МВР ја потврди смртта на Чедомир Радомировиќ, но не кажа никакви други детали


Министерството за внатрешни работи потврди дека Чедомир Радовановиќ починал синоќа по повредите на главата, најверојатно од куршум, откако бил пренесен на скопските клиники. „Вчера во 18,50 во село Орман до паркирано возило ‘лексус’ со скопски регистерски таблички е пронајдено машко лице кое крварело во пределот на главата, а покрај него имало пиштол и чаура. Утврдено […]

Царината заплени 7.800 евра – македонски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата


Инспектори од Служба за мобилни скенери спречија нелегален изнес на девизи на граничен премин Блаце во износ од 7.800 евра, откако при контрола на патник открија поголема сума непријавени девизи, соопшти Царинската управа. Лицето, како што се наведува во соопштението, е македонски државјанин кој патувал со автомобил со чешки регистарски таблички. На прашање на царинските […]

Телото на млада жена најдено кај браната „Градче“ кај Кочани


Вчера во 20:13 часот во подножјето на браната „Градче“ кај Кочани од страна на вработени во ЈП „Водостопанство“ било пронајдено тело на 26-годишна жена. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт по што било извршено препознавање од страна на родителите. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Во гепек сокрил парфеми во вредност од околу 4.000 евра, цариниците му ги нашле


а граничниот премин Табановце е спречен шверц на повеќе од сто парфеми од брендот „Гисада“, со вкупна вредност од 240 илјади денари (околу 4.000 евра). Царинските службеници дејствувале откако возач, без да ги пријави, се обидел нелегално да ги внесе парфемите во државата. Возачот негирал дека има нешто да пријави и тврдел дека носи само […]

Фатени полицајци кои примале поткуп


Министерството за внатрешни работи информираше дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С., Ф.Ѓ. и Д.Ј., […]

Младо момче од Козјак си се шетало со пиштол в раце


Во Штип вчера во 01.50 часот полициски службеници од СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Г.П.(22) од село Козјак, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа биле објавени фотографии на кои едно лице, во урбана средина, држел пиштол во рацете. По преземени оперативни мерки, соопштија […]

Верижен судир на четири возила кај Железничката станица во Скопје


Четири возила утрово се судрија кај Железничката станица во центарот на Скопје. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата за МИА. – Изутринава во осум часот на раскрсницата на булевар „Кочо Рацин“ со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, пријавена е сообраќајна незгода помеѓу четири возила. Во моментов се врши увид, нема пријавено повредени лица, појаснија […]

Лишен од слобода жител на неготинско село, братот пријавил во полиција дека му се заканувал со остар предмет


Лишен од слобода бил жител на неготинско село, братот пријавил во полиција дека му се заканувал со остар предмет. Во друг случај, ваташанец испукал два куршуми од  гасен пиштол во Кавадарци. За двата настана од вчера, денеска информираа од СВР Велес.  – Вчера во 16:20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода […]

Девет лица со симптоми на труење хоспитализирани во Гостивар


Вкупно девет лица биле згрижени во Инфективното оддление во гостиварската Болница, со симптоми на труење. По дадената терапија сите се испратени дома и нема потешки случаи. Дежурниот лекар во Одделението за МИА информираше дека синоќа во периодот од 22 часот до полноќ биле примени пациенти на помлада возраст кои претходно се јавиле во Брза помош. […]

Детска клиника: Една сестра нестручно се однесувала кон бебето, случајот ќе го разгледува комисија


Директорот на Клиниката за детски болести, д-р Реџеп Мемеди информира дека согласно законот се превземени сите мерки во врска со тврдењата на родителите на четиримесечното доенче за искажување навреди кон нив и нанесување телесна повреда на доенчето од страна на една медицинска сестра во клиниката. „Mинистерот за здравство Д-р Арбен Таравари заедно со директорот на […]

Случаен минувач нашол болно бебе во центарот на Велес


Бебе во тешка здравствена состојба било оставено во центарот на Велес, случаен минувач го однел во болница – информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Синоќа во 17.40 часот во СВР – Велес, од болница во градот било пријавено дека од страна на случаен минувач, кај нив било донесено бебе, кое било […]

Тинејџерите најдени во бессознание го нападнале и сопственикот на куќата – тој е приведен


Во петокот, во 13.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, во двор од куќа, сопственост на Д.Ѓ.(40) од Скопје, тој бил физички нападнат со тврд предмет од малолетник. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, при што затекнале четири малолетни лица, од кои две биле […]

Србин се скарал со сопругата и ја оставил повредена на автопат кај Демир Капија


 Повредена жена била пронајдена синоќа на автопатот кај Демир Капија, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.  – Синоќа во 19:50 часот на автопатот А1 Демир Капија – Неготино, по наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР – Неготино ја пронашле С.М., на возраст од 49 години од […]

Четворица малолетници пронајдени затруени, итно се пренесени на Токсикологија


Четворица малолетници се пронајдени попладнево во безсознание во куќа во Скопје. Тинејџерите во моментот се на лекување на Клиниката за Токсикологија. Докторите се обидуваат да ја дознаат причината за нивната здравствена состојба, а повикан е и дежурниот персонал, јавува Фокус. Тие се во сериозна здравствена состојба, а забележани се и повреди на нивното тело. Од […]

Момчето што се самозапали и почина во Ќојлија, не било киднапирано – само отишло таму


 СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 4 јули беше  пријавено дека во индустриска зона Ќојлија, во близина на Меѓународен аеродром Скопје, избувнал пожар на плац од агенција за рент-а-кар, во кој со изгореници по телото се здобил Б.А. (24) од Скопје, по што на 7-ми месецов, како последица на изгорениците Б.А. […]

Кривична пријава за поранешната економска директорка на Токсикологија


На 12.07.2024 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за корупција во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава против Б.И. (29) од Тетово, заради постоење на основано сомнение дека  сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик. […]

Нападнал Македонец во Ровињ, тешко го повредил


Со завршување на кривичната истрага против 27-годишникот, полицијата од Ровињ утврдила сомнение дека сторил кривично дело тешка телесна повреда, соопшти денеска истарската полиција. Како што се наведува во соопштението, маж е осомничен дека на 3 јули физички нападнал 30-годишен државјанин на Северна Македонија на тераса од ресторан на брегот „Владимир Назор“ во Ровињ. Во настанот […]

Загина 18-годишник од Скопско, со возилото излетал од патот


Вчера околу 10.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Т.(50) од с.Љубанци, скопско, пријавил дека околу 07.00 часот на место викано Бозиште, скопско, неговиот син Д.Т. (18) со патничко возило излетал од шумски пат, по што починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, […]

Ослободен полицаецот што ја уби имигрантката Фатмата Камара


Полицаецот Игор Марков, кој лани пролетта смртно ја рани мигрантката Фатмата Камара додека со уште тројца мигранти се обидувала да влезе во Македонија кај Гевгелија, е ослободен од обвинение. Причината за ваквата одлука е што Марков пиштолот што го извадил додека бил нападнат од едниот од криумчарите и не сакајќи ја погодил несреќната имигрантка.Практично,  по […]

Три случаи на каснувања од кучиња скитници во различни градови


На 10.07.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Центар, Љ.С.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Ленинова“ во Скопје бил каснат од куче скитник. На 10.07.2024 во 20.45 часот во Полициско одделение Македонска Каменица, Т.И.(48) од Македонска Каменица пријавил дека на ул.„Индустриска“ во Македонска Каменица неговата внука била касната од куче скитник. На 10.07.2024 во 16.20 […]