Кривични пријави за поранешните градоначалници на Ново Село и Василево


Струмичката полиција поднесе кривични пријави против поранешните градоначалници на Ново Село и Василево, соопшти денеска портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска. Според неа, екс градоначалникот на Ново Село Б.В. (54) се сомничи дека сторил кривилно дело „злопотреба на службената положба и овластување“, а А.Б. (54) од село Мокрино, општина Ново Село, за „соизвршителство“, а кривична […]

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се изјаснија за невини за „Траекторија“


Судијата Горан Бошевски на барање на одбраната на обвинетите во случајот „Траекторија“ даде половина час пауза за да се координираат за воведните говори. Пешевски, Јанакиески и Георгиевски пред Судот се изјаснија дека го разбрале обвинителниот акт, но оти не се чувствуваат виновни. Груевски пак рече дека го прочитал и разбрал обвинителниот предлог, но како што […]

Притвор за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари за примање мито


Скопското обвинителство предложи мерка притвор од 30 дена за барање поткуп за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш. – Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание. Осомничениот како вработен во општината Шуто Оризари на 27 јануари во службените простории […]

Жители на Туин точеле гориво со лажни евра


Гостиварската полиција поднесе кривични пријави против двајца жители од село Туин за фалсификување пари. Надворешната канцеларија за криминалиситчки работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.С.(32) и Р.М.(41), двајцата од село Туин за сторени кривични дела „фалсификување пари“ и „измама“. На 22.10.2017 година, на улица „ЈНА“ во Гостивар, пријавените со товарно моторно возило „фолксфаген кеди-пикап“, дошле […]

Трет случај на манијачење во Штип


Пред станбена зграда во близина на крстосницата „Дујле“ вчера попладнето маж во непосредна близина, на само неколку метри растојание, пред 17-годишно девојче се соблекувал гол и ги покажувал своите гениталии. Девојчето потресено од настанот избегало, по што случајот вчера во 15:50 часот е пријавен во полициската станица во Штип. Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова […]

Обвинителство изврши увид на сообраќајката на патот Прилеп-Градско


Надлежен јавен обвинител од ОЈО Кавадарци изврши увид на местото на сообраќајната несреќа на патот Прилеп-Градско, во која животот го загуби едно лице. Како што соопшти Обвинителството, според првичните сознанија, до несреќата дошло при директен судар на патничко такси-возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „волво“ со велешки таблички. Во несреќата животот го […]

Пет сообраќајки во Скопје, едно лице тешко повредено


Сопатник бил тешко повреден во една од вкупно пет сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една со телесни повреди се здобил еден возач, а во три била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Десет возачи се […]

Пикап удри пешак кај Ново Лисиче


Возило пикап со скопски таблички попладнево удрил во пешак на булеварот „АСНОМ“ спроти паркот Јане Сандански кај Ново Лисиче. Засега нема информации со какви повреди се здобил пешакот, кој е префрлен на скопските клиники, информираат од полицијата. Увидна екипа на полицијата ги утврдува причините за сообраќајната незгода.

Директор од средно училиште бесправно вработил професор и воспитувач и ја рентал спортската сала


Поранешен директор на средното општинско училиште „Св.Наум Охридски“ во Македонски Брод бесправно вработил професор и ангажирал воспитувач, а ја рентал спортската сала без да ги пријави средствата. Директорот го оштетил училишниот Буџет за повеќе од 5.700 евра. Како што соопшти МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Г.М. (58) од […]

Маж манијачел пред средно училиште во Штип


Умоболник со спуштени панталони повикувал да му се придружат четири малолетнички пред средното општинско училипште во Штип. Од МВР соопштија дека вчера околу 14 часот, додека малолетничките биле во дворот на училиштето, непознато машко лице, кое било надвор од дворното место, ги соблекло панталоните и ги повикувало да дојдат кон него. По преземени мерки, полициски […]

Една година условна казна за неврохирургот Чапаровски


Поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ Александар Чапаровски денеска на првото судско рочиште призна вина и доби условна казна од една година, која нема да се изврши доколку во следниве две години не стори ново кривично дело. Чапаровски во мај минатата година беше пријавен за примање поткуп. При извршениот […]

Осум лица повредени во сообраќајка, неприлагодената брзина причина за судирот


Во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 18:10 часот во близна на „тумчевишка клучка“ повредени се осум лица, потврдија од СВР Тетово за „Независен весник“. Во несреќата учествувале две возила, комбе со италијански регистерски таблички управувано од Р.А. (44) од Центар Жупа во кое се наоѓале уште шест лица од Дебар и патничко моторно […]

Повреден пешак во сообраќајка во Скопје


Триесет и тригодишен скопјанец вчера со возило удрил пешак пред Апелацискиот суд во Скопје. Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 15.35 часот на паркингот пред Апелацискиот суд во Скопје патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Г. (33) од Скопје, удрило во пешакот К.П. (57) од Скопје. Пешакот бил пренесен […]

Пожар во стан во Чаир


Пожар избувнал синоќа во стан на улица „Павле Илиќ“ цо скопски Чаир, сопственост на шеесетгодишниот Б.Р.. Во пожарот нема повредени. Министерството за внатрешни работи информира дека пожарот бил пријавен во 20:40 часот во Единицата за информации и команда. Бригадата за противопожарна заштита интервенирала и пожарот бил изгаснат во 21:30 часот. Се преземаат мерки за утврдување […]

Попладнево едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа


Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнето на регионалниот Битола-Прилеп-Скопје на влезот на Прилеп кај Паркот на Револуцијата. Според првичните информации од СВР Битола, до несреќата дошло околу 16 часот кога автомобил марка „Опел вектра“ со прилепски регистерски таблички, од засега непознати причини, автомобилот кој се движел од Битола […]

Украдени десет акумулатори од пет возила


Десет акумулатори од пет возила се ујрадени во Росоманско ноќта меѓу 24. и 25. овој месец, од страна на непознати сторители, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. – Штета од околу шеесет илјади денари претрпеле двајца сопственици на товарни моторни возила, соопшти Додевски. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Повреден пожарникар при интервенција во Скопје


Пожарникар од Бригадата за противпожарната заштита Скопје утринава бил повреден при гаснење пожар во стан во станбена зграда на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје. Пожарникарот Б.М., информираат од МВР, бил транспортиран во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, од каде во 03:55 часот ја информирале Единицата за информации и команда Скопје. Пожарот бил изгаснат. Се […]

Приведен возачот што удри пешак кај „Капитол“


Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали за сообраќајната несреќа што се случи вчера кај трговскиот центар „Капитол“ во која загина еден пешак, а возачот на автомобилот избега. Според МВР, сообраќајката се случила во 14:40 часот на булеварот „Јане Сандански“ кај трговскиот центар „Капитол“ кога возило „пежо“ управувано од 28-годишниот А.Р. удрило во 66-годишниот […]

Турски државјанин загина кај Тетово


Дваесет и двегодишен турски државјанин денеска загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар. Како што соопштија од МВР, патничко моторно возило марка „Алфа ромео“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од турскиот државјанин Б.O.А. (20) излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата, на пат кон тетовската болница починал сопатникот во возилото турскиот државјанин Т.У. (22), додека […]

Ограбена банка во Маџари


Од експозитура на Стопанска банка во скопско Маџари вчера непознат сторител со закана со пиштол одзел 4.500 евра и 196.000 денари. Како што информира МВР, разбојништвото се случило вчера околу 09:20 часот во населбата Маџари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на разбојникот.