Осуммина повредени во неколку одделни сообраќајки


Во текот на изминатото деноноќие дури осум учесници во сообраќајни незгоди се повредени, од кои повеќето сопатници. Според билтенот на МВР во средата во 21.15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, на место викано „Бучила“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Цитроен“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Г.(57) од Радовиш, и […]

Полицијата нашла над 1.000 археолошки монети кај на поранешниот кавадаречки градоначалник


Во домот на поранешниот градоначалник на Општина Кавадарци, А.П., полицијата пронашла над 1.000 монети со археолошка вредност, соопшти МВР. Станува збор за монети кои биле пронаоѓани на разни локалитети низ Македонија. Во текот на денот се очекува и официјална потврда и повеќе детали од МВР . Некои медиуми јавија дека поранешниот градоначалник на Кавадарци Александар […]

Загина 18-годишно момче, а четири се повредени во сообраќајка на патот Пробиштип-Крупиште


Во тешка сообраќајна несреќа што се случила утринава на регионалниот пат Пробиштип-Kрупиште во близина на селото Бучиште, на самото место загина 18-годишно момче со иницијали В.Ј. од  Кочани, кое управувало со автомобил марка „сеад толедо“ со кочански регистарски таблички. Во возилото имало уште четворица сопатници на возраст од 18 и едно на возраст од 17 […]

Двајца приведени заради поседување марихуана


Двајца жители на гостиварското село Чегране се приведени откако при претрес кај нив е најдено ќесе со марихуана. Според СВР Тетово, полициски службеници, вчера околу 15:45 часот, во гостиварското село Чегране ги лишиле од слобода 21-годишниот Ш.А. и 24-годишниот Е.А., жители на ова село. При нивен преглед пронајдена е марихуана по што двајцата потоа се […]

Се бара притвор за поранешниот директор на Централниот регистар


Кривична пријава и барање за притвор ќе поднесе Основното јавно обвинителсво од Скопје против поранешниот в.д. директор на Централниот регистар, Андреа Поповски поради сомнеж дека ги злоупотребил службената положба и овластувањата. Поповски кој вчера беше приведен, се товари дека вработувал партиски кадри. Како што соопшти денеска ЈОРМ, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување […]

Приведен гостиварец поради неовластено приредување огномет


Жител на гостиварското село Беловиште е приведен и се соочува со пријава поради неовластено приредување огномет на свадбена веселба. Од СВР Тетово потврдуваат дека синоќа околу 22 часот и 50 минути, во Полициската станица Гостивар бил приведен М.Б. (49) од гостиварското село Беловиште поради неовластено приредување огномет и нарушување на јавниот ред и мир. На […]

Царината заплени накит Сваровски, девизи, облека, мобилни телефони…


Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење на стока, при што привремено се задржани рачни електрични апарати и алат, накит Сваровски, облека, девизи, турбина за камион, мобилни телефони и делови за мобилни телефони и друго. Привремено се задржани: Девизи – 141.000 евра, откриени при контрола на македонски автомобил, сопственост […]

Уапсени осум осудени криминалци во Прилеп


  Денеска Криминалистичката полиција, во координација и соработка полициската станица од Прилеп, а по претходно изготвен план, спроведоа оперативни активности за лоцирање и приведување лица кои се бараат по потерници, наредби од судови, затворски и други институции на подрачjето на Прилеп. Притоа, од слобода се лишени осум лица за кои што Основниот суд Прилеп имал […]

Шест лица во Тетовско приведени поради дрога


Полицајци од Тетово нашле кокаин кај три лица, а притоа едниот од нив се обидел да ја фрли дрогата и нападнал еден од службениците. Настанот се случил синоќа околу 21 часот на улицата „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово. – Од слобода се лишени Е.Н. (32) и К.Б. (30), двајцата од тетовското село Порој и С.Ч. (21) […]

Хорор во Скопје: Тело на мртва жена најдено во вреќа


Вчера во 16,05 часот во СВР Скопје, машко лице пријавило дека на патот кон село Горно Оризари додека извршувал работни задачи во нива која била во близина на патот, пронашол црна вреќа во која имало човечки труп. По наредба на јавен обвинител телото е пренесено во Судска медицина за понатамошна постапка. Утврдено е дека се […]

Македонци притворени во Будва: Пустошеле на „Словенска плажа“


Црногорската полиција ги уапси македонските државјани Шаип Р. (58) и Тони Т. (52), кои што се сомничат дека изминатите две недели извршиле шест кражби на будванските плажи. Тие, како што пишуваат подгорички „Вијести“ биле откриени откако на туристите на познатата „Словенска плажа“ им rи краделе торбите, а потоа ги оставале под чадорите додека се бањале […]

Се скинал кабел од бандера и запалил куќа во Визбегово


Кабел од бандера се скинал и паднал врз покрив од куќа во скопското село Визбегово. Кабелот предизвикал пожар во кој биле опожарени кровната конструкција и вториот кат од куќата. Случајот во полиција го пријавил сопственикот. Повредени лица нема, а скопските пожарникари успеале да го изгаснат огнот.

Пронајден човечки труп во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица


Попладнево околу 18 часот во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица е пронајден човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило. Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека трупот по наредба на јавен обвинител е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација. […]

Ограбена патарината кај „Глумово“, ќе помогнат ли камерите?


Две вооружени лица ја ограбиле патарината кај Глумово на излезот од Скопје на автопатот кон Тетово. Според полицијата, разбојништвото се случило утрово околу 4.15 часот. Напаѓачите со фантомки на главите му се заканиле на вработениот дека ќе го убијат доколку не им ги предаде сите пари од дневниот промет. Го зеле пленот и побегнале. Засега […]

Нова несреќа на скопската обиколница, повредени двајца полицајци


Двајца полицајци во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу пет часот на обиколницата во Скопје. Според Министерството за внатрешни работи, сообраќајката ја предизвикал 30-годишен жител на тетовското село Одри. Тој, управувајќи автомобил „бмв“ удрил во возило „шкода јети“, во кое биле двајца полициски службеници. Сите тројца се повредени. „Полицајците се здобиле со повреди и […]

Апелација ја потврди затворската казна од 7,5 години за дедото на Тамара


Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда од седум и пол години затвор за дедото на Тамара, Љупчо Стојановски, кој пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.   Стојановски разочаран од здравствениот систем, на 1 јуни 2017 година пукаше во министерот Никола Тодоров, откако неговата внука Тамара, во 2015 година почина чекајќи одобрување финансиски средства […]

Во сообраќајка во тетовско повреден малолетен пешак


Малолетник од Боговиње бил повреден откако вчера во селото Калник во него удрил 20-годишник, кој управувал со возило марка Бе-Ем-Ве. – Вчера околу 11 часот и 30 минути, било пријавено дека во тетовското село Калник, патничко моторно возило Бе-Ем-Ве со италијански национални ознаки, управувано од Ј.А. (20) од селото Калник, удрило во малолетник од тетовско […]

Полицијата со „нула“ толеранција за пукањето на свадби


Секторот за внатрешни работи Тетово најавува засилени контролни и репресивни активности за откривање и законско санкционирање на „пукањата“ на прослави и приредувањето огномети без одобрение. За да се справи со појавата на неконтролирано пукање со огнено оружје или со пиротехнички средства, неовластено приредувајќи огномети, СВР Тетово „сврти друг лист“ и најави децидно спроведување на законските […]

Дете прегазено со трактор, со тешки повреди пренесено во болница


Четиригодишно дете е тешко повредено откако паднало од приколка и било прегазено од трактор. Несреќата, информираат од МВР, се случила во беровско Двориште вчера околу 15.30 часот. –Пред мостот на „Дворишка река“ додека М.Т.(49) управувал трактор „Фиат 446 ДТ“, кој влечел приколка, во која биле Н.Т.(49) и уште две деца, едно од децата (4) паднало […]

Целосно изгаснат пожарот во зградата „папагал“, повредени нема


Пожарот што избувна синоќа во зградата „папагал“ на булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје е целосно изгаснат. Повредени нема, опожарен е еден стан, а неколку се оштетени. Од Противпожарната единица на Град Скопје информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 20:30 часот. Противпожарната единици интервенираше пет возила и 11 пожарникари кои прво го локализираа, а […]