Лукаревска: Дури 5.713 обврзници немаат исплатено плати на вкупно 14.829 вработени


Годинава, заклучно со 4 октомври, 5.713 обврзници немаат исплатено плати на вкупно 14.829 вработени, информира директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска. – До сите овие обврзници се доставени опомени и согласно нашиот календар на активности – денеска или првиот работен ден по празникот, ќе треба да бидат доставени и блокади, рече Лукаревска …

Лукаревска: Дури 5.713 обврзници немаат исплатено плати на вкупно 14.829 вработени Read More »

Северна Македонија со најмало бирократско оптоварување за компаниите


На една компанија во земјава и се потребни 146 часа за да биде во согласност со сите законски барања. Истражувањето за индексот на бирократија покажува дека Северна Македонија од сите опфатени земји има најмало бирократско оптоварување во однос на процедурите и бројот на часови кои им се потребни на компаниите за да ги завршат сите …

Северна Македонија со најмало бирократско оптоварување за компаниите Read More »

(Во живо) Битиќи на презентацијата на Индексот на бирократија


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи присуствува на презентацијата на Индексот на бирократија, кој е дел од проектот „Кон намалување на бирократскиот товар“, спроведен од „Macedonia 2025“, институтот „INESS“ и фондацијата „Fridriech Naumann“. Проследете ја изјавата во живо:

„Атлантис“ на „Витаминка“ повторно е розов со цел зголемување на свесноста за рак на дојка


Чоколадните морски школки „Атлантис“ добија розова едиција која е достапна во сите продажни објекти и дел од средствата на продадените количини ќе биде наменет за лицата со рак на дојка. На овој начин компанијата „Витаминка“ повторно активно се вклучува во поддршката на активностите на „Здружението Борка“ за зголемување на свеста за овој тип рак. „Атлантис …

„Атлантис“ на „Витаминка“ повторно е розов со цел зголемување на свесноста за рак на дојка Read More »

„ТАБ МАК“ Пробиштип со нов инвестициски циклус од 30 милиони евра


Новиот инвестициски циклус на „ТАБ МАК“ од Пробиштип, во вредност од 30 милиони евра, што подразбира зголемување на капацитетите во производство на стартер батерии, беше во фокусот на разговорот на средбата на премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов со раководството на словенечката фабрика „ТАБ МАК“ за оловно-киселински акумулатори. Како што информираат од …

„ТАБ МАК“ Пробиштип со нов инвестициски циклус од 30 милиони евра Read More »

Колку е оправдан стравот од инфлација – преработувачите предупредуваат, власта најавува интервенции


Инфлацијата во септември годинава се искачи на 3,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според најновите податоци, трошоците трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани бележат зголемување од 3,7 отсто, а цените на мало од 5,6 проценти, што е најголем раст годинава. Сепак, доза на оптимизам влева податокот дека …

Колку е оправдан стравот од инфлација – преработувачите предупредуваат, власта најавува интервенции Read More »

Бизнисот очекува наместо популизам, општините да се зафатат со реалните проблеми


И најдобрите владини програми не можат да се реализираат со постоечкиот модел на локална самоуправа, особено со слабиот капацитет на некои градоначалници.  Крајно време е општините да престанат да сервираат популизам, и наместо со дневни проблеми, да се зафатат со долгорочно решавање на клучните прашања, порачува бизнис секторот. Стопанствениците во разговор за МИА се децидни …

Бизнисот очекува наместо популизам, општините да се зафатат со реалните проблеми Read More »

Бислимоски: РКЕ ги презеде сите мерки за заштита на електроенергетскиот систем, инцидентот нема да ме поколеба


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски вечерва изјави дека како регулаторно тело ги презеле сите мерки за заштита на електроенергетскиот систем и дека постапката за одземање на лиценцата на „У пауер“ е почната откако е добиен допис од МЕПСО за злоупотреба на балансираната енергија за комерцијални цели. – Преземавме мерки за да го …

Бислимоски: РКЕ ги презеде сите мерки за заштита на електроенергетскиот систем, инцидентот нема да ме поколеба Read More »

Бил Гејтс веќе не е еден од двајцата најбогати луѓе во Америка


Заврши ерата на коосновачот на Мајкрософт како прв или втор најбогат Американец, делумно поради трансферите на акции поврзани со неговиот развод. Ова е негово најниско рангирање на „Форбс 400“ во последните 30 години    За првпат од 1991 година, коосновачот на Мајкрософт не е број 1 или број 2 на „Форбс 400“, кој годишно ги …

Бил Гејтс веќе не е еден од двајцата најбогати луѓе во Америка Read More »

Адора инженеринг: Ги купивме топланите, а не целиот имот на Топлификација, ќе ја почитуваме одлуката на Собранието на доверители


Адора инженеринг очекува Собранието на доверители на скопска Топлификација во стечај, на 8-ми октомври да се произнесе за продажбата на топланите Исток и Запад, кои беа купени од страна на Адора за 9,27 милиони евра. Од компанијата на Ванчо Чифлиганец велат дека тие ќе прифатат било каква одлука на Собранието на доверители, без разлика дали …

Адора инженеринг: Ги купивме топланите, а не целиот имот на Топлификација, ќе ја почитуваме одлуката на Собранието на доверители Read More »

Бесими ги започна активностите во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ


Министерот за финансии Фатмир Бесими ги започна активностите во рамки на Есенските годишни средби на ММФ и Светска банка (СБ), кои и овој пат поради пандемијата од Ковид-19 се организираат онлајн. Министерот заедно со претставници од Министерството за финансии (МФ) oдржаа средба со претставници на Одделот од ММФ за фискални прашања – ФАД. На средбата, …

Бесими ги започна активностите во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ Read More »

Заев: Подготвени сме да интервенираме во случај на раст на цените


Со државните резерви секогаш сме подготвени да интервенираме доколку забележиме некој циклус да покажува пикови, со што би имало рефлексија врз севкупната економија и врз цените на одредени базични производи, рече денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за најавениот раст на инфлацијата. -Финансиски сме стабилни и секогаш сме подготвени, согласно праксата дома, но …

Заев: Подготвени сме да интервенираме во случај на раст на цените Read More »

ЕУ размислува како да ги стабилизира цените на гасот и електричната енергија,


  Дали цената на гасот во Европската унија е „неподносливо висока“ или едноставно е одредена од пазарот? Франција и некои други земји бараат воведување заеднички мерки на ЕУ. Дали е тоа можно? Само во септември, цената на природниот гас за потрошувачите во Европската унија скокна за 17 отсто. Многу домаќинства овие денови добиваат писма со …

ЕУ размислува како да ги стабилизира цените на гасот и електричната енергија, Read More »

Душан Пецовски нов претседател на Управниот одбор на Реплек


Душан Пецовски е избран за нов претседател на Управниот одбор на Реплек АД Скопје, а нови членови на УО се Иван Туџаров, Александар Томовски, Цане Талевски и Коста Котевски. Одлуката за избор на претседател и членови на УО ја донесе Надзорниот одбор на Реплек АД Скопје на вчерашната седница, врз  основа на член 374 став 3 …

Душан Пецовски нов претседател на Управниот одбор на Реплек Read More »

Со вклучувањето на третиот блок на РЕК Битола ќе се задоволи домашната потрошувачка, вели Бектеши


Со активирањето на третиот блок на РЕК Битола верувам дека ќе ги исполниме потребите на домашната потрошувачка во зимскиот период и оти нема да има енергетска криза во државава, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Стојам позади тоа дека нема да има енергетска криза во нашата држава имајќи во предвид дека работиме да …

Со вклучувањето на третиот блок на РЕК Битола ќе се задоволи домашната потрошувачка, вели Бектеши Read More »

Трошоците на живот зголемени за 3,7, а цените на мало за 5,6 отсто


Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани бележат зголемување од 3,7 отсто, а цените на мало од 5,6 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември во споредба со претходниот месец се помали за 0,1, а цените на мало за 0,5 отсто. Намалување на индексите на …

Трошоците на живот зголемени за 3,7, а цените на мало за 5,6 отсто Read More »

Извозот зголемен за 31,5, а увозот за 34 отсто


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 4.562.214.000 евра и бележи пораст од 31,5 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.250.832.000 евра, што е зголемување за 34 проценти. Трговскиот дефицит, …

Извозот зголемен за 31,5, а увозот за 34 отсто Read More »

Бектеши не исклучува замрзнување на цените на основните производи ако има нарушувања на пазарот


Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека не се задоцнети евентуалните активности за замрзнување на цените на основните производи и вели дека не се точни предвидувањата дека до крајот на годинава тие ќе поскапат за околу 50 проценти. -Будно ја следиме ситуацијата и во зависност од тоа како ќе се движат цените на суровините и …

Бектеши не исклучува замрзнување на цените на основните производи ако има нарушувања на пазарот Read More »

Ангеловска-Бежоска: Економската активност во првото полугодие во линија со проекциите на Народната банка


Бруто домашниот производ, во првата половина од оваа година, оствари раст којшто речиси во целост се совпаѓа со проекциите на Народната банка, поттикнат и од кредитната поддршка од банкарскиот сектор. Се очекува натамошно постепено закрепнување на економијата, што во голема ќе зависи од закрепнувањето на нашите најзначајни трговски партнери, што, пак, е условено главно од …

Ангеловска-Бежоска: Економската активност во првото полугодие во линија со проекциите на Народната банка Read More »