Млад бездомник добил изгореници по пожарот во напуштената куќа кај Олимписки


Во неделата, во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.20 часот настанал пожар во напуштена куќа на ул.„Благоја Деспотовски Шовељ“, во која престојувал бездомникот Р.Р.(24). Во пожарот, Р.Р. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот, а увид извршила екипа од […]

Човечки скелет најден во Маврови Анови


Човечки остатоци вчера биле пронајдени кај местото викано „Бел коњ“ во Мавровско езеро во населбата Маврови Анови, гостиварско. Според информациите од СВР Тетово, пронајдени се остатоци од човечки скелет, кои биле подигнати за вештачење. Увид бил извршен во координација со Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Фатени комарџии во Тетово


Во неделата околу 23.10 часот во угостителски објект на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Х.(43) од Тетово, сопственик на објектот и Ф.Б.(53) од скопско Арачиново и А.Р.(56) од скопски Синѓелиќ, поради сомнение дека сториле кривично дело „комар“, казниво по член 398 од Кривичниот законик. Тројцата се задржани […]

Претреси во Скопје, приведени 16 лица


Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се приведени 16 лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело. По претходно добиени […]

Маж се обидел да го натепа својот 77-годишен татко


Приведен е 50-годишен гостиварец поради закани и обид за насилство врз неговиот татко. „Вчера од полициски службеници е приведен С.Р.(50) од Гостивар, затоа што по претходна расправија, околу 09.30 часот, во семејната куќа во Гостивар му упатувал закани на неговиот 77-годишен татко и се обидел физички да го нападне“, велат од МВР. По целосно документирање […]

Голема полициска акција во Скопје – уапсени 15 криминалци


Голема полициска акција е во тек во Скопје во која досега се уапсени 15-на криминалци, според она што првично го објави МВР. Се прават претреси на дваесетина локации, а уапсени се петнаесетина криминалци, пред сè дилери и разбојници, информира МВР. Оттаму потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

На Нова година, малолетници силувале 12-годишно девојче во Струмица


Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишна девојка за која постои основано сомнение дека помагала при кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца […]

Акциска контрола во угостителски објекти и казина, три лица приведени, пронајдена дрога


Ноќва, во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, казина и обложувалници на територијата на цела држава. При контролата, со која беа опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на […]

Во пожар во Велес изгоре човек


Во куќа на улицата „Васа Кошулчева“ брoj 2 во Велес утрово во 5:10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) пронашле изгорен човек. ТППЕ за опожарената куќа добила повик утрово во 5:10 часот. Горела соба од куќата, каде што е и пронајдено изгореното лице. Смртта на лицето ја потврдија и од Брза помош кои информираа дека […]

Исчезнатите девојчиња пронајдени, зошто ги немаше два дена не се знае


  По два дена потрага денеска се пронајдени двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се пронајдени во парк во скопската населба Чаир, кај продажен објект. Полицијата соопшти дека „денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул. ‘Џон Кенеди’, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници по деноноќна потрага, пронајдени се […]

Пекар починал во фурна во Чаир


  Во четвртокот, во 18.14 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во фурна на подрачјето на Чаир починал вработениот Т.И.(48) од Р.Косово. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Извршен увид во казиното во Капиштец каде е убиено едно лице, се трага по сторителот


Дежурен јавен обвинител од скопското Основното јавно обвинителство изврши увид во казиното во Капиштец каде утринава беше убиено едно лице. По осомничениот за убиството сè уште се трага. Според првичните сознанија, починатиот маж на возраст од 46 години, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба. – Извесно време играле на апаратите, а потоа […]

Без возачка дозвола превезуваат ученици


Во четвртокот во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 66 сообраќајни прекршоци, од кои 10 за непрописно вклучување во сообраќај, девет за возење без сообраќајна дозвола, шест за користење мобилен телефон за при […]

(Фото од местото) МВР со детали за убиството во Капиштец


Оградено со полициски ленти е утрово казиното во скопски Капиштец каде двајца познаници играле на апаратите, а едно лице пукало во друго и го убило. – Во 08.05 часот во СВР Скопје пријавено е дека во казино лоцирано на бул.„М.Т.Гологанов“ едно лице пукало во Н.А. (46) од с.Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во […]

Тело на маж прегазено од возило пронајдено кај граничниот премин Долно Блаце


Тело на маж, удрено од моторно возило, било пронајдено вчера на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце во близина на клучка Стенковец. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен синоќа вo 23.45 часот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР […]

Убиство во казино во скопски Капиштец


Утрово во 8.05 часот пријавено е пукање во локал на ул „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на Млечен ресторан. Наводно,  Н.А. (46) од село Арачиново им подлегнал на повредите, пишува 24 Инфо. Полицијата го има оградено просторот околу казиното каде се случило пукањето и трае постапка за собирање докази, јавува МКД.  Се преземаат мерки за […]

Со туѓи податоци и телефон си порачувал онлајн


  СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С. (37) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во временски период од 03.10.2022 до 21.11.2022 пријавениот, без знаење и дозвола на П.Д. од Штип, ги обезбедил и искористил неговите лични податоци и телефонски број и извршил онлајн нарачки на разни […]

Условна казна затвор од две години за Зоранчо Митровски за случајот „Империја”


  Врз основа на признание на вина, Основниот кривичен суд Скопје на Зоранчо Митровски му изрече условна казна затвор од две години, во раздвоената постапка за случајот „Империја“. Условната казна на Митровски му се изрекува доколку во следните пет години не стори друго кривично дело. Зоранчо Митровски и „Еземит вино” ДООЕЛ солидарно треба да платат […]

Јавна седница за случајот „Титаник 2“


Апелациониот суд во Скопје за в четврток, на 30 март закажа јавна седница за случајот „Титаник 2“, каде обвинет е и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. –  Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека јавната седница пред судот, по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник 2“, е закажана […]

Тинејџери ограбиле обложувалница во Кисела Вода


Во понеделникот,  во Скопје, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје. Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, постапувајќи по пријава според која во 11.58 часот од спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода биле одземени пари, презеле мерки […]