Македонски државјанин баран од скопските власти приведен во Ќустендил за екстрадиција


 Судот во Ќустендил во Бугарија му изрече мерка притвор на  Е.Н. (52) државјанин на Северна Македонија кој е во постапка за екстрадиција, јави дописникот на МИА од Софија. Како што соопшти Окружното обвинителство во градот, лицето било приведено од полицијата на барање на судските органи на Северна Македонија. -Тој е осуден од Основниот суд во Скопје  на […]

Продолжува судењето за случајот „Тортура“


Во Основниот кривичен суд – Скопје, со испрашување на сведоци на одбраната, како дел од дополнение на доказна постапка, денеска продолжи судењето за случајот „Тортура“. Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или […]

Главната расправа за „Моќник“ презакажана за 17 мај


Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека главната расправа за предметот „Моќник“ што требаше да се одржи денеска, се одложува поради смртен случај на еден од обвинетите. Следното рочиште е насрочено за 17 мај 2021 година во 11:00 часот. За евентуални промени во термините за расправа, странките и јавноста, нагласува Судот, ќе бидат благовремено информирани. 

Нема да дозволиме злоупотреба на службената положба, велат од ДИЖС по апсење инспектор за животна средина


 Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека денешното апсење државен инспектор за животна средина заради сомневање дека примил поткуп е доказ за, како што велат, дека се решени да се пресметаат со корупцијата и да ја вратат довербата во институциите. Очекуваат надлежните органи детално да го истражат случајот со цел негово решавање во согласност со […]

Гостиварец присилно ја омажил 19-годишната ќерка во Шуто Оризари, ѝ била извршена обљуба


На 21.04.2021 во 16.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.М.(26) и И.М.(46), постапувајќи по пријава од 10.35 часот од страна на 19-годишна девојка од Гостивар. Таа пријавила дека откако нејзиниот татко, против нејзина согласност, ја омажил за Р.М. од Шуто Оризари, таму неколку дена била чувана затворена од нивна страна […]

Тешко повредена работничка во Скопје


Со тешки телесни повреди се здобила Т.П.(64) од Скопје додека извршувала работни задачи во фирма на подрачје на Кисела Вода. Како што соопшти МВР, Т.П. била донесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди. Од полициски службеници од СВР Скопје бил известен Трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Осомничениот за криумчарење мигранти, кој избега утрово е фатен


Приведено лицето кое утринава и избега на полицијата, додека беше спроведувано до Кривичниот суд за одржување на судски процес, информираат од Министерството за правда за ТВ21. Станува збор за лице осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот. Основниот Кривичен суд Скопје во однос на одредени медиумски натписи дека „Осомничено […]

Отпад од Инфективната клиника се фрлал во заштитена зона


СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ј.С. од с. Шишево, општина Сарај и против правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво по член 230 став 1 од Кривичниот законик. Првопријавениот, во својство на […]

Обвинение за сопственичката на „Диамед“ за продажба на центрите за дијализа


По спроведена повеќемесечна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со […]

Малолетна велешанка тепала своја врсничка, викната во полиција


Дванаесетгодишна велешанка физички нападнала малолетно девојче на возраст од 11 години, додека тоа и се јавувало на телефон на мајка и и барало помош. Други девојчиња наместо да му помогнат на нападнатото девојче го снимале вознемирувачкиот настан, а  видеото се шири на социјалните мрежи. Случајот во полиција бил пригјавен вчера, а се случил 17-ти овој […]

Предлог-казни од по 2.000 евра за шест лица за непочитување на полицискиот час


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија ОЈО Скопје. – Обвинетите, спротивно на прописите со кои е определена забрана за движење на населението во периодот од 20 до 05 […]

Покренато обвинение за случајот „Диамед“


По  повеќемесечна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 и кривично дело „перење […]

Ја избодел сопругата со нож додека биле на гости кај пријатели – Обвинителството го истражува убиството во Струга


Телото на починатата стружанка што синоќа со нож ја уби сопругот, ќе биде дадено на обдукција, соопшти денеска Јавното обвинителство. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга извршил увид во станот во Струга каде била лишена од живот жена на возраст од 34 години. – Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот […]

Си ја убил сопругата во Струга, па се обидел да се самоубие


 Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата пет години помлада партнерка, вечерва во Струга, а потоа се обидел да се самоубие. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, жената им подлегнала на повредите на местото, а мажот е пренесен во болница во тешка состојба. – Во 19 часот и […]

Охриѓанец наместо да добие наследство изгубил 4.500 евра


Жител на Охрид е жртва на измама преку социјалните мрежи, во обид да се стекне со фиктивно наследство изгубил 4.500 евра. Пред два дена тој во охридската полиција пријавил измама сторена на 1 март годинава преку социјалната мрежа „Фејсбук“. Преку порака што ја добил од профил на социјалната мрежа бил известен дека е добитник на […]

Mерки за претпазливост и за останатите две лица опфатени со истрагата за набавка на софтвер


Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на останатите две лица опфатени со истрагата за набавка на софтвер, им определи мерки на претпазливост. Од судот информираат дека денеска двете лица биле повикани пред судија на претходна постапка при Кривичниот суд, да се прoизнесат во однос на предлогот. – По нивно […]

Сослушани сведоци на одбраната за протестите за ,,Монструм”


Со сослушување на сведоци предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случувањата од 26 февруари за време на протестите за случајот „Монструм”, против обвинетите Фабион Идризи и Артон Садики. На прашање на адвокатот Асмир Алисшахиќ, каде биле дента на 26 февруари, првиот сведок рече дека на 26 февруари со […]

Припадник на Армијата се здобил со прострелна рана при воени вежби на полигонот „Криволак“


 Припадник на Армијата вчера околу 13 часот се здобил со прострелна рана од пиштол во пределот на стапалото при воени вежби на воениот полигон „Криволак“. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека случајот е пријавен вчера во 13:45 часот во полициската станица во Неготино. Повредениот е пренесен во Општата болница Кавадарци, а увид на местото […]

Кривични пријави за три лица и правниот субјект што исфрлија шут и земја во Охридското Езеро


Три лица и правен субјект заработија кривични пријави поради сомневање дека се сторители на казнено дело „узурпација на недвижности“ во заштитената зона на брегот на Охридското Езеро. Станува збор за Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга и Р.Б. (47) од Охрид, како и против компанијата „Нефи ИК“ со седиште во Охрид. Според полицискиот записник, првопријавениот, […]

Косово се уште без одговор дали ќе го екстрадира Африм Исмаиловиќ и покрај дадените гарации од македонска страна за повторено судење


Иако македонските власти дале гаранции дека на Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во процесот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, ќе му се суди во присуство, Косово се уште не одговорило позитивно на барањето за екстрадиција на осуденикот. Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски за МИА изјави дека косовската страна побарала гаранции […]