Фото и видео дејностите се здружија во Комора, бараат поддршка од Владата и вклучување во петтиот сет мерки


Претставниците на фотографската и видео дејноста во земјава формираа Комора. Здружени, апелираат дека и тие се погодени од пандемијата, дека се колатерална штета од ограничувањата за работа на угостителските објекти, дека е загрозена нивната егзистенција и дека државата ги заборавила. Затоа, како што соопштија денеска, бараат да бидат опфатени со петтиот пакет антикризни мерки. Новата …

Фото и видео дејностите се здружија во Комора, бараат поддршка од Владата и вклучување во петтиот сет мерки Read More »

„Луфтханза“ тргна на најдолгиот лет во својата историја


Германија – Германската авиокомпанија „Луфтханза“ вчера тргна на најдолгиот лет без застанување во својата историја, од Хамбург до Фокландските Острови, што е лет долг 13.700 километри. Овој лет би требало да трае 15 часа и 35 минути, истакна портпарол на авиокомпанијата. На летот во воената база Маунт Плезант се наоѓаат истражувачи од германскиот Институт „Алфред Вегенер“ …

„Луфтханза“ тргна на најдолгиот лет во својата историја Read More »

Лани на фирмите за ДДВ им биле вратени 397,4 милиони евра  


Минатата година во стопанството се слеале 397,4 милиони евра по основ на поврат на ДДВ кон фирмите. И покрај тоа што 2020 беше кризна година, минатата година има најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, ссоопшти Министерството за финансии.   …

Лани на фирмите за ДДВ им биле вратени 397,4 милиони евра   Read More »

Средба Битиќи – НУК: Прифатени три од петте барања на угостителите


Владата и претставниците на Независната угостителска комора, се чини постигнаа компромис околу барањата на угостителите и можностите што ги има државата да му помогне на овој сектор кој е еден од најпогодените во ковид кризата. На денешната средба во вицепремиерот Фатмир Битиќи, биле прифатени три од петте барања кои претходно ги имаше објавено НУК. Тоа …

Средба Битиќи – НУК: Прифатени три од петте барања на угостителите Read More »

Одобрени 23 милиони евра од „Ковид 3” за вкупно 2.009 корисници со 15.197 вработени


Нови 733 кредитни барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата. Досега, се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања, со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај овие 2.009 апликанти, вработени се вкупно 15.197 лица. Како што соопшти …

Одобрени 23 милиони евра од „Ковид 3” за вкупно 2.009 корисници со 15.197 вработени Read More »

На располагање нови средства за набавен педигриран добиток


Сите фармери кои од септември до декември 2020 година набавиле педигрирани кози и овци ќе може да аплицираат за добивање финансиска поддршка за набавениот добиток. Како што соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), крајниот рок за доставување барања е 28 февруари 2021 година. Станува збор за мерката 121 „Инвестиции за …

На располагање нови средства за набавен педигриран добиток Read More »

ФИТР: Македонија ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади


Како Северна Македонија ќе стане атрактивна дестинација преку Програмата за развој на дигиталното номадство беше темата на која дискутираа: Коста Петров, Директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Себастијан Дијаз Меса, поранешен извршен Директор на Start-Up Chile, Саманта Миките, дигигитален номад од Канада и Нина Николиќ ко-основач на Стартап Македонија. Заклучокот од размената на …

ФИТР: Македонија ќе стане нова атрактивна дестинација за дигитални номади Read More »

Угостителите на средба со Битиќи, бараат субенции за плати до крај на ковид кризата


Претставници на угостителите денеска треба да имаат средба со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. На средбата, како што најави Независната угостителска комора (НУК), ќе стане збор за петтиот пакет економски мерки и за поддршката на угостителската индустрија. – Се надеваме дека средбата ќе даде резултати и во рамки на можностите на Владата со новиот …

Угостителите на средба со Битиќи, бараат субенции за плати до крај на ковид кризата Read More »

Робин Худ трансакциите под лупа на американската Комисија за хартии од вредност


Комисијата за хартии од вредност и тргувања на берзите на САД (СЕК) излезе со соопштение денеска во врска со неконтролираните трансакции неделава со акции на компании како GameStop, AMC Entertainment или Blackberry. -Агенцијата внимателно ги набљудува чекорите преземени од компании кои се под регулација, а кои можат да ги измамат инвеститорите или на друг нaчин да ја спречат …

Робин Худ трансакциите под лупа на американската Комисија за хартии од вредност Read More »

МФ: На крајот на 2020 година јавниот долг во рамки на Мастришкиот критериум


Благо намалување на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал од 2020 година, соопшти Министерството за финансии. Како што наведуваат во соопштението на крајот од 2020 година државниот долг изнесува 51 отсто, што е за 0,5 процентни поени пониско во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг изнесува 59,9 отсто и е за 0,8 …

МФ: На крајот на 2020 година јавниот долг во рамки на Мастришкиот критериум Read More »

„Мапа на вработеност на Западен Балкан“ за следење на последиците од Ковид-19


Советот за регионална соработка (РЦЦ) од денеска има „Мапа за вработеност на Западен Балкан“, на која се следат последиците од пандемијата на коронавирус на пазарите на труд во регионот. Мапата покажува дека на почетокот на кризата, во март 2020 година, бројот на пријавени невработени на Западен Балкан изнесувал 1,22 милиони и до ноември е зголемен …

„Мапа на вработеност на Западен Балкан“ за следење на последиците од Ковид-19 Read More »

Намалени просечните каматни стапки и на кредитите и на депозитите


Просечната камата кај кредитите во декември изнесува 4,63 отсто и забележува намалување од 0,05 отсто на месечно ниво и 0,31 отсто на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Според податоците намалување на просечната камата е забележано и кај депозитите од 0,01 отсто на месечно ниво и 0,31 отсто на годиношно ниво. Во декември …

Намалени просечните каматни стапки и на кредитите и на депозитите Read More »

Индустријата лани со 4,6 отсто помалку вработени


Бројот на работниците во индустријата во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи намалување од 4,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Податоците покажуваат дека бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2020 година, во однос на периодот јануари – декември 2019 година, се намалил за 4,6 отсто. Бројот …

Индустријата лани со 4,6 отсто помалку вработени Read More »

Индустриското производство во декември со раст од 2,5 отсто, целата година намалено за 9,5 отсто


Индустриското производство во декември 2020 година бележи раст од 2,5 отсто во однос на декември 2019 година, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци индустриското производство во 12-те месеци во 2020 година, во однос на периодот јануари – декември 2019 година, бележи намалување и изнесува 9,5 отсто. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот …

Индустриското производство во декември со раст од 2,5 отсто, целата година намалено за 9,5 отсто Read More »

Ски-центарот Попова Шапка развојот ќе го бара преку јавно приватно парнерство


Јавно приватно партнерство е моделот за кој најверојатно ќе се одлучи Владата, за развој на ски-центарот Попова Шапка. Ова денес го најави министерот за економија Крешник Бектеши кој заедно со новиот директор на Елем турс Адем Авзиу се упатија во познатиот зимски туристички центар да го промовираат пуштањето во работа шестосед-жичницата „Лајтнер“ оваа сезона. Инаку, …

Ски-центарот Попова Шапка развојот ќе го бара преку јавно приватно парнерство Read More »

Состанокот на Битиќи и угостителите презакажан за утре


По објавените реакции на Независната угостителска комора (НУК), утрово, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја презакажа средбата за утре, 30 јануари, во 14:00 часот. Средбата требаше да се одржи денеска, во 14:30 часот, но Битиќи, како што информирал неговиот Кабинет, не можел да присуствува. -Од Кабинетот на заменик-претседателот на Влада за економски …

Состанокот на Битиќи и угостителите презакажан за утре Read More »

Во Тиквешко ќе се инсталираат мерни станици за „паметно“ земјоделство


 Општините од Тиквешијата ќе добијат мерни станици за „смарт“ земјоделско производство. Советот на општина Кавадарци на денешната седница донесе одлука за кофинансирање на регионален проект за инсталирање вакви мерни станици. Проектот чини десет милиони  денари со вклучен данок на додадена вредност. Девет милиони денари ќе се обезбедат од Бирото за регионален развој, милион денари  од …

Во Тиквешко ќе се инсталираат мерни станици за „паметно“ земјоделство Read More »

Во декември годинава се јадело и пиело помалку од лани


Во трговијата на мало, во декември 2020 година, во споредба со декември 2019 година, намалување на прометот е забележан кај храната, пијалаците и тутунот номинално за 6,6 отсто, реално за 10 отсто, објави Државниот завод за статистика. Намалување на прометот е забележан и кај трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 15,8 …

Во декември годинава се јадело и пиело помалку од лани Read More »

Стагнација на германската економија во четвртиот квартал од 2020 година


И покрај блокадата од пандемијата на коронавирусот, германската економија во последниот квартал од минатата година пораснала за 0,1 процент во споредба со претходното тримесечје, соопшти денеска германскиот Федерален завод за статистика, пренесе ДПА. Економистите во голем дел ја предвидуваа стагнацијата на економијата. Германија се наоѓаше на патеката за закрепнување од вториот квартал, кога бруто домашниот …

Стагнација на германската економија во четвртиот квартал од 2020 година Read More »

Истражување: Најголем пад на туризмот во историјата, за закрепнување потребни се неколку години


За светскиот туризам 2020 година е најлошата година во историјата со пад на меѓународните туристички пристигнувања за 74 проценти или околу милијарда помалку отколку во 2019 година, а континуираните ограничувања на патувањето и другите антипандемиски мерки исто така ги намалуваат очекувањата за закрепнување во 2021 година, соопшти Светската туристичка организација при ОН (СТООН). Ваквиот пад …

Истражување: Најголем пад на туризмот во историјата, за закрепнување потребни се неколку години Read More »