Штипјанец бара помош за лекување на својот син


Општина Штип ќе помогне на семејството Асанов за лекување на 10-годишното дете на кое му е дијагностицирана циста на црниот дроб и за која треба да се лекува во Скопје. Општината, како што соопштуваат оттаму, согласно првилникот за распределба на финансиски средства на лица кои бараат помош за лекување во најкраток можен рок ќе донесе одлука и ќе излезе во пресрет на семејството.

Семејството Асанови, живее во субстандардни услови во објектот на поранешното Нервно одделение во Штип и итно им се потребна пари за операција на  нивниот 10 годишен син.

Хондо Асанов родител на болното дете вели дека мора да заминат во Скопје, каде треба да се изврши операција на синот.

– Можеби оваа операција не е скапа за некого. Не примам социјално и преживуваме од работа како сезонски работник. Сега доставив барање до градоначалникот на Општина Штип да ми помогне со еднократна парична помош, бидејќи во Скопје се плаќа за болница, за лекови, операција. Значи детето не смее дома да седе, вели Асанов.

Тој има шест деца, а во семејството доаѓаат примања само доколку тој оди на гроздобер, берење јаболка или вишни.