САД официјално го укинаа повластениот трговски статус на Русија и Белорусија


Американскиот Конгресот изгласа официјално укинување на привилегираниот трговски статус на Русија и Белорусија како одговор на војната во Украина, отворајќи го патот за воведување казнени тарифи за производи од двете земји. Американскиот претседател Џо Бајден, во координација со неговите европски сојузници, ја објави мерката минатиот месец со цел понатамошна изолација на Русија од светската сцена, но мерката мораше да […]

Бектеши ќе учествува на Економскиот форум Делфи


Министерот за економија Крешник Бектеши  денеска ќе учествува на Економскиот форум Делфи во Грција, каде ќе говори на панелот насловен „Како кризата во Украина влијае на економиите во регионот“. Од Министерството за економија најавија дека министерот Бектеши во рамки на Форумот ќе присуствува на работна вечера насловена „Војната во Украина: Последиците на Балканот“ на која […]

„Вина од Македонија – вовед во македонската винска култура и традиции“ во Будимпешта


На Институтот по славистика и балтичка филологија при Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта денеска се одржа настанот „Вина од Македонија – вовед во македонската винска култура и традиции“ (предавање и дегустација на македонски вина). Настанот беше организиран од Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, во соработка со Здружението „Вина од Македонија“ од Скопје, а за македонските […]

Кои серии на производи на Фереро се повлечени од пазарот како мерка на претпазливост


Атлантиц Траде Скопје ДОО Скопје како дистрибутер на асортиманот на компанијата Фереро во земјава, на барање на производителот Фереро, започна со превентивно повлекување на неколку серии на производите Киндер шоко бонс (46гр и 125гр) и Киндер surprise макси (100гр) од брендот Киндер. Повлекувањето, како што посочуваат од Атлантиц Траде Скопје ДОО Скопје, се однесува само […]

Српската Влада одобри извоз на пченица и пченка во Македонија


Српската Влада денеска донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на пченица и пченка во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. – Владата на Република Србија донесе Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Северна Македонија врз основа […]

На српскиот граничен премин Прешево поставен знак и посебна лента за превозниците од „Отворен Балкан“


Министерот за финансии во Владата на Република Србија, Синиша Мали денеска изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ има за цел значително да го забрза протокот на стоки и услуги, да создаде единствен пазар на труд и подобри деловни услови за компаниите, што неминовно ќе доведе до побрз економски развој и повисок животен стандард на граѓаните на […]

Цени на горивата: Литар бензин во Венецуела е два центи, во Хонг Конг 2,62 евра, на Балканот е најевтин во Македонија


По руската инвазија на Украина, дојде до силен скок на светските цени на енергијата. Податоците на веб-страницата „Глобалпетролпрајсес“ (Globalpetrolprices) за 28 март покажуваат дека цената на еден литар бензин е највисока во Хонг Конг – 2,62 евра. Европските земји доминираат на врвот на листата, па заедно со Хонг Конг, во првите пет земји според цената […]

Минималната потрошувачка кошничка во март 36.768 денари, зголемена за илјада денари од почетокот на годината


Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36.768 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја прави пресметката на синдикалната минимална кошничка. – Од почетокот на годинава е зголемена за 1.000,00 денари, а во однос на претходната година во месец март е зголемена за 3.000,00 денари. Најголемо зголемување има […]

Поевтинува мазутот, цените на другите горива остануваат исти


Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,492 денара за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).  Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55  отсто. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на […]

Во првите два месеци годинава извозот се зголемил за 13,5 отсто, увозот за 30,6 во однос на лани


Во првите два месеца од годинава од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 75,047 милијарди денари или 1,216 милијарди евра што е зголемување за 13,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Во истиот период во земјава се увезени стоки во вредност од 110,32 милијарди денари или 1,788 милијарди евра, односно […]

Шел најави отпис на средства од пет милијарди долари по напуштањето на Русија


Британскиот нафтен и гасен гигант „Шел“ денеска соопшти дека по напуштањето на Русија поради инвазијата врз Украина, очекува да отпише имот до пет милијарди долари, повеќе отколку што првично проценуваше. Компанијата првично го процени отписот, по оданочувањето, на 3,4 милијарди долари. Проценката е зголемена поради потенцијалните дополнителни трошоци поврзани со договори, отпишани побарувања и загуби […]

Инфлацијата во март се искачи на 8,8 отсто


Трошоците на живот во март се зголемени за 8,8 проценти во споредба со март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари има зголемување за 1,6 проценти, а кај цените на мало за 1,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Податоците покажуваат дека пораст на трошоците на живот во однос […]

„Макпетрол“: 50 години од отворањето на најпрепознатливата бензинска станица во земјава


Бензинската станица „Билјанини извори“, што е дел од мрежата на „Макпетрол“, денеска ја одбележува 50-годишнината од отворањето. Препознатливиот и импозантен кружен објект, којшто се наоѓа на излезот од Охрид, на патот кон селото Велестово, е пуштен во употреба на 7 април 1972 година. Автор на проектот е архитектот Ѓорѓи Голев, додека изведувач на армираните бетонски […]

РКЕ денеска ќе носи нова одлука за цената на горивата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што посочуваат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука. – Предусловите се исполнети, РКЕ ќе има нова одлука за цената на нафтените деривати која […]

Високата инфлација ја загрозува светската економија


Светската економија можеби е на работ на нова инфлаторна ера со постојано висока инфлација на потрошувачките цени поради слабеењето на глобализацијата, изјави Агустин Карстенс, шеф на Банката за меѓународни порамнувања (Bank for International Settlements) во Базел, Швајцарија. BIS неформално се смета за „централна банка на сите централни банки“. BIS работи само со централни банки и […]

Нема минимална плата, оти треба да се сменат други закони, разликата ќе биде исплатена


 Сите вработени во јавниот сектор кои нема да добијат минимална плата за март во износ од 18 илјади денари, разликата ќе ја добијат откако во Собранието ќе бидат усвоени законските решенија кои тоа треба да го овозможат. -При носењето законски решенија за минимална плата од 18 илјади денари јас кажав дека сите вработени во јавниот […]

Целосната забрана на извозот на руска нафта ќе предизвика огромен раст на цената на нафтата


Американскиот министер за финансии Џенет Јелен рече дека целосната забрана за извоз на руска нафта најверојатно ќе доведе до „огромно зголемување“ на цената на нафтата на светскиот пазар, што би им наштетило на САД и нивните демократски сојузници, пренесува Бета. Во своето сведочење пред Комисијата за финансии на Претставничкиот дом, Јелен вчера рече дека се […]

Членките на МАЕ пуштаат на пазарот 20 милиони барели нафта од резервите


Членките на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) одлучија да продадат 120 милиони барели нафта од резервите за да ги ограничат цените кои нагло пораснаа по руската инвазија врз Украина, изјави директорот Фатих Бирол. – МАЕ колективно ќе стави на располагање вкупно 120 милиони барели нафта од резервите (вклучувајќи 60 милиони барели што ќе ги додадат […]

„БиМилк“ ќе овозможи фармерите да користат робот за измолзување на кравите


Битолската компанија „БиМилк“ која годинава одбележува 70 години постоење, најави поддршка за фармерите за користење најсовремена опрема во производството на млеко, односно користење најсовремен робот за измолзување. Според генералниот директор Ѓорги Петрушев, вложувањето во нова современа опрема е континуирано и со цел да се овозможи унапредување на процесот на млекопроизводството. -Препознаени сме како доверлив партнер […]

Извозот на компаниите од ТИРЗ во првиот квартал достигна 851,6 милиони евра, за 10 отсто повеќе од лани


Во технолошко-индустриските развојни зони е регистрирана највисока економска активност во првиот квартал од годината и во однос на извозот и во однос на увозот, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ. Според податоците од анализата, извозот достигна 851,6 милиони евра, што е пораст од речиси 10 проценти во однос на истиот период лани и над 42 […]