогнеме на нашата партијата, во која сме членови и активисти буквално од деца, да ја пронајде сопствената загубена идеологија и компас и повторно да се врати […]

Не се договоривме вака


Гордана Попсимонова Морам да признаам дека ме затече сликата од Митко Чавков како со лисици на рацете седи во судската чекалница, а уште повеќе фотографијата направена додека е пуштен на прошетка во Истражниот затвор во Шутка. Посебно ми создаваат мачнина мноштвото сеирџиски коментари по тој повод на социјалните мрежи, кои одат во неартикулирани распони од […]