Четири лица, меѓу нив и затворски службеник повредени од остар предмет во затворот К’шање


Четири лица, меѓу нив и еден вработен од кумановскиот затвор се повредени од остар предмет во физичка пресметка која се случила вчера во затворот К’шање, соопшти денеска СВР Куманово.   – Вчера во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во затвор во К’шање настанала физичка пресметка помеѓу осум лица, од кои четири се повредени со остар предмет, […]

Одбраната на Спиро Ристовски: Исказите на Нинџа за 27 април се контрадикторни


Сведокот Александар Василевски  – Нинџа, според одбраната на обвинетиот Спиро Ристевски, кажувал „Џејмс Бондовски” сценарија.  Адвокатот Гоце Ристевски, во своите завршни зборови во случајот „Организатори на 27 април”, рече дека не може да сфати како обвинителството кое располага со неколку изјави на овој сведокот не може да ја воочи контрадикторноста на овој сведок од исказ […]

Главната расправа за „Титаник“ одложена за 24 август, утре завршни зборови за „Тендери“


 Главната расправа за случајот  „Титаник“ која беше закажана за утре се одлага за 24 август, а утре ќе се одржи расправа со завршни зборои за предметот „Тендери“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. – Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со […]

Уапсен грчки државјанин со над 33 килограми канабис што ги презел од границата со Северна Македонија


За внесување и трговија со канабис на територијата на Грција е уапсен грчки државјанин, кој на мотор превезувал 33 килограми и 523 грама канабис, што ги презел на граничен премин со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката полиција, уапсениот бил забележан во поширокиот регион на Идомени, а канабисот […]

Приведени крадци, во „бе-ем-ве“ најдени три украдени електрични тротинети


Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишија од слобода Л.М.(23) и Е.М.(22), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава на А.И. од 10 јули, за одземен електричен тротинет. Како што информираат од МВР, кај осомничените во патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, биле […]

Се дивее по патиштата – еден возел со 320 км/ч, друг со 3,87 промили алкохол во крвта


  Македонските возачи поставуваат црни рекорди на патиштата. Деновиве, радарите на сообраќајната полиција на автопат регистрирале брзина од 320 километри на час. Полицијата информира дека е надминат и рекордот кај оние кои седнуваат пијани зад волан, па кај возач измерени се 3,87 промили алкохол. Дозволено е само 0,5 промили. Со толку алкохол во крвта, чудно […]

Двајца мигранти повредени од воз во близина на железничката станица Криволак, еден потешко


Двајца мигранти, ноќеска, околу 00,45 минути по полноќ,  биле повредени од товарен воз на 300 метри пред железничката станица Криволак, од кои едниот потешко, потврди за МИА Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. -Мигрантите со возило на Итна помош од Велес биле итно пренесени во Ургентниот цетар на велешката Општа Болница. Поради повредите на едниот […]

Реакција на правната одбраната на Јордан Камчев


Откако Јордан Камчев понудил 4,4 милиони евра во недвижности и 400 илјади евра во кеш, како обвинет во случајот „Плацевите на Водно“ тој сепак ќе остане во притвор во Шутка, затоа што Апелациониот суд повторно ја одбил жалбата, иако Вишото обвинителство прифатило замена на затворски со домашен притвор за обвинетиот бизнисмен. На ова реагира неговата […]

Приведени девет танчерки во угостителски објект во Тетово


 Во акциска контрола во угостителски објект во Тетово ноќеска околу полноќ биле затекнати девет женски лица на возраст од 22 до 44 години кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири наши државјанки. Акциската контрола која ја спровеле инспектори од Отсекот за недозволена трговија […]

Судир на четири возила во близина на Охрид, еден загина, тројца се повредени


Сообраќајна незгода поладнево се случи на магистралниот аптен правец од Охрид кон Кичево, во близина на црквата „Свети Еразмо“. Во незгодата едно лице го загубил животот, а три се повредени од кои 2 имаат телесно повреди, тие се префрлени во болницата „Свети Еразмо“. Во незгодата учествувале четири моторни возила, од кои три патнички и едно […]

МВР за сообраќајката на „Рузвелтова“: Повредени се тројца полицајци


Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска на крстосницата на „Рузвелтова“ со „Орце Николов“, се случила тешка сообраќајна незгода, во која учествувале полициско возило и такси. „На 10.07.2021 во 03,37 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, а […]

Откриена работилница за оружје во Љубин, пронајдено оружје и муниција


Откриена е работилница за поправка на оружје во домот на 38-годишен жител на селото Љубен. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера при контрола на патничко возило „опел зафира“ управувано од 38-годишниот М.Ш. откриени се 300 куршуми различен калибар, а потоа со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом при што откриена е […]

Возачот кој ја прегази Верица Белчовска осуден на 15 месеци затвор


Основниот суд во Струмица денеска го осуди И.Ч. (18) од Струмица на казна затвор во траење од 15 месеци заради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново. Сообраќајната несреќа се случи на 7 април, годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица која […]

Полицијата привела три девојки од тетовско за напад на девојка од Боговиње


 Две девојки од Бродец и една од Горно Палчиште се приведени откако за физички напад ги пријавила 25 – годишна девојка од Боговиње. Настанот се случил вчера на улицата „Илинденска“ во Тетово. -Вчера (8 јули) околу 14 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле В.А.(22) и З.Д.(22) од тетовски Бродец и […]

Во сообраќајна несреќа повредена малолетничка која возела велосипед


Патничко возило „Даеву“ управувано од 22 – годишен жител на скопски Љубин синоќа удрило во велосипед управуван од малолетничка, која поради здобиените повреди е префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата. Синоќа во 19.20 чaсот на крстосницата од ул.„1“ и ул.„5“ во с.Љубин, скопско, патничко возио „даеву“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(22) […]

Судењето за „Траекторија“ одложено до назначување на нов судија


Сите судења каде судија е Горан Бошевски или е дел од судечкиот совет се одложени до назначување на нов судија, информираат од Основниот кривичен суд. Денешното рочиште за судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, „Траекторија“, каде претседател на судечкиот совет е Бошевски не […]

Поведена постапка против 39-годишен кумановец за полов напад врз дете и дистрибуција на детска порнографија​


Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 став 1 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а […]

Опожарена стара позната берберница во Кавадарци, изгорел помошниот објект до неа


Опожарена е стара позната берберница во Општина Кавадарци, при што изгорел помошниот објект до неа, но нема повредени. Очевидци за МИА велат дека кавадаречките пожарникари спречиле огнот да се прошири на околните објекти. Од Територијалната противпожарна единица потврдија дека интервенирале на лице место со три возила и седум пожарникари. Од Противпожарната единица соопштуваат дека покрај […]

Приведен криминалец баран со потерница за 20 години затвор


Полиција вечерва околу 19 часот го лиши од слобода А.А. (37) од село Мојанци, Скопско. Како што соопшти МВР, за А.А. била распишана потерница на Основен Кривичен суд – Скопје за убиство поради што требало да издржува казна затвор од 20 години. А.А. ќе биде предаден на казнено-поправна установа.

Нема нови докази на повторното судење за насилното апсење на Љубе Бошкоски


Обвинителот Љубомир Лапе, кој го застапува обвинението за случајот „Тортура“, денеска во скопскиот Кривичен суд не предложи нови докази за случајот, откако скопска „единица“ претходно на закажаното рочиште за објава на пресуда го реотвори случајот. Според Лапе, нема начин како да се измери кој колку сила од полицајците употребил при апсењето на лидерот на Обединети […]