Украдена биста на Кузман Јосифовски – Питу


Во дворот на основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје е украдена бистата.

Како што информираше полицијата непознат сторител извршил кражба на бистата на Кузман Јосифовски-Питу, висока околу 80 сантиметри.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.