Струмичанец тешко повреден во возило кое излетало од патот кај Марена


Струмичанец бил тешко повреден, откако возилото што го управувал излетало од патот кај кавадаречкото село Марена, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  – Вчера во ОВР Кавадарци било пријавено дека во 10:50 часот, на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, во близина на село Марена, кавадаречко, патничко возило „гели“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(46) …

Струмичанец тешко повреден во возило кое излетало од патот кај Марена Read More »

Претреси во Скопје и Куманово поради „злоупотреба на службена должност“


Поради сомневање за кривично дело „злоупотреба на службена должност“ МВР во координација со ОЈО Скопје спроведува акции со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, соопшти денеска Јавното обвинителство. – Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за …

Претреси во Скопје и Куманово поради „злоупотреба на службена должност“ Read More »

Просветен инспектор малтретирал наставничка од Муртино да напише изјава по негови насоки


СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143  од Кривичниот законик. Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, …

Просветен инспектор малтретирал наставничка од Муртино да напише изјава по негови насоки Read More »

Полјак на „Табановце“ се обидел да внесе картонски кутии со печурки со психотропно дејство


На 04.12.2025 во 13:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.О.М.(26) од Полска затоа што при гранична контрола и проверки во патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, со кое допатувал, пронајдени и одземени се картонски кутии во кои имало печурки-габи со психотропно дејство. Тој е …

Полјак на „Табановце“ се обидел да внесе картонски кутии со печурки со психотропно дејство Read More »

Во Мислешево точеле алкохол на деца, а вработена била и 16-годишна девојка


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од с.Мислешево, струшко, С.С.(52) – одговорно лице во објектот и против 16-годишна девојка од с.Мислешево, вработена во угостителскиот објект. Тие се сомницат дека точеле алкохолни пијалаци на дете. На 10.10.2025 во угостителскиот објект во с.Мислешево, пријавените дозволиле и точеле алкохол …

Во Мислешево точеле алкохол на деца, а вработена била и 16-годишна девојка Read More »

Им се заканиле со нож во Градскиот парк и ограбиле девојче и момче тинејџери


Две лица под закана со остар предмет ограбиле 13-годишна девојка, а потоа еден однив го натепал нејзиниот 14-годишен другар кој бил со неа. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (03.12.2025) во 19:00 часот во СВР Скопје, И.М.(55) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје, две лица со закана со остар предмет …

Им се заканиле со нож во Градскиот парк и ограбиле девојче и момче тинејџери Read More »

Македонка најдена мртва во својот кревет во Италија – до смрт ја претепал сопругот


Во италијанската покраина Анкона е откриен тежок случај на семејно насилство со смртни последици, во кој жртва е 49-годишна жена со македонско потекло. Италијанските медиуми јавуваат дека Саџиде Муслија била пронајдена мртва во својот дом во селото Пјанело Валесина, во општината Монте Роберто. Телото, најдено во нејзиниот кревет, имало бројни траги од брутално насилство, особено …

Македонка најдена мртва во својот кревет во Италија – до смрт ја претепал сопругот Read More »

Двегодишно дете завршило во штипската болница со повреди и опекотини, го однела тeтка му


Двегодишно дете било донесено во штипската болница со повреди и опекотини.  – На 02.12.2025 во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото. Детето е задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош, соопштија од полицијата.  За …

Двегодишно дете завршило во штипската болница со повреди и опекотини, го однела тeтка му Read More »

Коски налик на човечки пронајдени во близина на студентскиот дом „Стив“ во Автокоманда


Коски налик на човечки пронајдени во близина на студентскиот дом „Стив“ во Автокоманда.  – На 02.12.2025 во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријави дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер во близина стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски …

Коски налик на човечки пронајдени во близина на студентскиот дом „Стив“ во Автокоманда Read More »

Млади момчиња приведени оти во автомобилот имале пиштол и шест куршуми


Денеска (03.12.2025) околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вршејќи мотопатролна дејност на ул. „1“ во село Јурумлери, сопреле патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(21), во кое како сопатник се превезувал 16-годишен малолетник , двајцата од Скопје, информираа од полицијата,  При извршените проверки, во …

Млади момчиња приведени оти во автомобилот имале пиштол и шест куршуми Read More »

За 1.300 евра му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош


Вчера во СВР Скопје, 64-годишен маж пријавил дека е измамен за сума од 1.300 евра од Ф.А. од Скопје. Според пријавеното, во февруари 2022 година Ф.А. му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош, но дека за тоа ќе треба да му даде одреден паричен надомест, на што се согласил и му дал …

За 1.300 евра му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош Read More »

По пријава за гласна музика, двајца полицајци од Кочани истепале едно лице без причина


Полицијата поднесе кривична пријава против двајца полицајци за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Двајцата пријавени, полициски службеници во Полициската станица Кочани при СВР Штип, при извршување на службени задачи на 07.09.2025 година во врска со пријава за гласна музика, влегле во дворот на лицето пријавено за пуштање на гласна музика и без да …

По пријава за гласна музика, двајца полицајци од Кочани истепале едно лице без причина Read More »

Пронајдени 13 мобилни телефони во затвор кај обвинет за „Пулс“, судењето продолжува


Во затворот кај обвинетиот Џеваир Камбери од Министерството за економија за случајот „Пулс“ биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, информираше судијката Диана Груевска Илиевска непосредно пред почетокот на денешното рочиште и го опомена обвинетиот. Тој изјави дека ги пронашол телефоните кога стигнал таму.  -Ги пронајдов телефоните кога стигнав таму, изјави обвинетиот пред Судот. Непосредно …

Пронајдени 13 мобилни телефони во затвор кај обвинет за „Пулс“, судењето продолжува Read More »

Почина и третиот обвинет за смртта на родилката Кадиева и нејзиното бебе


Неколку дена откако јавно беше објавена пресудата за двајцата обвинети гинеколози за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе од Дојран, почина еден од нив, Венци Чалков од Гевгелија. Тој е третиот од четворицата обвинети кои починаа во текот на десетгодишниот судски процес. Породувањето беше извршено во Општата болница Гевгелија. Врховниот суд делумно ја …

Почина и третиот обвинет за смртта на родилката Кадиева и нејзиното бебе Read More »

Газдата на „Дурмо турс“ пак побарал да не оди во затвор


Газдата на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули осуден на 10 години затвор за трагедијата кај Ласкарци, кој денеска требаше да оди на издржување на затворската казна во затворот „Идризово“ пак побарал одложување на извршувањето на казната со образложение дека баш денеска е на операција. Од Кривичниот суд во Гостивар за „Слободен печат“ велат дека Белули во …

Газдата на „Дурмо турс“ пак побарал да не оди во затвор Read More »

Пронајдено безживотно тело во Вардар кај село Уланци


Екипа на Територијалната противпожарна единица во Велес вчера извадила безживотно тело од водите на Вардар кај село Уланци во општина Градско, по дојава што ја примиле попладнето, во 14:30 часот. Трупот е предаден на надлежните служби. Информацијата ја потврди Цветанка Богоевска, јавна обвинителка на ОЈО Велес, која што информира дека биле преземени истражни мерки, меѓу …

Пронајдено безживотно тело во Вардар кај село Уланци Read More »

Четворица струмичани украле 160 вреќи компир од камион сопственост на жител од тетовско


Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на К.С. од село Горна Речица, украле 160 вреќи со компир, соопштија попладнево од СВР Струмица. Во сопштението се наведува дека полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ј.А.(40), М.А.(34) и …

Четворица струмичани украле 160 вреќи компир од камион сопственост на жител од тетовско Read More »

Вработена во продавница која била во склоп на основно училиште во Чаир натепала 13-годишно дете


Вработена во продажен објект кој се наоѓал во склоп на основно училиште во Чаир, нападнала 13-годишено дете. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (28.11.2025) во 13.40 часот во СВР Скопје Н.А.(41) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир во продажен објект кој се наоѓал во склоп на основно училиште неговиот 13-годишен син бил …

Вработена во продавница која била во склоп на основно училиште во Чаир натепала 13-годишно дете Read More »

Камион и автомобил се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, увидот трае


олицијата сè уште врши увид во сообраќајната несреќа што се случи, утрово на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај село Ругинце. Во сообраќајната несреќа која се случила околу 8:15 часот учествувале камион и автомобил. – Денеска околу 8:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај село Ругинце се …

Камион и автомобил се судрија на патот Куманово – Крива Паланка, увидот трае Read More »

Струмичанец осомничен за обид за убиство на сопругата, доставен предлог за мерка притвор


Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „убиство“.  Осомничениот 48-годишник, како што информира Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, на 26 ноември годинава во семејниот дом во селото Просениково се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за главата и со шприц …

Струмичанец осомничен за обид за убиство на сопругата, доставен предлог за мерка притвор Read More »