Се удави момче во Охридското Езеро


Машко лице денеска се удави во Охридското Езеро. Несреќата се случила околу 13:30 и 14 часот во близина на поранешниот хотел „Магнус“ во населбата Далјан. Се уште не е утврден идентитетот на момчето, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. – Пред некое време заврши увидот на местото на настанот во присуство на јавен обвинител и крим […]

Инцидент на „Џон Кенеди“, се судриле па го претепале


Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 17:30 часот било пријавено дека на улицата „Џон Кенеди“ настанало недоразбирање во сообраќај помеѓу Б.А.(37) од село Блаце, кој управувал патничко моторно возило „Сеат Алтеа“ со скопски регистерски таблици, и мотоциклист кој бил заедно со уште четири лица. Тие физички го нападнале Б.А., потоа му искршиле едно […]

Таткото очаен, пријавил дека ќерка му имала сексуален однос на 13 години


Маж од Куманово вчера во Секторот за внатрешни работи Куманово пријавил дека на 29.07.2018 година неговата 13-годишна ќерка го напуштила нивниот дом и заедно со Н.Д. од Штип, со такси возило заминале во Радовиш во куќа кај негов роднина каде имале сексуален однос. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, известен е Јавен обвинител и […]

Пронајдена мртва жена во Тиквешко Езеро


Мртва жена била пронајдена во Тиквешко Езеро, информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Според првичните информации, телото било пронајдено во месноста Голеш. Додевски рече дека увидот на местото трае и најави повеќе детали утре.

Педесет и седумгодишен неготинец загинал од струен удар


Педесет и седумгодишен неготинец загинал денеска од струен удар, потврди вечерва за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Несреќниот случај настанал кај трансформатор во Неготинско. Засега нема повеќе детали за околностите во кои се случила несреќата.

Лажни профили со името ЕВН, компанијата ги предупредува граѓаните


Компанијата „ЕВН Македонија“ соопшти дека во последно време се појавуваат профили на социјалните мрежи во кои се користи името на ЕВН и укажува дека тие профили се лажни и содржините кои се наоѓаат на нив се злоупотреба и измама. – Затоа ЕВН презеде соодветни мерки за затворање на таквите профили, се наведува во соопштението. Од […]

Кривична против жител на Неготино поради даночно затајување


Жител на Неготино заработи кривична пријава поради даночно затајување, со што го оштетил буџетот за 1.176.110 денари. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Д.К.(30), кој во период од четири години наплатувал за посредување при вработување во западноевропски земји, но при тоа не и плаќал данок на државата. Во текот на 2014, 2015, […]

Ограбена црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче


Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот Б.П, од Скопје за извршена кражба во црквата „Св. Петар и Павле“ во село Горно Лисиче. Како што наведуваат од МВР, пријавениот кривичното дело  во црквата го извршил завчера (28.07.) околу 00,30 часот при што со употреба на физичка сила, насилно го отворил задниот прозор, влегол внатре, и од сандачињата […]

Пет оштетени возила во полошко од заталкани куршуми


Неодговорното однесување на одредени сватови на веселби повторно ги загрозува животите и имотите на луѓето во полошкиот регион. Засега нема загубени животи, но регистрирани се повеќе број на оштетувања и едно ранување. Изминативе 24 часа на поширокото полошко подрачје дошло до оштетување на пет возила од заталкани куршуми. Два случаи се пријавени во Тетово, а […]

Починато момче донесено во скопска болница


Дваесет и петгодишен скопјанец вчера бил донесен починат во Клиничката болница „Аџибадем – Систина“. Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 15:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Клиничката болница „Аџибадем – Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен починат А.И. (25) од Скопје. Лекар констатирал смрт кај момчето без […]

Куче влечело човечка нога кај гробиштата „Бутел“


Во Полициската станица Чаир вчера околу 19:30 часот било пријавено дека на улицата „Боца Иванова“, на втората капија за влез на гробиштата „Бутел“, од страна на граѓанин било забележно како куче скитник влечело дел од човечко тело (нога). Како што соопшти МВР, полициски службеници излегле на местото на настанот, а увидна екипа од СВР-Скопје извршила […]

Пукале со оружје на свадба во Тетово и повредиле жена


Една жена е повредена во левата надлактица од огнено оружје додека била на свадба во двор од куќа во Тетово, додека друго лице во полицијата пријавило дека ветробранското стакло на неговото возило било оштетено од огнено оружје после наплатната рампа во Тетово, кога покрај него минала свадбена колона. Полицијата соопшти дека синоќа во 21:50 часот […]

Тракторска несреќа: Едно дете почина, а три се повредени


Десетгодишно дете починало, а три други се повредени во несреќа со трактор, кога децата паднале од металната корпа која била прикачена на возилото, соопшти полицијата. Како што информираат од полицијата, синоќа околу 20:00 часот во нива лоцирана над крстосницата за село Сливник, покрај пат кој води кон село Рлевци-велешко С.С. (18) од село Бузалково го […]

Во Албанија уапсен македонски државјанин поради шверц на оружје


Албанската полиција соопшти дека е уапсен македонски државјанин, со живеалиште во Косово, поради недозволена трговија со оружје и муниција. Според полициското соопштение, уапсен е И.С (32) родум од Скопје, сега жител на селото Димце, општина Хан Елези, Косово. – По подолга истрага и следење на осомничени лица членови на криминална група за недозволена трговија на […]

Превртен автомобил кај Кавадарци, повредени две лица


Две лица биле повредени синоќа во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци-Неготино откако се превртел автомобилот во кој се возеле. Повредени се возачот на автомобилот „мерцедес” Е 190 со битолски регистарски броеви и четиринаесетгодишен сопатник. – Сообраќајката се случила во 21 часот на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, кај кафeанатa „Три багрема“. Во сообраќајната незгода, се […]

Кривична пријава за тетовец за полов напад на дете


Полицијата поднесе кривична пријава против М.Б.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“. Како што соопшти МВР, М.Б. се сомничи дека на 25 овој месец околу 17 часот го извршил кривичното дело на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, во премин меѓу две […]

Нападнат малолетник во Миладиновци


Шеснаесетгодишен малолетник е повреден синоќа во тепачка меѓу две групи малолетни лица што се случила во скопското село Миладиновци, кај игралиштето за мал фудбал. Како што информира МВР, малолетникот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му била констатирана тешка телесна повреда. Случајот бил пријавен во полиција и се преземаат мерки за негово расчистување.

РСБСП: Возачите да не тргнуваат на пат изморени


Заморот се смета за една од петте фатални причини за сообраќајни несреќи. Дваесет отсто од сообраќајките што се случуваат на патиштата се поради заморот на возачите. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелираат возачите да го следат нивото на замор за да не се случи да го загрозат сопствениот и животот на […]

Нападнал полицаец зашто му пишал казна за брзо возење


Дваесет и тригодишен маж од Скопје нападнал полициски службеник откако му била изречена казна за пречекорување на брзина. „На булеварот ‘Србија’ полициски службеници вршејќи службени задачи – радарска контрола сопреле патничко моторно возило ‘форд фиеста’ со скопски регистерски таблички управувано од А.А.(23) од Скопје. Потоа, при изрекување казна за пречекорување  брзина, истиот почнал да ги […]

Тепачка во Скопје, едно лице повредено


Три непознати лица денеска на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје физички го нападнале Ф.С., кој се здобил со повреди, по што му била укажана лекарска помош во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Како што информира МВР, настанот се случил во 12.50 часот поради меѓусебно недоразбирање, по што дошло до […]