Злоупотреби во Прилепската болница, меѓу обвинетите и поранешната директорка


Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера во службата и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. За дејствија на проневера предвидена во член 354 од Кривичниот законик обвинети се поранешна директорка на ЈЗУ Општа …

Злоупотреби во Прилепската болница, меѓу обвинетите и поранешната директорка Read More »

Кумановец го истепал и избркал од дома малолетниот син – кривично ќе одговара


Кривично ќе се гони кумановец за физички напад врз малолетниот син кој подоцна го избркал од дома.  СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од …

Кумановец го истепал и избркал од дома малолетниот син – кривично ќе одговара Read More »

Полицијата приведе велешанец кој со запалена цигара и нанел повреди на сопругата


Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 22:40 часот лишиле од слобода 32-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот скршил предмети и со запалена цигара и нанел повреда на неговата 33-годишна сопруга. Случајот ќе биде процесуиран.

Силувале 13-годишно девојче, го удирале и навредувале: Осомничени четири лица од Неготинско


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот законик. Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва …

Силувале 13-годишно девојче, го удирале и навредувале: Осомничени четири лица од Неготинско Read More »

Земале плата, а седеле дома – поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари, го оштетил буџетот за 130.000 евра


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” како и против Ф.А.(62) од кичевското село Зајас, А.Н.(38) од селото Србица, Х.Б.(37) од селото Црвевци и Б.С.(36) од селото Стрелци, за сторено кривично дело „Перење пари и други …

Земале плата, а седеле дома – поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари, го оштетил буџетот за 130.000 евра Read More »

Уапсено лице кое се обидело да ограби подружница за брзи кредити


Според пријавата на вработената, маскирано лице влегло во објектот и со закана со пиштол побарало пари, но по активирањето на паник-тастерот, се дал во бегство, изјави Фатмир Реџепи портпарол на СВР Тетово. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.  

Четири пријави за семејно и родово насилство во еден ден


Само во текот на еден ден, полицијата евидентираше дури четири одделни случаи на семејно и родово насилство во државата, податок што сериозно ја зголемува загриженоста за растечкиот тренд на насилство во домот. Последниот случај доаѓа од Делчево, каде што Надворешната канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против 54-годишен маж поради сомнение за загрозување на …

Четири пријави за семејно и родово насилство во еден ден Read More »

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана


Државјанин кој бил меѓународно баран за три убиства во Северна Македонија е уапсен во Тирана од страна на државната полиција, во рамки на 80-тата фаза од полициската операција со кодно име „Оперативец“. -Станува збор за Бесим Шерифи (52), жител на Копаница, Сарај, Северна Македонија, кој подолг период се криел во албанската престолнина, користејќи фалсификувани лични …

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана Read More »

Возел со 3,19 промили алкохол во крвта и излетал од патот, приведен 38-годишник од кратовско Татомир


Возел со 3,19 промили алкохол во крвта и излетал од патот, полициски службеници лишиле од слобода 38-годишник од кратовското село Татомир. – Синоќа во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР – Кратово го лишија од слобода С.С., на возраст од 38 години од кратовското село Татомир. Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат …

Возел со 3,19 промили алкохол во крвта и излетал од патот, приведен 38-годишник од кратовско Татомир Read More »

Шлепер излета од пат од струмичко


Шлепер излетал доцна синоќа од коловозот на патот меѓу селата Владевци и Радичево, струмичко, по што сообраќајот беше целосно во прекин. На местото интервенирале надлежните служби. АМСМ повикуваат на внимателно возење со оглед дека коловозите се влажни. 

Двајца малолетници запалиле автобус паркиран во дворот на училиште во Радовиш


 Двајца малолетници синоќа во Радовиш со запалка запалиле автобус кој бил паркиран во дворот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, соопштија денеска од СВР Струмица. -На 25.01.2026 во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната …

Двајца малолетници запалиле автобус паркиран во дворот на училиште во Радовиш Read More »

Си ја зел нејзината картичка и си потрошил 31.300 денари неовластено


СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.К.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 20.10.2025, пријавениот без согласност и дозвола од женско лице од Штип, неовластено ја прибавил и употребил нејзината банкарска картичка, по што извршил четири успешни трансакции на два банкомати во …

Си ја зел нејзината картичка и си потрошил 31.300 денари неовластено Read More »

Драма во тетовско: Татко ѝ, брат ѝ и чичко ѝ се здружиле со бившиот сопруг и им се заканувале на неа и на сегашниот сопруг


Вчера (25.01.2026) во 22:10 часот во СВР Тетово, 36-годишна жена од тетовско пријавила дека нејзиниот татко Р.В.(65), нејзиниот брат С.В.(34), нејзиниот чичко Ф.Б.(68) и поранешниот сопруг З.Е.(46) упатувале закани кон неа и нејзиниот сегашен сопруг А.Д.. -Според пријавеното, истиот ден во селото во кое живее било забележано возило „бмв“ со гостиварски ознаки, сопственост на роднини …

Драма во тетовско: Татко ѝ, брат ѝ и чичко ѝ се здружиле со бившиот сопруг и им се заканувале на неа и на сегашниот сопруг Read More »

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци


Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Обвинителството вчера изутрината во состојба на пијанство со присуство …

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци Read More »

Малолетник со возило удрил пешак кој се бори за живот


Малолетник денеска претпладне во скопското село Долно Коњари со возило удрил во паркиран автомобил и во пешак кој со тешки повреди е пренесен во болница, каде, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), лекарите се борат за неговиот живот. Полицаец врши увид на место на сообраќајна несреќа (Илустративна фотографија) / Фото: Архива Според …

Малолетник со возило удрил пешак кој се бори за живот Read More »

Возило излета од пат во кочанско, повредени петмина тинејџери


Во тешка сообраќајна несреќа во Кочани повредени се петмина тинејџери, на возраст од 16 и 14 години, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, во несреќата која се случила синоќа кај местото „Двојни кривини“, тешко е повредено 16-годишно девојче. – На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај …

Возило излета од пат во кочанско, повредени петмина тинејџери Read More »

За долг од 20.000 евра барале да им се исплатат 50.000 – Тројца скопјани со закани по живот изнудувале пари


СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.З.(48), Ѓ.А.(27) и Ц.Е.(36), сите од Скопје. Тие се сомничат за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, од ноември 2025 до 25.12.2025, со закани по животот на Ш.К.(32), барале за наводен долг од 20.000 евра, кој го должи 26-годишниот Н.К., да исплатат 50.000 евра. 

Непознат маж ставил малолетник во гепек, барал да му каже кој удирал со снежни топки кон возилото


Вчера (21.01.2026) во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.Б.(36) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице, кој насилно го турнал во багажниот простор од неговото патничко возило и барал од него да му каже кој удирал со снежни …

Непознат маж ставил малолетник во гепек, барал да му каже кој удирал со снежни топки кон возилото Read More »

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци


Опожарени се две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци, потврдија од Противпожарната служба за МИА, откако утрово избувна пожар. Од Територијалната противпожарна единица појаснија дека изгорел покривот на двете хали, но за среќа, реагирале навремено.  – Добро е што нема поголеми штети и што огнот не се прошири на соседните хали. Дејствувавме со …

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци Read More »

Пожар на хала во Кавадарци, пожарникарите на терен


Пожар избувна утринава на хала во Кавадарци. На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци, која дејствува на подрачјето на кавадаречката и росоманската општина.  Од Противпожарната служба за МИА изјавија дека во моментов се интервенира на лице место и дека засега не можат да дадат повеќе детали за пожарот.