Изгоре возило кај Манастирец


Изгоре возило кај селото Манастирец, Росоманско, повредени нема. Пожарот го гаснеше екипа од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Командирот Илчо Богевски потврди за МИА дека се зголемува бројот на пожари во Кавадарци и Росоман. На местото на несреќата пристигна и Итна медицинска помош.

Претепаното бебе со оштетувања на мозокот и очниот нерв, но во добра здравствена состојба


Здравствената состојба на претепаното 14-месечно бебе е добра и не е во животна опасност. Почнавме да го храниме по малку, меѓутоа има фрактури на потколеници и на подлактица од лево кои не се витално, односно животозагрижувачки, но има поголеми оштетувања на мозокот на кои што сме фокусирани. Дијагностицирано е и оштетување на очниот нерв. Ова денеска за […]

Двајца повредени во несреќа на патот Дебар-Маврови Анови


Едно лице е потешко повредено, а едно полесно во сообраќајна несреќа која се случила претпладнево на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Според информациите на СВР Тетово, во близина на Бошков мост, дошло до судир на две патнички моторни возила: „Опел корса“ со скопски регистерски таблици, управувано К.Н (60) од Скопје и „Мерцедес“ со дебарски ознаки, што […]

Опожарен возило на улицата „Виргино“


Патничко возило „голф“ ноќеска е опожарено на улицата „Виргино“ во Скопје. Каkо што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска во 03:10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Виргино“ опожарено било патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици сопственост на Р.А. Пожарот бил изгаснат од страна на сопственикот. Извршен бил […]

Неготинец починал откако испил отров


Четириесет и шестгодишен жител од неготинското село Тремник вчера починал откако испил отров во семејната куќа. Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во Медицинскиот центар во Кавадарци бил донесен починат З.С. (46) од село Тремник–неготинско, кој околу 17:30 часот во семејната куќа во село […]

Кривична пријава за скопјанец кој украл 73 илјади евра


МВР поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство во Скопје против И.И. (30) од Скопје поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 73.000 евра. Од судија на претходна постапка на И.И. веќе му е одредена мерка притвор во траење од 30 […]

Пронајден мртов маж во центарот на Прилеп


Изутрината во центарот на Прилеп е пронајден мртов маж на околу 30-годишна возраст. Според Јавното обвинителство во Прилеп на пронајдениот прилепчанец не се констатирани траги на насилство и е наредена обдукција за да се утврдат причините за смртта. Според првичните информации од Обвинителството станува збор за прилепчанецот С.И. – С.И. е пронајден околу 6:15 часот. […]

Во Вардар пронајден мртов маж


Во водите на реката Вардар кај селото Кочилари, велешко, вчера бил пронајден труп на маж. Како што соопшти МВР, поради непристапност на теренот лешот ќе се вади од водите на Вардар во текот на денешниот ден, кога ќе биде извршен и увид.

Познат идентитетот на тројцата повредени во престрелката во Тетово


Вооружената престрелка во Тетово се случила ноќеска на улицата „29 Ноември“. Случајот во 02:20 часот е пријавен во полициската станица во Тетово. Со прострелни рани од пиштол се здобиле 37-годишниот С.К. и 36-годишниот С.К. а 49-годишниот М.А. има повреди на главата. Тројцата поради сериозноста на повредите се пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Портпаролот на […]

Го излажале дека имаат проблем со гумата и од автомобилот му украле 70 илјади евра


Измамувајќи го дека има проблем со една од гумите од неговиот автомобил, две непознати лица на 56-годишниот З.В. од Србија му украле 70.000 евра, информираа од МВР. Според полицијата, вчера во 07,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, З.В.(56) од Р.Србија пријавил дека на автопатот Скопје-Куманово после наплатната рампа Миладиновци го застанале две непознати лица […]

Се запалил автобус на обиколницата Сарај – Волково


Празен туристички автобус денеска попладне се самозапалил на обиколницата Сарај – Волково влез Ѓорче Петров. Повредени нема, а причинета е материјална штета која ќе се утврдува. Според првичните информации, се работи за двокатен автобус „Неоплан“ во кој немало патници, а бил управуван од Ј.К. (1980). Пожарот околу 14 часот избувнал во делот на моторот и […]

Притвор од 30 дена за 70-годишниот педофил од Прилеп


Притвор од 30 дена му е одреден на 70-годишниот прилепчанец кој изврши полов напад врз петгодишно девојче. Во денешниот полициски билтен се наведува дека против 70-годишниот С.Ч. е поднесена кривична пријава поради сомневање за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Случајот во полиција го пријави 23-годишната мајка на девојчето. […]

Затвореник повредил двајца полицајци откако бил прегледан во болницата во Прилеп


Затвореник од Казнено-поправната установа во Прилеп повредил двајца полициски службеници кои требало заедно со уште еден затвореник да ги спроведат од Општата болница во Битола до затворот. Инцидентот се случил вчера околу 16 часот во кругот на Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп кога полициските службеници со службено возило требало по завршување на лекарските прегледи на […]

Украдени лаптоп компјутери и опрема од основното училиште во Чаир


Од основно училиште во Чаир украдени се лаптоп компјутери, полначи и глувчиња за компјутери при што е причинета материјална штета од 576 илјади денари. Кражбата е пријавена вчера во полициската станица во Бит Пазар. Според полицискиот билтен, таа се случила во основно училиште на улицата „Коста Абрашевиќ“ во временскиот период од 6 до 10 овој […]

Втор ден протест на такси возачите на Бит Пазар


Самостојните такси возачи од Скопје втор ден денеска ја блокираат крстосницата меѓу Трговскиот центар Мавровка и судовите со барање да им се овозможи користење на дел од старата такси постојка на Бит Пазар. Таксистите најавија дека денеска ќе ја блокираат крстосницата се до 16:30 часот доколку не се оствари средба или не добијат некаков одговор […]

Скопјанец влегувал во фирми и крадел од чантите на вработените


Кривична пријава е поднесена против 39-годишен скопјанец кој сторил четири кражби во фирми во Скопје и притоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 62 илјади денари. Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена. Полицијата денеска соопшти дека осомничениот Б.Д. кражбите ги направил во периодот од 30 април […]

(ФОТО) Тешко повреден пешак при судар на две возила во Скопје


Тешко повреден пешак на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ при судар на две возила. Во СВР-Скопје вчера во 19:55 часот е пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т. […]

Чаир: Момче на мотор повредено при судир со автомобил


Сообраќајна несреќа се случи синоќа во Чаир, кога мотор удри во автомобил на раскрсницата на улиците „Џон Кенеди“ и „Благоја Паровиќ“. Тешко е повреден возачот на моторот, кој со возило на Брза помош беше префрлен во Ургентен центар. Сообраќајката се случи синоќа околу 23 часот, веднаш по завршувањето на натпреварот Хрватска – Англија. Младото момче, […]

Опожарени четири возила во Скопје


Четири возила кои биле паркирани на улица „Елисие Поповски“ во близина на број 17, попладневно се опожарени.  Пожарот е пријавен во 18 часот и пет минути во противпожарната единица а интервенирано е со две возила и пет пожарникари. Станува збор за патничко моторно возило марка „Пежо 308“, „Сеат ибица“, „Форд“ и „Опел астра“. Возилата се […]

Малолетник нападнат во автобус со број 57


Шеснаесетгодишно момче половина час по полноќ бил нападнато во автобус на ЈСП „Скопје“ со број 57 кој сообраќа на релација од Козле до Радишани. Како што соопшти МВР, момчето било нападнато од три лица со кои претходно заедно биле на роденден кај нивна другарка во кафуле во Центар. Причина за нападот била претходна расправија. Напаѓачите потоа се симнале на […]