(Видео) Во Прилеп маж бојадисува куче, тоа избезумено и преплашено


Среде центар во  Прилеп маж бојадисува куче, а тоа е избезумено и преплашено. Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ ги повикува сите надлежни институции да преземаат превентивни мерки против насилството врз животните.Од здружението прашуваат: Дали некогаш ќе дојде крај на изживувањето на уличните животни?! Дали некогаш ќе се санкционираат ваквите психички пореметени личности што се […]

(Видео) Дванаесетгодишниот Марко го преплива Охридско Езеро


Голем подвиг направи 12-годишниот Марко Пејчиновски кој денеска за помалку од девет часа го преплива Охридското Езеро. Малиот Марко претпладне околу 9:30 часот го почна херојскиот потфат од Свети Наум за по 18 часот да стигне на пристаништето во Охрид. Подвигот на Пејчиновски уште повеќе добива на тежина, ако се знае дека момчето има доживеано […]

Пукање на свадба во Скопје


Вознемирени граѓани од населбата Бутел вчера пријавиле во полиција дека во периодот од 19,50 до 20,10 часот на улицата Петар Манџуков се слушнале истрели од оружје. Полициски службеници извршиле увид во двор на куќа, сопственост на С.Т. (56), каде имало семејна веселба, по што на местото на настанот затекнати биле и лицата Љ.Т.(28), А.Т.(21), Е.Т.(22), Д.И.(23). […]

Прилепчанец пријавил дека му украле ранец со 8,8 милиони денари


Прилепчанец пријавил во полиција дека тројца разбојници му го украле ранецот во кој имал 8,8 милиони денари. Според информациите од МВР, вчера во Струга во 14,20 часот Д.З.(26) од Прилеп пријавил дека на улицата Битолски конгрес физички бил нападнат од страна на три непознати лица кои потоа го испрскале со солзавец и му го земале […]

Прилепчанец загина во сообраќајка


Педесет и едногодишен маж од Прилеп вчера загина во сообраќајка која се случила на магистралниот пат Градско – Прилеп во близина на бензинската пумпа „Лукоил“. Како што соопшти МВР во 11:20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Даф“ со приколка „Коегел“, со радовишки регистерски таблици управувано од Ј.П.(26) од Радовиш и патничко […]

Почина рудар по пад во јама


Рударот Ј.П. (55) од село Мождивњак, Кривопаланечко, починал синоќа откако, додека работел, паднал во јама. Ј.П. им подлегнал на повредите од падот на пат кон Здравствениот дом во Крива Паланка. Според МВР, несреќата се случила околу 21.25 часот во рудникот „Болмак“ во Крива Паланка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. мч/са/10:20

Кривична пријава за петмина скопјани за грабнување


Полицијата поднесе кривична пријава против С.С.(39), Д.П.(40), А.Ј.(28), А.Н.(30) и Ж.М.(35), сите од Скопје за сторено кривично дело „грабнување‘‘. Како што информира денеска МВР, пријавените на 19 јуни годинава околу 9 часот во кафе-бар во Скопје договориле средба со М.К.(45) од Скопје со цел да разговараат за неговиот паричен долг од 7.300 евра кон првопријавениот. […]

Осумгодишно момче од Србија тешко повредено во сообраќајка во Чаир


Осумгодишно дете од Република Србија е тешко повредено синоќа во сообраќајна несреќа на крстосница во Чаир откако во него удрило возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. К. (46) од с.Блаце, Скопско. Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила во 22.30 часот на крстосницата од ул. „Славеј Планина“, ул.„362“, ул. „Македонско Косовска бригада“ […]

Момче од Струмица е тешко повредено по сообраќајка со мопед


Тринаесетгодишно момче од село Сарај, струмичко, синоќа е тешко повредено откако изгубило контрола врз мопедот што го управувало без регистарски ознаки и удрило во бетонски ѕид од куќа. Како што наведуваат од МВР, несреќата се случила синоќа во 20.50 часот во Струмица на улица „Цветан Димов“. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди […]

(ФОТО) Нова несреќа во Аеродром: Излета моторциклист


Нова сообраќајна несреќа во скопската населба Аеродром. Моторциклист излета од коловозот на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ кај Железничката станица, но, за среќа, барем според првичните информации, е  надвор од животна опасност. Брзата помош му укажа помош, а од голема помош е и тоа што носел шлем. И пред неколку дена имаше тешка несреќа речиси […]

Турски државјанин удрил во полицаец во обид да избегне пајак-служба


Турски државјанин со привремен престој во с.Велебрдо-Ростуше, синоќа во Скопје се обидел да спречи пајак-возило да го отстрани неговото неправилно паркирано возило, а при обидот за бегство со возилото удрил во полициски службеник, кој потоа успеал да го фати и лиши од слобода. На 18.08.2018 година во 21.40 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, во моментот кога […]

Камион прегази жена во Прилеп


Седумдесет и едногодишна прилепчанка С.П. вчера им подлегна на повредите здобиени од удрар од товарно возило „Киа Бета“ управувано од С.Т. од Прилеп, со прилепски регистарски ознаки. Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила околу 09.40 часот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Ристо Секирчанец“ и ул.„Јоле Андоноски во Прилеп“. – Од ударот С.П. се здобила […]

Еден загинат кај Дабиле


Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила во 13.50 часот на патот Струмица-Берово, на излез од селото Дабиле, потврдија од МВР за МИА. Според првичните информации автомобилот излетал од патот и удрил во бетонски столб. Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Киднапирана скопјанка, избегала од возило на пат кон Велес


Непознат сторител вчера попладне ја киднапирал дваесет и тригодишната Ќ.М. од Скопје и насилно ја внел во патничко возило со кое се упатил кон Велес. Во близина на езерото „Младост“, таа успеала да избега од возилото фаќајќи го воланот и пеш се упатила кон Велес. Како што соопшти МВР во полицискиот билтен, непознатото лице и се […]

Жена прегазена од трактор во Требеништа


Шеесет и двегодишната В.М. од с.Требеништа, со живеалиште во Австралија, вчера била прегазена од трактор на локалниот пат Требеништа – Ливоишта. МВР соопшти дека В.М. се превезувала на трактор што го управувала Р.Ј.(67) од Требеништа, со живеалиште во САД. Р.Ј. во еден момент изгубила контрола врз тракторот и тој почнал да се движи наназад, по […]

Запален „Мерцедес“ во Велешко


Возило „мерцедес Ц 180“ е опожарено синоќа во 01:30 часот во дворот од семејна куќа на улицата „Гоце Делчев“ во велешкото село Отовица. Возилото е сопственост на 64-годишниот С.И. од Велес. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица во Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Тешко повредено девојче во Неготино откако ја удрил автомобил


Единаесетгодишно девојче од Велес е тешко повредено во Неготино кога во дворот на една здравствена установа во неа удрило патничко возило „Киа Спотаж“. Полицијата соопшти дека вчера во 9:30 часот во двор на здравствена установа на ул. „Ико Заров“ во Неготино, В.Н. (48) од Неготино, управувајќи патничко возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки, удрила […]

Украл фотографија од Фејсбук профил на полицаец и се заканувал по луѓе


Во полициската станица „Бит Пазар“ полициски службеник од Скопје пријавил дека е злоупотребена негова фотографија преземена од социјалната мрежа Фејсбук. „Непознато лице ја презело неговата слика од социјална мрежа, на која бил во полициска униформа, и на истата социјална мрежа во негово име и со негова слика им се заканувал и им барал пари на […]

Тешка кражба во куќа на ул.„Франц Прешерн“ во Скопје


Непознат  сторител вчера извршил тешка кражба во куќа на ул.„Франц Прешерн“ во Скопје. МВР информира дека кражбата во Полициската станица Карпош ја пријавила сопственичката на куќата Л.З. (53). Сторителот со употреба на сила влегол во куќата и одзел две пушки и пиштол марка „Црвена Застава М-88“ калибар 9 мм, сопственост на нејзиниот починат сопруг, златен накит […]

Скопјанец извршил полови дејствија врз 15-годишна девојка


Триесет и седумгодишниот скопјанец С.Ј. синоќа во Полициската станица Струга пријавил дека истиот ден околу 15 часот во куќата на Ф.Н. во тој град каде престојува заедно со неговото семејството, 39-годишниот скопјанец С.Џ. извршил полови дејствија врз неговата 15-годишна ќерка. Од страна на полициски службеници С.Џ. бил пронајден и приведен во Полициска станица, при што било констатирано дека […]