Ограбена бензинска пумпа во Радишани


 Непознат маскиран сторител рано изутрината извршил разбојништво во бензинска пумпа на ул.„Радишанска“ во Скопје. МВР информира дека сторителот со закана со пиштол од вработениот одзел засега неутврдена сума на пари, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Тешко повреден маж во сообраќајка кај Росоман


Четириесет и едногодишниот С.И., жител на велешкото село Бузалково е тешко повреден во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случила кај Росоман, потврди денеска за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. – Сообраќајната незгода се случила на магистралниот пат Градско – Прилеп, помеѓу патнички автомобил марка „пежо“ со француски регистарски таблички управуван од А.Б.(25) […]

Возач на скутер повредил пливач и побегнал


Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на лице кое вчера во 16.40 часот, управувајќи скутер во водите на Охридското езеро кај населбата „Езерски лозја“, го повредило лицето Р.Д. (50) од струшкото село Ливада. Според пријавата, Р.Д. пливал на околу 500 метри оддалеченост од брегот кај населбата „Езерски лозја“ кога бил удрен од скутер. […]

Сообраќајна несреќа во Чашка, едно лице полесно повредено


На регионалниот пат  село Лисиче – село Дреново, општина Чашка утрово се случила сообраќајна несреќа во која со повреди се здобил возачот на едно од возилата. Во сообраќајката учествувале автомобил  марка „ауди“ со велешки регистарски броеви управувано од С.К.(36) од село  Долно Јаболчиште – општина Чашка и патнички автомобил марка „Мерцедес “ со велешки регистарски […]

Отишол на одмор во Охрид, завршил во болница


На 08.08.2018 година во 15.45 часот во Пoлициската станица Охрид, било пријавено дека во пекара на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид, по вербална расправија, настанала и физичка пресметка меѓу лицата О.М. (27) од Прилеп, со престојувалиште во Охрид, и Д.Д. (39) од Радовиш, со престојувалиште во Охрид. Притоа, О.М. се заканувал со дрво , а […]

Тепачка во дискотеката во Градскиот парк во Скопје


Три момчиња од Куманово и едно од Скопје, физички се пресметале во дискотека во Скопје, при што се здобиле со повреди по лицето. „На 09.08.2018 година во 03.40 часот во дискотека во Градски парк бил нарушен Јавниот ре д и мир со тепачка помеѓу лицата Д.П. (22) од Скопје од една страна и лицата Т.Д. […]

Прободен 25 годишен кавадарчанец


Дваесет и петгодишен кавадарчанец вчера од сограѓанин бил прободен со остар предмет. Поради сериозноста на повредите, повредениот е пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Од МВР соопштија дека од Итна медицинска помош Кавадарци било пријавено дека на улицата „Тиквешко Востание“ било земено лицето Ј.М. со убодни рани од остар предмет. Тој бил пренесен […]

Кривична за полицаец за одземање на мобилен од мигрант


Полицаец од Регионалниот центар за гранични работи Север заработи кривична пријава за одземање мобилен телефон од мигрант и за издавање фиктивна потврда за вратени предмети. Како што соопшти МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против З.С. – вработен во РЦГРС поради […]

„Специјал“ нема да се затвори, изречена е само корективна мерка-едукација


Утврдени се пропусти во спроведувањето на добрата хигиенска пракса во продавницата „Специјал“ во центарот на Скопје, покажаа инспекциските контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Како што изјави  директорот на АХВ Зоран Атанасов, дуќанот нема да се затвори, изречена е само корективна мерка-едукација. Ако во некои следни контроли повторно се утврди каков било пропуст, […]

Жител на гостиварско застрелан во стомак од огнено оружје


Триесет и четиригодишен жител на гостиварското село Корито вчера бил застрелан од огнено оружје во пределот на стомакот. Од МВР соопштија дека околу 17:30 часот во Центарот за известување и команда Тетово, од Ургентниот центар Гостивар, било пријавено дека кај нив бил донесен А.Ш. со повреда од огнено оружје во пределот на десната страна на […]

Тројца охриѓани „олесниле“ магацин за градежни материјали


Тројца охриѓани во период од четири месеци ограбувале магацин со градежни материјали при што се стекнале со противправна имотна корист од над 5.000 евра. Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(58), В.З.(52) и Ш.Ш.(83), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”. […]

Приведени пет девојки и газдата во ноќен бар во Желино


Во периодот од 23.00 часот на 05.08.2018 до 03.00 часот на 06.08.2018 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Желино, сопственост на Ј.Ф. (41) од село Желино. При контролата во објектот биле затекнати пет женски лица од кои три странски државјанки (две од Република Албанија […]

Мотоциклист од Охрид загина кај селото Косел


Љупчо Ј. (32) од Охрид загина во сообраќајна несреќа што вчера попладнето се случи на магистралниот патен правец Охрид – Ресен, кај селото Косел. Тој во својство на мотоциклист на критичното место изгубил контрола врз мотоциклот и удрил во задниот дел на автобус со кочански регистерски таблички, запрен покрај патот и надвор од коловозот. Екипата […]

Двајца загинати во сообраќајка на магистралниот пат Штип – Велес


Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип – Велес. Според самостојниот инспектор за сообраќај во СВР Штип Владо Петров,  несреќата се случила во 14:15 часот меѓу возило влекач и товарно возило. Двете возила директно се судриле со што двајцата возачи на лице место се починати, а повредени […]

Разбојништво во бензинска пумпа на излезот од Струга кон Дебар


Две непознати лица рано изутрината извршиле разбојништво во бензинска пумпа на излезот од Струга кон Дебар, информира МВР. Сторителите со закана со пиштоли од вработените одзеле неутврдена сума на пари од дневниот пазар, по што побегнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Малолетник починал на улица во Охрид


Малолетник синоќа околу 23.30 часот бил донесен починат во Општата болница во Охрид. – Според насоки на Јавниот обвинител, преземени се мерки при што е утврдено дека се работи за малолетно лице од Охрид на возраст од 17 години кое претходно се движело по улицата „Марко Цепенков“ со уште неколку негови другари. Во еден момент […]

Охриѓанка најдена мртва во стан во Скопје


Охриѓанка на возраст од 41 година вчера била најдена мртва во стан во кој живеела под кирија во скопската насеба Карпош. Жената два дена не одела на работа и била пријавена во полиција. Жената вчера наутро била најдена во бесознание и со возилона Итна медицинска помош била пренесена на Клиника, каде попладнето починала. По наредба […]

Медицинска компликација причина за смртта на родилка во КБ Штип


Завршен е извештајот за случајот со родилката која во јуни почина во Клиничката болница во Штип и пред два дена беше доставен до Министерството за здравство од страна на формираната Комисија. Според наодот на Комисијата запазени се сите процедури согласно практиките на добро лекување и станува збор за жал за медицинска компликација, истакна денеска ресорниот министер […]

Беровец починал од повреда при сечење борови


Г.Ѓ. (51) од Берово вчера починал од повреди во пределот на главата што ги добил додека сечел борови во местото Ормане – Царев Дол. Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 12 часот. Г.Ѓ. бил со повеќе лица меѓу кои и неговиот син. Тие му пружиле помош, по што со Итна медицинска помош бил […]

Полициска акција во Полошко: Откриени 17 странски државјанки


Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово синоќа од 23:00 до 2:00 часот извршиле акциска контрола во угостителски објект, лоциран на регионалниот пат Тетово-Фалише, сопственост на А.З. (50) од Тетово. Во објектот биле затекнати 16 странски државјанки, на возраст од 18 до 33 години, кои работеле како танчерки и пејачки. Од нив 14 биле од […]