Средба на Ковачевски со директорката на ММФ во Минхен


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција се сретна со директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.   Премиерот Ковачевски, како што соопшти владината прес-служба, го истакна како многу значаен ангажманот на ММФ во справувањето со КОВИД-19 пандемијата во нашата земја. Како исклучително корисни ги […]

Министерот Бесими од денеска во работна посета на Брисел


Министерот за финансии Фатмир Бесими од денеска до 22 февруари 2022 година ќе престојува во работна посета на Брисел, каде ќе оствари средби со високи претставници на Европската Комисија. -Разговорите на министерот со своите соговорници ќе бидат фокусирани на ЕУ перспективите на РС Македонија, очекувањата од француското Претседателство за напредок во процесот на отворање на […]

Ангеловска-Бежоска: Геополитичките случувања може да го забават растот


Геополитичките случувања, вклучително и руско-украинските тензии може неповолно да се одразат врз динамиката на заздравувањето на глобалната економија, како и на глобалните пазари на примарни производи. Директната изложеност на нашата кон руската и украинската економија е мала и оттаму не се очекуваат позначителни директни ефекти. Сепак,  доколку дојде до забавување на глобалниот раст, а особено растот […]

Закоњшек: Со отворање на железничкиот пазар ќе се привлечат нови даватели на услуги


Клучен чекор е усвојување и потоа имплементација на новиот закон за железници, подготвен од Министерството за транспорт и врски. Главната новина е дека јавната железничка инфраструктура може да се користи од приватни железници, вели во интервју за МИА Матеј Закоњшек, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница на ЈИЕ.  Тој укажува дека со отворањето на железничкиот […]

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава


Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ-со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што се наведува во извештајот на кредитната Агенција, ги рефлектира очекувањата дека силните изгледи за економски раст на нашата држава ќе ги поддржат напорите на Владата за буџетска консолидација и ќе овозможат стабилизирање на државниот долг […]

Бочварски: Законот за дивоградби заглавен во собраниска процедура


Законот за дивоградби е во собраниска процедура. Ако Парламентот е подготвен за дебата, тука сме да ги отвориме сите прашања, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во изградбата на браната на реката Отиња, Бочварски истакна дека законот е целосно преправен и корегиран, како и дека се […]

„Грин Машинс“ на „Брако“ го освојува и пазарот во Египет


GM 955 и GM 414 RS на „Грин Машинс“ од Велес се дел од разновидната програма на брендот што за првпат се испорачуваат во Египет. „По успешното пуштање во употреба на овие машини, очекуваме и нарачки со зголемени количини“, велат одговорните. Од техничките спецификации на GM 955 највпечатлив е неговиот капацитет од 6 кубни метри. […]

Непречено се одвива изградбата на браната Отиња


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска изврши увид во изградбата на браната Отиња во Штип. Инвестициската вредност на проектот е 306 милиони денари, а со него е предвидено да се изведе камено-земјена брана со централно глинено јадро високо 33 метри. Како што изјави Бочварски по увидот, изведувачите се на терен и работат непречено. […]

Билјана Јовановска разрешена од директорската функција во Пензискиот фонд, местото ќе и припадне на Алтернатива


Управниот одбор во текот на денешниот ден ја разреши директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, Билјана Јовановска. Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за МИА велат дека разрешувањето на Јовановска е поради договорот директорското место да и припадне Алтернатива, новиот  коалициски партнер во Владата. Јовановска треба да ја наследи […]

Трошоците за изградба на шест нуклеарни реактори во Франција проценети на 51,7 милијарди евра


Според ревизијата на француската влада објавена денеска, пуштањето во употреба на првиот ЕПР2 нуклеарен реактор е „планирано за 2037 година“, при што е објавена и проценката за трошоците, јави дописникот на МИА. Трошоците за изградба на програма од шест нуклеарни реактори ЕПР2 од новата генерација се проценуваат на 51,7 милијарди евра, без трошоците за финансирање, на […]

Невработеноста во Франција нагло се намали во четвртиот квартал од 2021 година


По четири тримесечија на стагнација, стапката на невработеност нагло падна во Франција во четвртиот квартал од 2021 година. Таа падна за 0,6 поени, на 7,4 отсто од работоспособното население, според бројките објавени овој петок од Националниот институт за статистички и економски студии, јави дописникот на МИА од Париз. Бројот на невработени, како што е дефинирано […]

(Во живо) Изјави по состанокот во Влада за зголемување на пензиите


Заврши средбата меѓу владините претставници и здруженијата на пензионери на која стана збор за зголемувањето на пензиите. На средбата, како што претходно најавија од владината прес-служба, присуствуваа вицепремиерот за економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери. На […]

Гир: Европската Унија дава силна поддршка за изградбата на Коридорот 8


Европската Унија дава силна поддршка на Република Северна Македонија во изградбата на Коридорот 8, изјави денеска во Крива Паланка, шефот на Делегацијата на Европската унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир.   – Како Европска Унија со нетрпение очекуваме да отпочне изградена на првиот и вториот дел од железничката траса на Коридорот 8, пругата кон Бугарија […]

Зелената и дигитална транзиција, човечкиот капитал и поврзувањето со глобалните синџири во фокусот на тригодишната Програма за економски реформи


Економско закрепнување, зелена транзиција и модернизација на енергетскиот сектор, подобрување на образовниот систем, здравството, пазарот на труд и социјалната вклученост, како и дигиталната транзиција и зајакнување на конкурентноста на домашните компании и нивно интегрирање во глобалните синџири на вредност се главните предизвици поставени со Програмата за економски реформи во следниот тригодишен период. – Поставените приоритети […]

Елемент ПР стана дел од глобалната групација Конвој


Агенцијата за односи со јавност и корпоративни комуникации, Елемент ПР, стана дел и партнер во глобалната ПР групација Конвој. Групацијата Конвој е единствената глобална агенциска група која е специјализирана за развивање комуникација во бизнис кон бизнис (В2В) релации, за односи со јавноста и маркетинг во технолошката индустрија. Convoy Global PR Group е составена од избрани, […]

Јапонија тестира воз на водород


Најголемата јапонска железничка компанија „Џеј-ар ист“ го претстави возот „Хибари“ којшто се движи на водород и електрична енергија. Тој беше претставен во експерименталната база во градот Кавасаки, во околината на Токио. Тестовите на електровозот се очекува да почнат во втората половина на март на една од линиите во околината на јапонската престолнина. Моторот генерира електрична […]

Компанијата „Нестле“ продаде удел во „Лореал“ за десет милијарди долари


„Нестле“ денеска објави дека во текот на претходната година, органскиот раст достигнал 7,5 отсто, со реален внатрешен раст од 5,5 отсто и раст на цените од два отсто. Вкупната продажба порасна за 3,3 отсто на 87,1 милијарди швајцарски франци. Истовремено, продажбата на девизниот бизнис падна за 1,3 отсто, се вели во соопштението на компанијата. Додадено […]

Ангеловска-Бежоска ‒ Азески: Мерките и политиките спроведени од Народната банка го ублажија ударот на пандемијата врз економијата


Мерките и политиките коишто ги спроведе Народната банка за време на пандемијата придонесоа за ублажување на ударот врз економијата, а потоа помогнаа и во процесот на закрепнување. Регулаторната флексибилност за време на пандемијата придонесе за солидна кредитна поддршка по значително намалени каматни стапки, што им помогна на фирмите во премостувањето на предизвиците со ликвидноста. Ова беше […]

Јандреоски избран во Одборот на директори на светското здружение на раководители на аеродроми


Извршниот директор на црногорските аеродроми, Горан Јандреоски, е именуван за член на Одборот на директори на Меѓународното здружение на раководители на аеродроми во светот (IAAE). „По моето минатогодишно именување за членот на Бордот на Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Councle International), овој избор е само уште една потврда дека нашата земја располага со квалитетни кадри […]

Прв состанок за зголемување на пензиите


Првиот состанок за најавеното зголемување на пензиите се очекува да се одржи денеска, а на него, според најавите, треба да учествуваат сите засегнати страни кои низ дијалог ќе го донесат најприфатливото решение. На состанокот, како што изминатите денови најавија премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе се разговара за можноста за […]