Привремено одземени 100.000 швајцарски франци на Деве Баир


При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци, соопштија од Царинска управа. – На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки GV7396АD на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Р.Турција, […]

Пожар во зграда во Аеродром, експлодирале и две плински боци


Пожар избувна денеска во подрумските простории во зграда на улицата „23 октомври“ во Аеродром. Причината за пожарот уште е непозната, но по негово настанување, експлодирале и две плински боци.   Како што информира за МИА, командир на тимот на Територијална противпожарна единица, Среќко Чимевски, со настанување на пожарот, граѓаните пријавиле и силна експлозија, по што […]

Измамените при купопродажбата на станови ќе бидат обесштетени


Оштетените граѓани во случајот со измамата при купопродажба на станови за која обелодени новинската агенција МИА ќе си ги добијат парите назад, откако на денешното рочиште, кое што се одржа во Основниот кривичен суд – Скопје, обвинетиот агент за недвижности изјави дека до 20-ти септември ќе обесштети дел од сумата, а до крајот на октомври […]

Убиство во Топанско Поле


Во скопската населба Топанско Поле утрово во 9.12 часот било пукано во лицето Е.Б., кој починал од повредите, потврдија од Министерството за внатрешни работи за МИА. Од МВР додадоа дек се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На сила ѝ влегол дома, па ѝ го одзел накитот што го носела на себе


Вчера  во ОВР Кавадарци, кавадарчанката Д.Ј.(68)  пријавила дека околу 4 часот,  едно лице со употреба на сила влегло во нејзиниот дом, физички ја нападнало и ѝ го одзело накитот што го носела на себе. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки […]

Приведено лице во Скопје, барано со потерница


Полициски службеници од ЕВР Гази Баба-Отсек потраги, вчера во 18.20 часот на ул.„Валандовска“ во Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(58) од Скопје, кој се барал по потерница за издржување казна затвор од една година, соопштија од МВР. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. 

Авганистанец тешко повреден, се обидел да се качи на товарен воз за Скопје


Р.О. од Авганистан, мигрант, е тешко повреден откако се обидел да се качи на товарен воз кој тргнал од Железничката станица Криволак кон Скопје. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен ноќеска, во 00:25 часот во Полициската станица Неготино. Р.О. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Извршен е увид на […]

Приведен осомничен за оштетување на цевките за кислород во тетовската болница


Во понеделникот, околу 17 часот на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец. Се преземаат мерки за расчистување и документирање […]

Се судриле две возила во Бутел, па удриле во паркиран камион


  Во две сообраќајни незгоди во Скопје и во Прилеп повредени се шест лица, меѓу кои и малолетник. Во неделата, во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од село Љуботен кон населба Бутел се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(25) […]

Одложено судењето за случајот „Плацеви на Водно“, обвинителката Стефанова ќе се тестира за Ковид-19


Поради тестирање за Ковид-19 на обвинителката Лиле Стефанова, одложено денешното рочиште за случајот „Плацеви на Водно“. Следното рочиште за предметот „Плацеви на Водно“, според календарот за Судот, е закажано за 2 септември. Стручен соработник во Судот, пред почетокот на рочиштето, ги инфомира присутните дека судењето ќе се одложи поради тоа што јавната обвинителка Лиле Стефанова, […]

Ново рочиште за случајот „Плацеви на Водно“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“, во кое првообвинет е пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова. Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на […]

На граничниот премин „Евзони“ откриени 90 килограми канабис во камион од Македонија


Со помош на кучиња душкачи и припадници на грчката Независна служба за јавни приходи, на граничниот премин Евзони, во камион што во Грција влегол од Северна Македонија, биле откриени 90,5 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина. Суровиот канабис, според грчките медиуми, бил спакуван во 88 пакувања скриени во петте резервните гуми под камионот. […]

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево – Пехчево


Поради сообраќајна несреќа вечерва во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Пехчево во близина на село Црник.   Сообраќајката како што информираат возачи кои сообраќале на споменатиот патен правец се случила помеѓу три возила, од кои едно со странски регистарски таблички и две со македонски регистарски таблички.   Возачите очевидци како причина за сообраќајката […]

Во Тетово возеле 70 километри на час над дозволеното


Денеска во периодот од 13 до 19 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово.Притоа, санкционирани се 60 возачи. Од нив, 45 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а 18 […]

Тепачки низ целата земја, се тепале малолетници но и полицајци


Повеќе физички пресметки нотира денешниот полициски билтен на територијата на целата држава.  Утрово, во 11.15 часот во ОВР Кавадарци, 17- годишен малолетник од село Дреново, Кавадаречко пријавил дека ноќеска, половина час пред полноќ во селото бил физички нападнат од Ф.Б. и Х.Ј. двајцата од истото село. Во саботата, околу 15.45 часот во СВР Скопје било […]

Повозрасен маж се удавил во Охридското Езеро


Безживотно тело утрово било извадено од водите на Охридското Езеро. „Утрово во осум часот од водите на Охридското Езеро извадено е безживотно тело на повозрасно машко лице, во близина на старото пристаниште“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски. Извршен е увид од страна на СВР Охрид и јавен обвинител за утврдување на причините за […]

Натепале маж во Прилеп, па пукале во центарот на градот


  Тројца прилепчани биле приведени, откако натепале свој сограѓанин, му се заканувале со оружје, а и пукале. Како што соопшти МВР, утрово од 3.20 до03.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.С.(31) ,В.Г.(30) и Б.Б.(24), сите од Прилеп, затоа што претходно на бул.„Гоце Делчев“, по кратка расправија, физички го […]

Камчев нуди 1,7 милиони евра во недвижнини и 200.000 евра кеш за да излезе од притвор


Еленко Миланов, адвокатот на Јордан Камчев кој е  обвинет во случајот “Плацеви на Водно”, соопшти дека бизнисменот поднел гаранција во вредност од 1,7 милиони евра во недвижнини и 200.000 евра во готовина за да се брани од домашен притвор во процесот. Ова е втор обид на Камчев со понудена гаранција да биде ослободен од притвор, […]

Приведено лице барано по централна потерница


Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Кисела Вода – отсек Потраги, врз основа на централна потерница, синоќа го лишиле од слобода Н.И.(27) од Македонски Брод, кој живеел во Скопје. Како што се наведува во соопштението од МВР, вчера во 19:20 час на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Единица за внатрешни работи […]

Неготинка пријавила физички напад од 27-годишната ќерка


Неготинка пријавила физички напад од својата ќерка. Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информираше дека мајката го пријавила случајот денеска. – Во Полициската станица Неготино, 57-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзината ќерка С.И. на возраст од 27 години, појасни Додевски. Тој додаде дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна […]