Јавниот долг го достигна нивото од 60 отсто од БДП


 Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на успешност – Управување на јавниот долг-задолжување на Република Северна Македонија. Ревизијата е извршена согласно годишната Програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2020 година и го опфаќа периодот 2015 – 2020 иако одредени области, прашања и настани се опфатени пред 2015 […]

Раст на индексите на Волстрит, најмногу поради намалените тензии околу Украина


Нагло се зголемија цените на акциите на Волстрит во текот на вчерашниот ден, најмногу во технолошкиот сектор, што се должи на намалените тензии околу Украина, со оглед на тоа што Русија повлече дел од војската од украинската граница. Dow Jones порасна за 422 поени или 1.22 отсто, на 34.988 поени, додека S&P 500 „скокна“ за […]

Околу 7.000 компании лани ставиле клуч на врата


Драстичен раст на бројот на затворени компании минатата година. Податоците говорат дека ланската година била погубна за приближно 7.000 компании или поточно 6.993 фирми ставиле клуч на врата. Во однос на 2020-тата година бројките покажуваат зголемување на бројот на згаснати фирми за дури 782 (во 2020-тата не преживеале 6.211 компании), обелоденуваат податоците од реномираната бизнис […]

Симпозиум „Споделување на најдобрите практики за лозарството и за потенцијалот на македонскиот тероар“


Симпозиум на тема „Споделување на најдобрите практики за лозарството и за потенцијалот на македонскиот тероар“, ќе се одржи денеска во просториите на М6 Едукативен центар во органзиација на винарската визба „Тиквеш“ Симпозиумот што може да се следи и онлајн се организира во рамки на тригодишниот проект „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци […]

Народната банка добро се справила со кризите, смета ММФ


Народната банка (НБ) води соодветна олабавена монетарна политика, бидејќи инфлацијата е пред сѐ глобален феномен. Во согласност со глобалните трендови, повисоката инфлација веројатно ќе се задржи подолго во однос на претходните очекувања, намалувајќи се во текот на втората половина на 2022 година, констатира Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во извештајот од редовната мисија во земјава. Од […]

Бислимовски: ЕВН Хоме е должен да фактурира по состојбата што граѓаните ја пријавиле со самоотчитување


Сите апокалиптични сценарија и најави дека цената на електрична енергија за домаќинставата ќе се зголеми до 50 проценти или ќе има рестрикции не се остварија. Цената се корегираше за 9,48 проценти, а рестрикции нема, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на собраниската Комисија за економски прашања на која […]

Влада: Почнат процес за обезбедување алтернативни извори на гас


Владата на денешната седница го задолжи АД Електрани на Северна Македонија да почне процес за потпишување на договорите за реализација на Меморандумот за разбирање склучен помеѓу АД ЕСМ и Гастрејд С.А врзани со проектот Терминал за течен гас во Александропулос, Република Грција, информираат од владината прес-служба. Со овие договори и преземени обврски, посочуават од Владата, […]

Белгија дозволува четиридневната работна недела поради пандемијата


Белгиските работници ќе можат да работат четири дена во неделата, според владиниот договор чија цел е да се зголеми флексибилноста на инаку крутиот пазар на трудот. Говорејќи пред новинарите откако седумчлената владејачка коалиција постигна договор денеска, премиерот Александар Де Кро рече дека пандемијата на коронавирус ги принудила луѓето да работат во пофлексибилни услови и да […]

Македонија ќе добие помош за обновлива енергија од ОН и ЕБОР


Инструментот за зелено финансирање од  Македонија е избран меѓу десет најдобри финансиски инструменти во светот и ќе добие средства од заедничкиот фонд за Целите за одржлив развој. Оваа програма ќе  обезбеди пристап до поевтино финансирање за мали и средни претпријатија, како и за физички лица и домаќинства (вклучително и кредитоспособни лица од недоволно опфатени социјални […]

„Гленкор“ го продава уделот во „Руснефт“, става крај на 20 годишно партнерство


„Гленкор“ го продава својот удел во „Руснефт“, со што става крај на дведецениските инвестиции што ѝ овозможија на англо-швајцарската компанија да тргува со милиони барели нафта од оваа руска групација. Продажбата, процес кој трае со години откако „Гленкор“ го смени врвниот менаџмент, беше објавена во декември 2021 година и ќе биде завршена во првата половина […]

Растот на БДП во еврозоната и во ЕУ нагло забави кон крајот на 2021 година


Економиите на ЕУ и на еврозоната нагло забавија во четвртиот квартал од 2021 година, а забави и вработеноста поради проблемите со снабдувањето што го попречија производството и ширењето на варијантата омикрон, покажаа новите проценки на Евростат во вторникот. Европската економија мака мачи со набавките, особено на полупроводниците, клучните компоненти во производството на автомобили, а кон […]

Надворешниот долг на Словенија надминува 108 отсто од БДП


Бруто надворешниот долг на Словенија на крајот на декември 2021 година изнесуваше 50,8 милијарди евра, што е 108,3 отсто од бруто домашниот производ по тековни цени, додека бруто надворешните побарувања изнесуваат 51,2 милијарди евра, покажуваат податоците на централната банка. Според агенцијата СТА, бруто надворешниот долг, како дел од вкупниот долг на земјата по задолжување од […]

ЕЦБ предупреди на последиците од прекин на снабдување со гас


Прекинот на снабдување со гас би предизвикал шок, што ќе ги намали вредностите на стоката и услугите произведени во еврозоната, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). Цените на енергијата достигнаа рекордно ниво, поради стравови од евентуален руски напад врз Украина, што би довел до прекин на снабдувањето на Европа со руски енергенси, откако Западот ѝ […]

Светска банка ги пресели своите службеници од Украина


Светската банка соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата и дека нејзините операции продолжуваат во Украина. Светска банка привремено ги пресели своите службеници од Украина и ја прекина работата на своите мисии во оваа земја поради тензиите на границата меѓу Русија и Украина, се наведува во интерен документ до кој имал пристап Ројтерс, пишува Срна. Светска […]

Секој седми Швајцарец е милионер


Германија е на самиот врв во Европа по личното богатство акумулирано во вредност од повеќе од 16 билиони евра, покажува студијата на Швајцарскиот институт, во која се нагласува натамошното проширување на јазот меѓу богатите и сиромашните. И покрај падот на економската активност, личното богатство порасна во 2020 година, првата година од пандемијата, според истражувањето на […]

И компаниите ќе протестираат поради високите сметки за струја


Стопанската комора за енергетика и компаниите на 25 февруари ќе излезат на протест пред Владата, каде што ќе ги повторат своите барања и решенија за состојбата со енергетската криза. Од Комората на 24 јануари доставија барања до Владата. Едно од барањата е разрешување на економските министри, одредени директори и претседатели на компании и поставување стручни […]

Буџетите и буџетските корисници до крајот на месецов треба да се достават завршните сметки до Централниот регистар и ДЗР


Согласно Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници, буџетите и буџетските корисници имаат обврска годишните завршни сметки да ги достават до Регистарот на завршните сметки при Централниот регистар и до Државниот завод за ревизија до крајот на месецов и да ги објават на својата веб страница во рок од 15 дена од денот на […]

Цените на бензините растат осум недели по ред – може ли да интервенира државата


  Речиси два месеци или цели осум недели цената на бензините во светот и на домашниот пазар е во постојана нагорна линија. Ако на 20 декември лани литар ЕУРОСУПЕР 98 на домашните бензински станици чинеше 75 денари, од утре новата цена изнесува 84 денари за литар, или девет денари повеќе. Слично е и кај еуродизелот […]

Кризата во Украина ги прави САД господар на пазарот на гас


САД– Американскиот извоз на течен природен гас во Европа се зголеми поради ескалацијата на кризата во Украина, објави Волстрит џурнал. Според авторот на написот Даниел Јергин, растот на производството на нафта и гас во САД се претворил во геополитички и економски актив за земјата, што може да ги измести руските конкуренти од европскиот пазар. – Додека индустријата за нафта […]

Берзите реагираат на предупредувањата за можна руска инвазија на Украина 


САД– Акциите на светските берзи продолжуваат со пад и денеска по постојаните предупредувања за можна руска инвазија на Украина, што според официјални извори може наводно да се случи неделава.  Загриженоста од голем конфликт во Европа предизвика и зголемување на цената на нафтата на рекордно ниво во последните седум години. Тоа го потиснаа еврото, и ги натера инвеститорите да се вратат […]