Се тепале затвореници во КПУ „Идризово“


Во СВР Скопје, вчера околу 18.50 часот било пријавено дека во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“, по претходна расправија, затвореникот Р.Е. (36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П. (27) од Скопје, соопштија од МВР. Повредениот, инфомираат од МВР, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување …

Се тепале затвореници во КПУ „Идризово“ Read More »

(Фото+видео) Пожар во близина на „Аурора“ во Берово, гостите евакуирани


Пожар избува попладнево во шумата во близина на хотелскиот комплекс „Аурора“ во Берово. Гостите во хотелот се евакуирани. Во околината на комплексот се гледа бел чад, како и дел од госите и вработените кои се надвор од објектите, видно вознемирени и исплашени. Пожарот е локализиран и речиси изгаснат, сведочат дел од гостите во „Аурора“. Пожарникарите …

(Фото+видео) Пожар во близина на „Аурора“ во Берово, гостите евакуирани Read More »

Албански државјанин паднал од тераса на куќа во Кичево


 Рано утринава во 3.55 часот, кичевчанецот И.В. (57) во ОВР-Кичево пријавил дека од тераса лоцирана на првиот кат од неговата куќа на улица „11-Септември“ од Кичево, паднал М.К. (26) од Албанија, кој престојувал во овој објект. – При падот од првиот кат, лицето М.К. се здобило со потешки повреди, по што бил пренесен во комплексот …

Албански државјанин паднал од тераса на куќа во Кичево Read More »

Пребрзо возеле 44, а 11 дури без возачка дозвола


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 13 …

Пребрзо возеле 44, а 11 дури без возачка дозвола Read More »

Избоден малолетник во Скопје


  Вчера во 22.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен 17-годишник со убодна рана од остар предмет. Според неговиот исказ, околу 20.30 часот на ул.„Македонско-Косовска бригада“ бил физички нападнат од три лица кои со остар предмет му нанеле убодна рана. Се преземаат мерки за …

Избоден малолетник во Скопје Read More »

Дал 13.000 евра, а стока не добил


СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.К.(47) од Скопје, вработен во шпедиција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на јуни минатата година, пријавениот во неколку наврати убедил лице од Скопје да учествува на неколку лицитации и од него побарал да уплати пари на сметки кои му ги доставувал. Притоа, …

Дал 13.000 евра, а стока не добил Read More »

Им зел речиси 13.000 евра за да ги лечи од болести


  СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.М.(42) од Кочани поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама”. Во периодот од август до ноември лани, пријавениот во Штип лажно се претставувал и довел во заблуда две лица дека лекува болести. Тие му дале пари, злато и мобилни телефони и на тој начин се стекнал со …

Им зел речиси 13.000 евра за да ги лечи од болести Read More »

Притвор заради обид за убиство и неовластено поседување оружје​


Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела Убиство од член 123 став 1, во врска со член 19 (во обид), казниво по член 123 став 3 од Кривичниот законик и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или …

Притвор заради обид за убиство и неовластено поседување оружје​ Read More »

Силјан Мицевски: Ми беше кажано дека зад проектите за домови за стари лица стои Владата


Бизнисменот Силјан Мицевски, сопственик на компанијата ,,Пелистер”, на денешното сослушување на рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз” изјави дека сумата од 720.000 евра што ја дал за проектите за домови за стари лица, не му е вратена. Тој истакна дека ако заврши вака, ќе се чуствува измамен, додавајќи дека на една од средбите во „Меѓународниот сојуз“ …

Силјан Мицевски: Ми беше кажано дека зад проектите за домови за стари лица стои Владата Read More »

Приведен дилер од Гостивар, пронајден хероин во неговото возило


На 28.04.2021, од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координирана акција со СВР Скопје – Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Тетово – ОВР Гостивар лишен е од слобода С.Б.(58) од Гостивар. Имено, при преглед во неговото возило „ауди“, со гостиварски …

Приведен дилер од Гостивар, пронајден хероин во неговото возило Read More »

Бројот на случаи на коронавирус во светот надмина 150 милиони


САД – Повеќе од 150 милиони случаи на коронавирус се регистрирани во светот од почетокот на пандемијата, од кои повеќе од 19 милиони се активни, покажуваат најновите податоци на страницата „Ворлдометар“. Како што е прецизирано на страницата, досега 150.133.225 луѓе ширум светот биле заразени со коронавирусот, 3.161.611 починале, а 127.582.445 закрепнале од болеста. Во моментов има 19.389.169 активни случаи, а …

Бројот на случаи на коронавирус во светот надмина 150 милиони Read More »

Кривични пријави за повеќе лица поради „непостапување според здравствени прописи“ и „комар“


Полициски службеници од СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал и Одделот за криминалистичка полиција во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи денеска извршија претреси во објекти на ул. „Ѓорѓи Димитров“ и ул. „Костурски херои“ во Скопје по добиена оперативна информација дека незаконски се организираат игри на среќа што се забранети, по претходно …

Кривични пријави за повеќе лица поради „непостапување според здравствени прописи“ и „комар“ Read More »

ОЈО Гостивар започна истрага за обид за силување


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен гостиварец за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар. – На 27 април осомничениот се обидел да изврши обљуба врз една жена, така што …

ОЈО Гостивар започна истрага за обид за силување Read More »

Координирана акција на МВР и ОЈОГОКК против организирана криминална група


 Министерството за внатрешни работи денеска сузби организирана криминална група инволвирана во вршење на криминални активности од областа на недозволена трговија со оружје и дрога, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски. – Во рамки на повеќемесечната истрага обезбедени се доволен број на докази кои ја потврдуваат инволвираностa на членовите во недозволена трговија со оружје и дрога …

Координирана акција на МВР и ОЈОГОКК против организирана криминална група Read More »

Локвенец: Набргу ќе се санираат последиците од несреќата со товарниот воз во Романовце


 Дванаесет вагони од товарен воз се излизгаа од пругата кај кумановско Романовце, штета има и на 250 метри пруга. Стручните екипи ќе работат и за време на празниците за да се оспособи пругата на Коридорот 10, информираше директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура-Железници на Република Северна Македонија, Хари Локвенец кој изврши увид на местото …

Локвенец: Набргу ќе се санираат последиците од несреќата со товарниот воз во Романовце Read More »

Полициска акција во Арачиново се апсат дилери на дрога и оружје


Осум лица се приведени досега во Арачиново во полициската акција која се уште е во тек во врска со недозволена трговија со оружје и дрога. – По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Св. Николе, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски …

Полициска акција во Арачиново се апсат дилери на дрога и оружје Read More »

Теретана во Скопје работела и покрај забраната, приведени три лица


Полициски службеници од СВР Скопје денеска (27.04.2021) ги лишија од слобода И.И., М.Н. и И.А.(сопственик) кои биле затекнати во теретана на ул. „Емил Зола“ во Скопје и покрај забраната за работа на вакви објекти. Објектот е пломбиран од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, а по насока на јавен обвинител лицата се приведени и …

Теретана во Скопје работела и покрај забраната, приведени три лица Read More »

Повреден пожарникар од Свети Николе


Повреден е 37 годишен пожарникар од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Свети Николе. Според крими извештајот на СВР Штип, настанот се случил вчера околу 13.15 часот при извршување на работни задачи на зградата на ТППЕ Свети Николе. Тој паднал и се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Шип. Увид на местото бил извршен од екипа …

Повреден пожарникар од Свети Николе Read More »

За шест часа 170 казни за брзо возење во Тетово и Гостивар


За шест часа при вчерашната акциска контрола, сообраќајните полицајци при СВР Тетово изрекле казни за вкупно 170 луѓе кои управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од вкупниот број прекршоци, 92 се на територијата на Тетово, а 78 на територијата на Гостивар. -Во периодот од 13:00 до 19:00 часот на подрачјето на СВР Тетово е спроведена засилена сообраќајна …

За шест часа 170 казни за брзо возење во Тетово и Гостивар Read More »

Во Вардар кај скопско Огњанци пронајдено тело, најверојатно на машко лице


 Во водите на Вардар кај скопското село Огњанци е пронајдено тело, најверојано на машко лице. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера во  11.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Огњанци, во водите на реката Вардар, било пронајдено тело, најверојатно на машко лице. Телото било извадено од реката и предадено во …

Во Вардар кај скопско Огњанци пронајдено тело, најверојатно на машко лице Read More »