Повреден работник додека чистел снег на патот Маврово-Галичник


Триесетгодишен тетовец, вчера се повредил додека со булдожер расчистувал снег по регионалниот пат Маврово-Галичник. Според СВР Тетово во близина на месноста „Царева чешма“, Ш.И. со булдожер работел на расчистување на снегот и во еден момент неговата машина заглавила во снегот. Откако излегол и застанал на металните скали од десната страна на машината, од задната страна …

Повреден работник додека чистел снег на патот Маврово-Галичник Read More »

Тешко повреден возач во соообраќајка во Скопје


Возач на автомобил е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улица „Васил Чакаларов“ во Скопје помеѓу две возила и камион. Како што соопшти МВР, сообраќајката која била пријавена во 17 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје се случила помеѓу патничко моторно возило „Хонда” управувано од С.И.(27) од Скопје, патничко моторно …

Тешко повреден возач во соообраќајка во Скопје Read More »

Малолетничка избегала од домот „25 Мај“


Четиринаесетгодишна штитеничка од Домот „25 Мај“ се оддалечила од институцијата од непознати причини во периодот од 31 март до 2-ри овој месец. Случајот, како што информира МВР, социјален работник од домот „25 Мај“ вчера околу 11 часот случајот го пријавил во полицијата. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето

Повторно приведен Јане Ченто, еден од осомничените за 27 април


Изутрината околу 8:30 часот полицијата во Прилеп го привела Јане Ченто, еден од осомничените за настаните во Собранието на РМ на 27 април 2017 година, кој беше во куќен притвор во својот дом на улицата „Цане Коњарец“. Според Коле Спиркоски, таткото на Јане Ченто, полицијата пристигнала изутрината, прво да провери дали неговиот син е дома, …

Повторно приведен Јане Ченто, еден од осомничените за 27 април Read More »

Крадец со закана со нож ограбил аптека во Козле


Непознат сторител синоќа во 20.50 часот извршил разбојништво во аптека на ул. „Козле“ во Скопје. Сторителот со закана со нож ги одзел парите од дневниот промет и побегнал во непознат правец. МВР информира дека вработена во аптеката во 21 часот ја пријавила кражбата во Единицата за информации и команда Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање …

Крадец со закана со нож ограбил аптека во Козле Read More »

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 19 април


Денешното рочиште за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“, на кое поранешниот градоначалник на Центар Андреј Жерновски одговараше на прашање на одбраната заврши, а следното е закажано за 19 април, кога треба да бидат испрашани уште двајца сведоци. Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, …

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 19 април Read More »

Обвинетите за „Насилство во Центар“ се изјаснија за невини


Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“ со вкрстено испрашување на поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски. Тој треба да одговара на прашања на адвокатите, а на претходните рочишта беше испрашуван од обвинителите на СЈО. Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и …

Обвинетите за „Насилство во Центар“ се изјаснија за невини Read More »

Обвинетите во случајот „Алмир“ не чуствуваат винa, пресуда ќе има в четврток


Обвинетите во случајот „Алмир“ не се чуствуваат виновни, ниту првообвинетиот Бобан Илиќ кого Обвинителството го товари за „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ниту пак тројцата обвинети за „насилство“, таткото на детето, Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу. Нивните адвокати во завршните зборови, денеска во кумановскиот Суд побараа ослободителни пресуди. …

Обвинетите во случајот „Алмир“ не чуствуваат винa, пресуда ќе има в четврток Read More »

Украдени 2,4 милиони денари веднаш по подигање од банка во Аеродром


Украдени се 2,4 милиони денари од Д.К. (38) додека бил паркинг на булеварот „Јане Сандански“ зад експозитура на банка, од каде претходно ги подигнал парите. Оштетениот во полицијата денеска околу 11:15 часот пријавил дека разбојништвото го извршиле две непознати лица кои дошле со моторцикл. Рекол дека му се одземени околу 2.400.000 денари кои претходно ги …

Украдени 2,4 милиони денари веднаш по подигање од банка во Аеродром Read More »

Нападнати две лица во Градски парк, претходно им барале пари


Непознати машки лица ноќеска околу 1, 20 часот во Градскиот парк во Скопје ги нападнале А.Н.(23) од Прилеп и С.Б.(23) од Скопје. Нападнатите, како што е наведено во полицискиот билтен, додека се шетале биле пресретнати од неколку непознати машки лица, кои им побарале пари. Во тој момент С.Б. успеал да избега и да го пријави настанот …

Нападнати две лица во Градски парк, претходно им барале пари Read More »

Маж се обесил во битолскиот затвор


Вработен во Одделението за притвор во Затворот Битола утрово околу 6 часот го пронашол обесен И.Д.(54). Смртта е констатирана од страна на лекар од Брза помош. Од страна на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увидот е во тек.

Лажна дојава за бомба во бар во Скопје


Лажна пријава за бомба во бар на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ синоќа била пријавена во полициската станица во Центар. Од МВР денеска информираа дека непознато машко лице се јавило 55 минути по полноќ во полициската станица и пријавило дека има поставено бомба во бар која ќе експлодира за половина час. На местото на настанот излегле …

Лажна дојава за бомба во бар во Скопје Read More »

Полицијата со детали за несреќата во Кочани: Едно лице почина и четворица се повредени


Четириесет и седумгодишниот кочанчанец Н.Ј. починал вчера, а четири лица од Штип, Кочани и Крива Паланка се здобиле со тешки телесни повреди откако од засега непознати причини кај кочанската градска капела биле потиснати од мермерни плочи кои се излизгале при нивно истоварување од контејнер од товарно возило во кое се наоѓале. МВР соопшти дека Б.Н. …

Полицијата со детали за несреќата во Кочани: Едно лице почина и четворица се повредени Read More »

Таксист сакал да ограби Американец и не го пуштал да излезе од возилото


Во Полициската станица – Центар вчера околу 19 часот и 10 минути, 32-годишниот Р.Р. од Северна Каролина-САД, со привремено престојувалиште во Скопје, пријавил дека истиот ден околу 16:45 часот од плоштадот „Скендербег“ се качил во такси возило и му кажал на возачот да го однесе до хотел во Скопје. Откако пристигнале пред хотелот, таксистот му …

Таксист сакал да ограби Американец и не го пуштал да излезе од возилото Read More »

Почина двегодишно дете во Прилеп


Двегодишно дете од прилепското село Десово вчера почина откако врз него од засега непознати причини паднал преграден ѕид во помошен објект во изградба во дворот од семејната куќа. Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 09.30 часот во село Десово–Прилеп, во дворот од семејната куќа на А.Ф., двегодишното дете Х.Ф. влегло во помошен објект …

Почина двегодишно дете во Прилеп Read More »

Скопјанец лажно се претставувал како адвокат и полицаец


Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата триесет и тригодишен скопјанец за измама. Министерството за внатрешни работи соопшти дека против П.К.(33) од Скопје постои основано сомнение дека извршил четири кривични дела -“измама“, предвидено и казниво согласно член 247 од КЗ на РМ, и В.Б.(39) од Скопје …

Скопјанец лажно се претставувал како адвокат и полицаец Read More »

Средношколец од Струга сексуално злоставуван од друг ученик


Ученик од средно училиште во Струга бил сексуално злоставуван од друг малолетен ученик. Случајот во полиција е пријавен вчера од страна на Центарот за социјални работи во Струга. Малолетникот во разговор со социјалниот работник, психолог, педагог и адвокат за деца изјавил дека во повеќе наврати во летото 2017 година во неговиот дом бил сексуално злоставуван …

Средношколец од Струга сексуално злоставуван од друг ученик Read More »

Повреден мотоциклист откако во него удри автомобил


Мотоциклист е повреден вчера кога во него удрило возило на крстосницата од улицата „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров. – Во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило „Рено 5“ со скопски регистерски ознаки управувано од Р.Л .(62) и мотоцикл „Кавасаки” исто така со скопски регистерски ознаки, управуван од Б.Т.(22) и двајцата од Скопје, соопшти МВР. …

Повреден мотоциклист откако во него удри автомобил Read More »

Кривична за скопјанецот кој ја уби мајка си


Полицијата поднесе кривична пријава против скопјанецот М.Г.(50), осомичен за убиство на неговата мајка извршено на 19-ти овој месец. Тој вечерта околу 19 часот во семејниот дом одлучил најпрвин да и го одземе животот на неговата мајка, К.Г. (77), а потоа да си го одземе и сопствениот живот. Додека неговата мајка била на креветот, М.Г. и …

Кривична за скопјанецот кој ја уби мајка си Read More »

Во паркирано возило на обиколница пронајден починат 71-годишен скопјанец


Во паркирано возило вчераутро бил пронајден починат М.М. (71) од Скопје, на обиколницата помеѓу селата Орман и Волково во правец од Скопје кон Тетово. МВР соопшти дека случајот бил пријавен вчера во 10.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје. Лекар констатирал смрт без траги на насилство и по наредба на Јавен обвинител телото на …

Во паркирано возило на обиколница пронајден починат 71-годишен скопјанец Read More »