Превземањата и спојувањата на компании годинава може да ги собори сите рекорди


Според КПМГ, обемот на преземања и спојувања на компании до крајот на оваа година би можел да ги собори сите рекорди и да достигне вредност од 6 билиони долари   Се чини дека за краток временски период никогаш немало повеќе аквизиции во милијарди долари. Последна е експанзијата на Coca-Cola која купи конкурент за фантастични 5,6 …

Превземањата и спојувањата на компании годинава може да ги собори сите рекорди Read More »

ФИТР: Првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра ќе овозможи рапиден раст и развој на македонските иновативни компании


Фондот за иновации и технолошки развој со поддршка на Министерството за финансии и Светска Банка го креираше првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра. По тој повод, денеска се одржа панел дискусија на тема: „Сè што треба да знаете за инвестицискиот фонд” во рамките на „Глобалната недела на претприемништво 2021” а во организација на …

ФИТР: Првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра ќе овозможи рапиден раст и развој на македонските иновативни компании Read More »

Азески: Бизнисмените и политичарите како да гледаат различен филм


Политичарите и административците сметаат дека некое прашање е разрешено кога ќе се потпише меморандум или меѓународен договор за тоа, а бизнисмените дека прашањето е решено само кога ќе почувствуваат дека бирократските чекори, времето или трошокот за да завршат некоја работа им се скратени за пола. И тоа е јаз кој сѐ повеќе се зголемува меѓу …

Азески: Бизнисмените и политичарите како да гледаат различен филм Read More »

Горивата поевтинуваат за половина денар


Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,5 денари за литар, а 78,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 67,50 …

Горивата поевтинуваат за половина денар Read More »

Зголемени цените на угостителските услуги во октомври


Цените на угостителските услуги во октомври се зголемени за 0,4 проценти во споредба со септември, а за 0,8 проценти во однос со октомври лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на цените на угостителските услуги во однос на септември имало кај храната за 0,5 проценти, алкохолните пијалоци за 0,3 проценти, безалкохолните пијалоци за …

Зголемени цените на угостителските услуги во октомври Read More »

Трошоците на живот во октомври зголемени за 0,5 отсто во однос на септември


Трошоците на живот во октомври биле зголемени за 0,5 проценти во однос на септември, а за 4,1 процент во споредба со октомври лани. Цените на мало, пак, во октомври биле на исто ниво како и во септември, а во однос на октомври лани се зголемени за 6,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст …

Трошоците на живот во октомври зголемени за 0,5 отсто во однос на септември Read More »

Извозот зголемен за 33,8 отсто, а увозот за 38,5


Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – септември годинава изнесува 6 133 253 000 долари и бележи пораст од 33,8  проценти во однос на истиот период од претходната година.  Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 341 164 000 долари, што е за 38,5  проценти повеќе во споредба …

Извозот зголемен за 33,8 отсто, а увозот за 38,5 Read More »

Газпром ќе испорачува повеќе гас за Европа


Русија– Извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер вети дека компанијата ќе почне да испумпува гас во Европа веднаш штом ќе ги наполни руските магацини. – „Газпром“ има подземни складишта за гас во Европа, вклучувајќи ги Австрија и Германија. Во моментот обемот на гас во овие подземни складишта е незначителен, многу, многу мал, нешто помалку од …

Газпром ќе испорачува повеќе гас за Европа Read More »

Маск ги праша следбениците на Твитер дали да продаде 10 отсто од уделот во Тесла, акциите паднаа за 8 отсто


Американскиот иноватор Илон Маск ги анкетираше своите 62,5 милиони следбеници на Твитер со прашањето дали треба да продаде 10 отсто од своите акции во компанијата Тесла, чиј основач и директор е тој. „Во последно време многу се зборува за нереализирани профити, кои се средство за даночно затајување, па затоа предлагам да продадам 10 отсто од …

Маск ги праша следбениците на Твитер дали да продаде 10 отсто од уделот во Тесла, акциите паднаа за 8 отсто Read More »

Железници Инфраструктура ќе помогне за транспорт на мазут до ТЕЦ Неготино и на јаглен до близина на РЕК


Железници Инфраструктура се вклучува од логистички аспект во решевање на енергетската криза и презема активности да се стават во функција капацитетите за транспорт на јаглен и мазут, изјави денеска за МИА Хари Локвенец, директор на ЈП ЖРСМ Инфраструктура. Како што информира Локвенец, ЖРСМ Инфраструктура во соработка со ТЕЦ Неготино е во финална фаза за целосната …

Железници Инфраструктура ќе помогне за транспорт на мазут до ТЕЦ Неготино и на јаглен до близина на РЕК Read More »

ССМ бара пратениците да ги усвојат законите за унапредување на работничките права


Сојузот на синдикати на Македонија бара од пратениците веднаш да ги усвојат сите законски решенија кои се заглавени во Собранието, а се однесуваат на остварување и унапредување на работничките права. Бараат да се усвои законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со кое сите оние кои работат во дејностите каде не може …

ССМ бара пратениците да ги усвојат законите за унапредување на работничките права Read More »

РЕК Битола надвор од погон, поради дефект исклучен и Блок 1, ЕСМ очекува брза санација


Поради дефект исклучен Блок 1 во РЕК Битола, до крајот на денот се очекува повторно да биде вклучен   Поради дефект од синоќа е исклучен Блок 1 од РЕК Битола. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде повторно приклучен на електроенергетската мрежа. – Заради дефект во котелот на Блок …

РЕК Битола надвор од погон, поради дефект исклучен и Блок 1, ЕСМ очекува брза санација Read More »

Уште еден директор на кинески гигант се откажува од водечката позиција


Основачот на ByteDance, компанијата која стои зад популарната апликација TikTok, Џанг Џиминг, поднесе оставка од позицијата извршен директор, во време кога компанијата минува низ процес на реорганизација на деловниот процес. Напуштањето на компанијата, т.е. позицијата генерален директор, Џанг го најави во мај годинава кога посочи дека ќе премине на друга стратешки важна функција. Нов директор …

Уште еден директор на кинески гигант се откажува од водечката позиција Read More »

„Ецотип“ ја доби наградата за филантропија „Око“ за 2019 година


По неколку одлагања поради пандемијата, наградата за филантропија „ОКО“ за 2019 конечно е доделена. Горд добитник на ова признание во категоријата на мали компании е скопската фирма  „ЕЦОТИП“. Меѓу повеќето досегашни донаторски активности, номинацијата и наградата се добиени за донацијата на 35 пречистувачи за воздух од марката BLUEAIR за две училишта од Кавадарци. При примањето …

„Ецотип“ ја доби наградата за филантропија „Око“ за 2019 година Read More »

Јапонија издвојува 265 милијарди долари за поддршка на економијата


Јапонската Влада планира да усвои нов пакет за да обезбеди финансиска поддршка на економијата и луѓето погодени од ширењето на коронавирусот, вреден повеќе од 265 милијарди долари, објави новинската агенција Кјодо. Планот вклучува еднократен додаток од 100.000 јени за секое дете под 18 години за сите семејства кои живеат во земјата. Се очекува одлуката официјално …

Јапонија издвојува 265 милијарди долари за поддршка на економијата Read More »

Црна Гора воведе прогресивен данок за фирмите


  Црногорската влада утврди измени на Законот за данок на добивка со кој се предлага премин од пропорционално во прогресивно оданочување, со што би се зголемиле буџетските приходи за приближно 25 милиони евра. „Со овие измени се предлага премин од пропорционално (даночна стапка од девет проценти без разлика на висината на оданочливата добивка) кон прогресивно оданочување …

Црна Гора воведе прогресивен данок за фирмите Read More »

Европа очекува најлоши приноси на мед во историјата


Европа ги очекува најлошите приноси на мед во историјата. Причина за тоа се климатските промени, сезоната на цветање која започна порано и траеше пократко, мразот и лошите временски услови кои им нанесоа големи штети на пчеларите. Француските пчелари очекуваат најлоши приноси на мед во последните децении, а Ројтерс наведува дека невообичаено студеното и влажно време …

Европа очекува најлоши приноси на мед во историјата Read More »

Саниран е пожарот во РЕК Битола, комбинатот работи со еден блок, следната недела ќе работат два


Саниран е пожарот кој изби синоќа во РЕК Битола, и на местото се врши увид од страна на стручни екипи од АД ЕСМ за утврдување на причините. Како што информираат денеска од АД ЕСМ пожарот започнал на еден од изолаторите на надворешниот трансформатор на Блок 3 и со брза интервенција на противпожарните служби огнот бил …

Саниран е пожарот во РЕК Битола, комбинатот работи со еден блок, следната недела ќе работат два Read More »

„Фич“: Денарот останува стабилен, банкарскиот систем ја потврди отпорноста на пандемичниот шок


Денарот останува стабилен – фиксниот курс е клучно сидро на стабилноста на македонската економија. Девизните резерви достигнаа 3,7 милијарди евра во септември и со оглед на добрата надворешна позиција, очекуваме дека ќе бидат стабилни и во 2022 и 2023 година, одржувајќи соодветна покриеност. Надворешните ризици се дополнително ублажени со репо-линијата којашто Европската централна банка ѝ …

„Фич“: Денарот останува стабилен, банкарскиот систем ја потврди отпорноста на пандемичниот шок Read More »

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија, предвидува раст од 4,1 отсто


Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија на „ББ +“, со негативен изглед. Во извештајот,„Фич“ нотира дека потврдениот рејтинг во услови на пандемија е резултат на спроведувањето добри политики на владеење, развојот на човечкиот капитал, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долго одржуваниот фиксен …

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија, предвидува раст од 4,1 отсто Read More »