Гостиварец сакал да краде, ама го фатил газдата на дуќанот


Гостиварец е уапсен само неколку часа откако сакал да изврши грабеж, но бил забележан од сопственикот. Според полицијата, околу 1:00 часот по полноќ на улицата Илинденска во Гостивар полицајците го уапсиле Н.И.(34) од село Дебреше, Гостиварско.

Тој околу 23 часот се обидел да изврши тешка кражба во трговски објект на булеварот Гоце Делчев во Гостивар, но бил забележан од газдата и избегал. По преземени мерки, Н.И. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.