Затвореник од Идризово проголтал цело пакување со дрога


Вчера околу 20.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.С.(40) од Битола проголтал пакување со прашкаста материја, соопшти МВР. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување помош. „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Јавното обвинителство поднесе обвинение против Палчо за убиството на Вања и Панче


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против Љупчо Палевски Палчо. Во обинението стои дека тој се товари за убиства и две кривилни дела – грабнувања.  „Во исто време, надлежниот обвинител поднесе и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица кои …

Јавното обвинителство поднесе обвинение против Палчо за убиството на Вања и Панче Read More »

Приведено лице за изнуда, се заканувал за непостоечки долг


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – СОНК во содејство со Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција вчера од слобода го лишиле Д.М.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело по член 258 од Кривичниот законик – “изнуда”. Како што се наведува во соопштението од МВР, на 08.08.2024 година, од …

Приведено лице за изнуда, се заканувал за непостоечки долг Read More »

Повеќе инциденти синоќа во Тиквешко


 Физички напади и нарушување на јавен ред и мир се дел од инцидентите во Тиквешијата кои биле пријавени синоќа и рано утринава, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Во полициската станица во Кавадарци, вчера во 20:20 часот било пријавено дека на излез од градот, кај „Полигон 15 Јануари“, бил нарушен јавниот ред …

Повеќе инциденти синоќа во Тиквешко Read More »

Притвор за татко и два сина осомничени за намерно предизвикување пожар кај Патишка Река


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против три лица – татко и неговите два сина, за кои постои сомнение дека заедно сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 1 од Кривичниот законик, а Основниот кривичен суд Скопје на тројцата осомничени им определи мерка притвор во траење од по …

Притвор за татко и два сина осомничени за намерно предизвикување пожар кај Патишка Река Read More »

Загина 23-годишен кичевец, се судриле и со четири паркирани возила


На 09.08.2024 година во 23,12 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево се случила сообраќајне несреќа помеѓу патничко возило марка „БМВ“ со странски регистарски ознаки, управувано од М.К.(23) од Кичево со патничко возило „Ауди“ управувано од Ѓ.И.(40) од Кичево, како и со четири паркирани возила: „БМВ“, „Ауди“, „Фолксваген …

Загина 23-годишен кичевец, се судриле и со четири паркирани возила Read More »

Три возила се судрија кај Тетово, меѓу повредените и дете


Три возила учествуваа во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Тетово-Брвеница. Несреќата, според информациите од МВР, е помеѓу „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.К.(56) од село Горна Речица, тетовско, со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(36) од село Желино, тетовско, како и паркирано патничко возило „мерцедес“ …

Три возила се судрија кај Тетово, меѓу повредените и дете Read More »

Му го одзеле пасошот, тој се обидел да помине граница со лична карта


– Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице осомничено за разбојништво кое не ги почитувало мерките на претпазливост, информираше денеска ЈОРСМ.  Основното јавно обвинителство Куманово води постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. По предлог на јавниот обвинител, Основниот …

Му го одзеле пасошот, тој се обидел да помине граница со лична карта Read More »

Кавадарчанец лишен од слобода, ѝ се заканувал на сопругата


 Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, пријавен бил дека се заканувал по живот на сопругата па бил агресивен кон полицаец. За ова информираа денеска од СВР Велес. – Синоќа во 20.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци лишиле од слобода 39-годишен кавадарчанец, затоа што агресивно се однесувал и спречувал полициски службеник при извршување службени …

Кавадарчанец лишен од слобода, ѝ се заканувал на сопругата Read More »

Локализиран пожарот што избувна во зграда во Карпош 3


Изгаснат е пожарот што денеска избувна во стан во зградата на улица „Манапо“ во Карпош 3 во непосредна близина на супермаркетот на ВЕРО. Повредени нема, а полицијата допрва ќе ја утврди причината за избувнување на пожарот, изјави за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески. -Пожарот избувна во стан во делот на …

Локализиран пожарот што избувна во зграда во Карпош 3 Read More »

МО: Оштетена спомен плоча на загинатите бранители кај „Карпалак“, случајот пријавен во МВР


Оштетена е спомен плочата на загинатите бранители кај месноста „Карпалак“, информираат вечерва од Министерството за одбрана, осудувајќи го ваквиот чекор. – Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на Министерството, уште во утринските часови. Веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи, за преземање соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. …

МО: Оштетена спомен плоча на загинатите бранители кај „Карпалак“, случајот пријавен во МВР Read More »

Менаџер на казино за малку ќе убиел коцкар што му барал тикет на заем


Основното јавно обвинителство  Куманово денеска  донесе мерки за претпазливост и наредба за спроведување на истражна постапка против 32-годишниот менаџер на казино, кој вчера се обидел да лиши од живот друго лице. На 8 август, во дворното место на сопствената куќа, осомничениот се обидел да лиши од живот друго лице. Осомничениот, менаџер во казино, пред да …

Менаџер на казино за малку ќе убиел коцкар што му барал тикет на заем Read More »

Сообраќајна несреќа во Грција – повредено четиричлено семејство од Македонија


Четиричлено семејство од Македонија е повредено во сообраќајна несреќа што рано утрово се случила на автопатот кон Солун при влез во Грција, откако, од засега непознати причини, автомобилот излетал од патот, а според локалните медиуми, сите патници биле пренесени во болница. Како што пишуваат медиумите од северна Грција, несреќата се случила околу 8.15 часот утрово, …

Сообраќајна несреќа во Грција – повредено четиричлено семејство од Македонија Read More »

Запален автомобилот на Драган Митковски, соработник на Данела Арсовска


Во населбата Ѓорче Петров, синоќа бил запален автомобилот на Драган Митковски, со прекар Драги книга, инаку близок соработник на градоначалничката Данела Арсовска. Митковски беше носител на листа на последните парламентарни избори од партијата Нова Алтернатива.Тој е и првиот претседател на Комората на сметководители во ССК формирана во 2009 година на негова иницијатива и воедно сопственик …

Запален автомобилот на Драган Митковски, соработник на Данела Арсовска Read More »

Незаконски сечеле дрва, полицијата ги приведе


 МВР соопшти дека вчера, во 07 часот, во штипското село Селце, полициски службеници ги лишиле од слобода И.А.(43) и Е.А.(19), двајцата од Селце. Во акцијата биле вклучени и дронови, за кои пред неколку дена директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев најaви дека ќе вршат мониторирање на шумските појаси на територијата на целата држава. …

Незаконски сечеле дрва, полицијата ги приведе Read More »

Прилепчанец петпати потпалил пожар во селата Слатина и Грешница


Денеска Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Д.Т.(57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик, извести МВР. „Пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на …

Прилепчанец петпати потпалил пожар во селата Слатина и Грешница Read More »

Поднесена кривична пријава против кумановец за обид за убиство


СВР Куманово денеска до Основното јавно обвинителство Куманово поднел кривична пријава против ВЈ.(32) од Куманово, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „обид за убиство“. Како што соопшти МВР, утрово во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода кумановецот В.Ј. -В.Ј. се сомничи дека околу 03 часот …

Поднесена кривична пријава против кумановец за обид за убиство Read More »

Претепани двајца затвореници од „Идризово“


Групна тепачка вчера попладне се случила во затворот „Идризово“, меѓу затворениците.  Како што информираа од полицијата, вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.30 часот во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, осудениците А.Ц.(23) и Ј.Ц.(25), двајцата од Скопје, биле физички нападнати од неколку други осуденици кои употребиле метални, дрвени и остри предмети. А.Ц. …

Претепани двајца затвореници од „Идризово“ Read More »

Тешко повреден возач кој излетал од мостот кај Градскиот безан во Велес и паднал на шините на пругата


Во СВР Велес синоќа во 22.45 часот било пријавено дека на ул.„Вардарска“, односно на мостот кај Градскиот базен патничко возило „хјундаи гец“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(53) од Велес, излетало надвор од коловозот, односно паднало на шините од пругата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Ќ., констатирани во Општа болница …

Тешко повреден возач кој излетал од мостот кај Градскиот безан во Велес и паднал на шините на пругата Read More »

Почина четиримесечно бебе во Струшко, причините ќе се утврдуваат


Четиримесечно бебе од струшко без знаци на живот синоќа од родителите било донесено во Општата болница во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски информира дека во ОВР Струга вчера во 22 часот и 43 минути било пријавено дека детето починато е однесено на Детското одделение. – На Детското одделение во Општата болница во …

Почина четиримесечно бебе во Струшко, причините ќе се утврдуваат Read More »