Во пожар во семејна куќа изгореле 21 илјада евра и 30 илјади швајцарски франци


Вчера во куќа во село Србица – кичевско избувнал пожар во кој изгореа голема сума на пари. При пожарот во семејната куќа на 46-годишниот М.Л. изгореле мебелот и покуќнината во спалната соба, како и 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци. Огнот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица – Кичево, а увид извршила екипа …

Во пожар во семејна куќа изгореле 21 илјада евра и 30 илјади швајцарски франци Read More »

Загина уште еден тракторист


Шеесет годишниот М.С. од Скопје загинал вчера село Ковач, кај Македонски Брод, откако изгубил контрола над тракторот што го управувал движејќи се по шумски пат. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 13 часот, а се случил во атарот на с.Ковач-Македонски Брод. – М.С.(60) од Скопје движејќи се со трактор по шумски земјен …

Загина уште еден тракторист Read More »

Во јавност првпат пуштени снимки од обидот за убиство на Села


Снимки од упадот во Собранието што се случи пред точно една година, се презентираа денеска во Кривичниот суд, на судењето за обидот за убиство на Села. Овие снимки се пуштаат првпат во јавноста, објави Сакамдакажам. За обидот за убиство на Села кој едвај остана жив, обвинети се 10 лица. Деветмина од нив се во притвор …

Во јавност првпат пуштени снимки од обидот за убиство на Села Read More »

Салмонела затрула 13 сватови во Штип


Шеснаесет лица од Штип, меѓу кои и едно дете, се хоспитализирани на Инфективното Одделение во штипската Клиничка болница, откако се затруле од храна. Станува збор за лица кои биле на три различни свадби, но во истиот угостителски објект. Според лекарите, првите пациенти почнале да пристигнуваат минатата недела, по што продолжиле и во текот на наредните …

Салмонела затрула 13 сватови во Штип Read More »

На 18 мај ќе се знае дали Грујевски и Бошковски ќе бидат екстрадирани


Пo еден чaс зaд зaтвoрени врaти и дaден искaз, во Врховниот суд во Атина зaврши рoчиштетo по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Одлукaтa на судот ќе биде сooпштенa нa 18 мaј. На барање на адвокатите, судницата денеска беше испразнета. Во салата останаа само Грујевски и Бошковски, адвокатскиот тим, двајцата преведувачи и …

На 18 мај ќе се знае дали Грујевски и Бошковски ќе бидат екстрадирани Read More »

Во Врховниот суд во Атина во тек е рочиштето за Грујевски и Бошковски


Зад затворени врати, исто како и минатиот пат, во Врховниот суд во Атина продолжи рочиштето по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, откако на 9 март, беше прекинато поради правни прашања. Рочиштето започна неколку минути по 11.30 часот по локално време, откако поминаа сите останати над 20 случаи, што беа на …

Во Врховниот суд во Атина во тек е рочиштето за Грујевски и Бошковски Read More »

Врховен суд го одби барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелациски во предметот „ТНТ“


Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната во предметот на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“ за изземање на в.д. претседателот на Апелациски суд-Скопје Лидија Димчевска и нејзиниот заменик, на 16 овој месец донел решение со кое барањето за иземање се одбива како неосновано. Решението преку Апелациски суд-Скопје е доставено до Основниот суд Скопје 1. Како што соопшти Основен суд Скопје 1, …

Врховен суд го одби барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелациски во предметот „ТНТ“ Read More »

„Титаник“ повторно одложен, еден од адвокатите казнет со 1.000 евра


Судењето за предметот „Титаник 3“ на СЈО што требаше да почне денеска во Кривичниот суд, повторно е одложено, овој пат за 11 мај. Причина за одложувањето е неприсуството на адвокатот Миланко Еленов. Тој заработи казна од 1.000 евра, бидејќи не се појави на судењето. Тој доставил оправдување до судот дека нема да дојде на рочиште, …

„Титаник“ повторно одложен, еден од адвокатите казнет со 1.000 евра Read More »

Прегазен пешак на т.н. Пластичарска улица


Синоќа во 22.10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. „Цветан Димов“ и бул. „Никола Карев“ патничко возило „Ланчиа“ со скопски регистарски таблици, управувано од С.П. (52) од Скопје удрило во пешак Ш.Д. (58) од Скопје. Од ударот со повреди се здобил пешакот кој со возило на Итна медицинска …

Прегазен пешак на т.н. Пластичарска улица Read More »

Бебе паднало од балкон во Куманово


Во 15 часот и 55 минути во полицијата во Куманово, од Итната медицинска помош било пријавено дека на улицата „Егејска Македонија“ дошло до несреќен случај во кој 13-месечно бебе паднало од балкон. Детето било пренесено во Јавната здравствена Куманово и по укажаната помош било пренесено во Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. …

Бебе паднало од балкон во Куманово Read More »

Кварталните приходи на Кока Кола ги надминаа проценките на Волстрит


Кварталните приходи на компанијата Кока Кола ги надминаа проценките на Волстрит за околу 300 милиони долари, поради силната побарувачка за „кола без шеќер“. Профитот се зголеми благодарејќи и на новиот вкус од брендот „диетална кола“ („diet coke“). Нето-добивката на американскиот производител на безалкохолни пијалоци за три месеци, заклучно со 30 март, е зголемена на 1,37 милијарди …

Кварталните приходи на Кока Кола ги надминаа проценките на Волстрит Read More »

Спасовски: Пратениците за 27 април беа приведени на барање на обвинителството


Сите наредби за приведување за насилствата од 27 април во Собранието на Република Македонија се издадени од судија на претходна постапка врз претходно барање на јавниот обвинител за гонење на организиран криминал и корупција. А во однос на пратениците, не станува збор за притвор туку за приведување, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи …

Спасовски: Пратениците за 27 април беа приведени на барање на обвинителството Read More »

Обид за киднапирање 14-годишно момче во село Палатица


Четири непознати лица вчера се обиделе да киднапираат 14-годишно момче во село Палатица, соопшти МВР. Случајот вчера околу 7:45 часот во Полициското одделение Групчин го пријавил таткото на детето З.И. (39) од село Палатица. Тој кажал дека дента околу 7:45 часот, додека заедно со неговиот 14-годишен син со патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки …

Обид за киднапирање 14-годишно момче во село Палатица Read More »

„Титаник“ одложен за 2 мај, се уште нема одлука за изземањето на судиите


Денешното рочиште за предметот на СЈО „Титаник“ е одложено бидејќи до Судот се уште нема пристигнато одговор на барањето на адвокатот Еленко Миланов за изземање на судечкиот совет, на претседателот на Кривичен суд и на судии од Апелацискиот суд во Скопје. Судијата Осман Шабани ново рочиште закажа за 2 мај. Адвокатот Миланов на минатото рочиште побара …

„Титаник“ одложен за 2 мај, се уште нема одлука за изземањето на судиите Read More »

Врховниот суд во Атина утре решава за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски


Врховниот суд во Атина утре се очекува да продолжи со рочиштето по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, откако на 9 март, беше прекинато поради правни прашања. Рочиштето минатиот месец се одржа зад затворени врати, по барање на тимот од двајцата грчки адвокати на Грујевски и Бошковски. Ваквото барање до шесточлениот …

Врховниот суд во Атина утре решава за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски Read More »

Му го одзел возилото и побегнал


Утрово во 07,30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Љ.К. (72) од Скопје пријавил дека во периодот од 14,30 часот на 24.04.2018 до времето на пријавување од улицата „Џон Кенеди“ непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски таблици. Сторителот влегол во возилото, го стартувал и заминал во непознат правец  стекнувајќи се …

Му го одзел возилото и побегнал Read More »

Критична маса: Подобри закони за поубави градови


Под мотото „Подобри закони за поубави градови“, „НаТочак“ – Скопје, попладнево, со уште една велосипедска тура од плоштадот „Македонија“ што ќе почне во 17:30 минути, ќе им даде поддршка на законските измени за зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобар квалитет на живот во градовите. Во исто време ќе делуваат и „критичните маси“ во Штип и Прилеп. Измените …

Критична маса: Подобри закони за поубави градови Read More »

Во Ресен во шума пронајдено лице обесено на дрво


Во Ресен над објектот на Средното училиште во борова шума, вчера во 19,30 часот било пронајдено лице засега со неутврден пол, обесено на дрво, чиешто тело било во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено во капела во Ресен. …

Во Ресен во шума пронајдено лице обесено на дрво Read More »

Невладините во Тетово бараат повеќе зеленило во градот


Со зелен теписон на градскиот плоштад како и дрва и палми напарвени од отпадоци собрани од тетовските улици  активистите од неколку невладини организации од Тетово со симболичен пикник на градскиот плоштад  од локалната самоуправа побараа да го зголеми зеленилото во градот. – Нашата акција е да се покрие сиво со зелено зошто многу малку имаме …

Невладините во Тетово бараат повеќе зеленило во градот Read More »

Двајца скопјани каснати од кучиња скитници


Двајца скопјани вчера во централното градско подрачје биле нападнати и каснати од кучиња скитници. Нападите биле пријавен во Полициската станица Центар. Дента околу 12:10 часот, додека се движел на улицата „Кеј 13-ти Ноември“, Ј.Т. (59) бил каснат за левата нога од куче-скитник. М.Ј. (20), пак, пријавила дека околу 18:00 часот била нападната од три кучиња-скитници на улицата „Стале Попов“, од …

Двајца скопјани каснати од кучиња скитници Read More »