Почина човекот во кого 20-годишник удри со автомобил кај „Југодрво“


Педесет и четиригодишен скопјанец загина со велосипед, откако во него удрил автомобил денеска околу 10.30 часот на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Според информациите од МВР, автомобилот го управувал 20-годишен жител на скопско Батинци.   По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде од страна на лекар била констатирана смрт. …

Почина човекот во кого 20-годишник удри со автомобил кај „Југодрво“ Read More »

Побарано изземање на обвинителката Вилма Рускоска од „Меѓународен сојуз“


Бојан Јовановски – Боки 13 и Фросина Ременски обвинети во предметот „Меѓународен сојуз“ денеска побараа изземање на обвинителката Вилма Русковска. Според образложението на Јовановски барањето за изземање на обвинителката е поради новонастанати околности, односно по обработката на дел од податоците од неговиот мобилен телефон кој судот му го вратил. Според Боки 13 обработени се околу …

Побарано изземање на обвинителката Вилма Рускоска од „Меѓународен сојуз“ Read More »

Се преврте комбе кај клучката „Смилковци“, загина возач од Дебар


Утрово, во 5.10 часот, било пријавено дека на Скопската обиколница, кај клучка „Смилковци“, комбе со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(52) од Дебар, излетало од патот. На местото на незгодата починал возачот. Смрт констатирал лекар, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Повредени двајца полицајци кои бркале и фатиле криминалец баран со потерница


 Во Скопје, на ул.„Љуботенски пат“, вчера во 14.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода – Отсек потраги, во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Р.С.(40) од скопското село Љуботен, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки. Како што денеска …

Повредени двајца полицајци кои бркале и фатиле криминалец баран со потерница Read More »

Одложено рочиштето за случајот „Тендери”


Рочиште за случајот „Тендери” е одложено за 15 јули. За денеска беше најавено дека обвинителството и одбраната ќе почнат со своите завршни зборови, но отсуството на обвинетата Јулијана Угриновска, беше причина ова рочиште да не се оддржи. Според бранителот Сашко Дуковски, неговиот клиент не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини. Првообвинета во …

Одложено рочиштето за случајот „Тендери” Read More »

Во 4 наутро украле банкомат од маркет во Аеродром


Четворица крадци по кои се трага успеале да украдат цел банкомат од маркет во населбата Аеродром. „На 11.07.2021 околу 4 часот во Полициска станица Аеродром, В.Н. пријавил дека четири лица со употреба на сила влегле во маркет на подрачјето на Аеродром и одзеле банкомат“, велат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Адвокатот Миланов оцени дека нема докази за „Организаторите на 27 април“, главната расправа продолжува на 14 јули


 Со завршни зборови од страна на обвинетиот Миле Јанакиески на 14 јули продолжува главната расправа за случајот „Организаторите на 27 април“. Денешното судско рочиште заврши со завршните зборови на адвокатот Еленко Миланов, во одбрана на обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Тој на почетокот се осврна на Законот за амнестија, нагласувајќи дека по сила на …

Адвокатот Миланов оцени дека нема докази за „Организаторите на 27 април“, главната расправа продолжува на 14 јули Read More »

Малолетничка со мотор удрила во запрежно возило


Во неделата, во 21.20 часот било пријавено дека на локалниот пат кај село Дрвош, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која малолетничка од истото село, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, без регистарски ознаки, удрила во запрежно возило, управувано од В.И.(74) од истото село. Во незгодата малолетна сопатничка од мотоциклот се здобила со тешки телесни повреди, а со …

Малолетничка со мотор удрила во запрежно возило Read More »

Спиро Ристовски не гледа докази дека учествувал во организирањето на 27 април


    Обвинителството нема ниеден материјален или вербален доказ дека обвинетите организатори на насилниот 27 – ми април го сториле делото – порача обвинетиот Спиро Ристовски. Според него, обвинението се темели само на исказот на Александар Василевски – Нинџа, а тој на 27 – ми април немал телефонска комуникација ниту со Миле Јанакиески ниту со …

Спиро Ристовски не гледа докази дека учествувал во организирањето на 27 април Read More »

Четири лица, меѓу нив и затворски службеник повредени од остар предмет во затворот К’шање


Четири лица, меѓу нив и еден вработен од кумановскиот затвор се повредени од остар предмет во физичка пресметка која се случила вчера во затворот К’шање, соопшти денеска СВР Куманово.   – Вчера во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во затвор во К’шање настанала физичка пресметка помеѓу осум лица, од кои четири се повредени со остар предмет, …

Четири лица, меѓу нив и затворски службеник повредени од остар предмет во затворот К’шање Read More »

Одбраната на Спиро Ристовски: Исказите на Нинџа за 27 април се контрадикторни


Сведокот Александар Василевски  – Нинџа, според одбраната на обвинетиот Спиро Ристевски, кажувал „Џејмс Бондовски” сценарија.  Адвокатот Гоце Ристевски, во своите завршни зборови во случајот „Организатори на 27 април”, рече дека не може да сфати како обвинителството кое располага со неколку изјави на овој сведокот не може да ја воочи контрадикторноста на овој сведок од исказ …

Одбраната на Спиро Ристовски: Исказите на Нинџа за 27 април се контрадикторни Read More »

Главната расправа за „Титаник“ одложена за 24 август, утре завршни зборови за „Тендери“


 Главната расправа за случајот  „Титаник“ која беше закажана за утре се одлага за 24 август, а утре ќе се одржи расправа со завршни зборои за предметот „Тендери“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. – Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со …

Главната расправа за „Титаник“ одложена за 24 август, утре завршни зборови за „Тендери“ Read More »

Уапсен грчки државјанин со над 33 килограми канабис што ги презел од границата со Северна Македонија


За внесување и трговија со канабис на територијата на Грција е уапсен грчки државјанин, кој на мотор превезувал 33 килограми и 523 грама канабис, што ги презел на граничен премин со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката полиција, уапсениот бил забележан во поширокиот регион на Идомени, а канабисот …

Уапсен грчки државјанин со над 33 килограми канабис што ги презел од границата со Северна Македонија Read More »

Приведени крадци, во „бе-ем-ве“ најдени три украдени електрични тротинети


Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишија од слобода Л.М.(23) и Е.М.(22), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава на А.И. од 10 јули, за одземен електричен тротинет. Како што информираат од МВР, кај осомничените во патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, биле …

Приведени крадци, во „бе-ем-ве“ најдени три украдени електрични тротинети Read More »

Се дивее по патиштата – еден возел со 320 км/ч, друг со 3,87 промили алкохол во крвта


  Македонските возачи поставуваат црни рекорди на патиштата. Деновиве, радарите на сообраќајната полиција на автопат регистрирале брзина од 320 километри на час. Полицијата информира дека е надминат и рекордот кај оние кои седнуваат пијани зад волан, па кај возач измерени се 3,87 промили алкохол. Дозволено е само 0,5 промили. Со толку алкохол во крвта, чудно …

Се дивее по патиштата – еден возел со 320 км/ч, друг со 3,87 промили алкохол во крвта Read More »

Двајца мигранти повредени од воз во близина на железничката станица Криволак, еден потешко


Двајца мигранти, ноќеска, околу 00,45 минути по полноќ,  биле повредени од товарен воз на 300 метри пред железничката станица Криволак, од кои едниот потешко, потврди за МИА Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. -Мигрантите со возило на Итна помош од Велес биле итно пренесени во Ургентниот цетар на велешката Општа Болница. Поради повредите на едниот …

Двајца мигранти повредени од воз во близина на железничката станица Криволак, еден потешко Read More »

Реакција на правната одбраната на Јордан Камчев


Откако Јордан Камчев понудил 4,4 милиони евра во недвижности и 400 илјади евра во кеш, како обвинет во случајот „Плацевите на Водно“ тој сепак ќе остане во притвор во Шутка, затоа што Апелациониот суд повторно ја одбил жалбата, иако Вишото обвинителство прифатило замена на затворски со домашен притвор за обвинетиот бизнисмен. На ова реагира неговата …

Реакција на правната одбраната на Јордан Камчев Read More »

Приведени девет танчерки во угостителски објект во Тетово


 Во акциска контрола во угостителски објект во Тетово ноќеска околу полноќ биле затекнати девет женски лица на возраст од 22 до 44 години кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири наши државјанки. Акциската контрола која ја спровеле инспектори од Отсекот за недозволена трговија …

Приведени девет танчерки во угостителски објект во Тетово Read More »

Судир на четири возила во близина на Охрид, еден загина, тројца се повредени


Сообраќајна незгода поладнево се случи на магистралниот аптен правец од Охрид кон Кичево, во близина на црквата „Свети Еразмо“. Во незгодата едно лице го загубил животот, а три се повредени од кои 2 имаат телесно повреди, тие се префрлени во болницата „Свети Еразмо“. Во незгодата учествувале четири моторни возила, од кои три патнички и едно …

Судир на четири возила во близина на Охрид, еден загина, тројца се повредени Read More »

МВР за сообраќајката на „Рузвелтова“: Повредени се тројца полицајци


Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска на крстосницата на „Рузвелтова“ со „Орце Николов“, се случила тешка сообраќајна незгода, во која учествувале полициско возило и такси. „На 10.07.2021 во 03,37 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, а …

МВР за сообраќајката на „Рузвелтова“: Повредени се тројца полицајци Read More »