ЕУ ѝ платила на Русија за гориво 35 милијарди евра од почетокот на војната


  Жозеп Борел им порача на европратениците дека ЕУ мора да ја намали енергетската зависност од Русија. Европската унија потрошила 35 милијарди евра на руско гориво од почетокот на војната, во споредба со расходите од само 1 милијарда евра за Украина во оружје и оружје, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ. „Мораме да им […]

Анблок покривањето на барањата на општините од државниот Буџет не е добро решение


Анблок покривањето од државниот Буџет на барањата на општините за покривање на нивните зголемени финансиски потреби не е добро решение, смета универзитетскиот професор Борче Треновски. Од досегашното искуство видовме дека по таквата попмош многу од општините повторно ги зголемиле своите обврски, вели тој. „Пред да ги утврдиме причините зошто определени општини влегле во фискална нестабилност, […]

Стопанската комора ќе ги промовира придобивките на медијацијата


Стопанската комора на Северна Македонија почнува повеќе активности за поголема промоција и афирмација на придобивките од медијацијата. Во тоа, како што соопшти, е институционално поддржана од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) – групација на Светска банка – -Во услови на нарушена ликвидност на компаниите, со цел рационализација на нивните трошоци, зачувување на добрите деловни односи со […]

„Адинг“ ќе работи на струја од сопствено производство


Во духот на своите заложби за зачувување на животната средина, намалување на јаглеродниот отпечаток и одржлив развој, компанијата АДИНГ наскоро самата ќе си обезбедува електрична енергија преку фотоволтаичните панели кои се инсталираат на нејзин објект во Скопје, а вишокот на енергија ќе се продава, соопшти компанијата. На овој начин, компанијата ќе спречи годишна емисија на […]

„Пари“: Фирмите сега им должат на банките 3 милијарди евра, како било пред 10 години


Околу 300 милиони евра е зголемен долгот што го има  нефинансискиот сектор (главно фирми) кон банките во текот на минатата година, покажуваат податоците на Народната банка. Имено, долгот на 31.12.2021 година бил околу 3 милијарди евра, а на крајот од 2020 година кредитите на нефинасиските друштва биле околу 2,7 миијарди евра. Далечната 2012 година завршила […]

Почнува Делфи економскиот форум во Грција, учество на владина делегација од Северна Македонија


По пауза од две години поради пандемијата, Делфи економски форум, се враќа во градот Делфи, каде што по седми пат ќе се одржи годишната конференција, на која ќе учествува и владина делегација предводена од претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски, јави дописничката на МИА од Атина. Форумот започнува денеска и ќе трае до […]

Договорен увоз на пченица и од Бугарија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски доцна синоќа на својот фејсбук профил соопшти дека е договорен увоз на пченица и од Бугарија. -Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин. Со мојот колега, министерот за земјоделство на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република […]

Премиерот Ковачевски во посета на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW“


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети локацијата на која се гради фотонапонска електрана „Осломеј 1-10MW“. Ковачевски ќе биде придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски. Со посетата ќе се одбележи завршувањето на градбата на електраната со тест период на целосно монтирана опрема.

Поради недоволна реализација „блокирани“ 9 милиони евра наменети за капитални инвестиции


Министерството за финансии (МФ) втора година го следи процесот на реализација на капиталните инвестиции од страна на буџетските корисници преку воспоставениот КАПЕФ механизам, уреден во Законот за извршување на Буџетот на РСМ за 2021 и Законот за извршување на Буџетот на РСМ за 2022, кој предвидува награда за оние што ги реализираат своите планови согласно […]

Маск првпат се најде на врвот на светската листа на Форбс за најбогати во светот


САД– Илон Маск првпат се најде на врвот на светската ранг листа на Форбс, пред Џеф Безос, кој четири години е најбогат човек на светот. Според изданието, до денеска, богатството на Маск се проценува на 219 милијарди долари. Исто така, меѓу првите тројца на листата се и основачот и извршен директор на Амазон, Џеф Безос […]

Извршните директори на Фајзер, Бионтек и Модерна поделија 100 милиони долари заработка


Извршните директори на Фајзер (Pfizer), Бионтек (BioNTech) и Модерна (Moderna) поделија повеќе од 100 милиони долари заработка за време на пандемијата, што го одразува комерцијалниот успех на вакцините mRNA развиени од овие фармацевтски компании. Алберт Бурла од Фајзер , Угур Шахин од Бионтек и Стефан Бансел од Модерна значително го зголемија своето богатство во последните […]

Комерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 27 април


Комерцијална банка ќе врши исплата на дивиденда за 2021 година почнувајќи од 27.04.2022 година, соопшти банката во известување до Македонската берза. Право на исплата на дивиденда за 2021 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 14.04.2022 година. Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со […]

Трговците тврдат дека Украина има големи залихи пченица


Украинската влада треба да ги укине дозволите за извоз на пченица бидејќи залихите се многу високи и продажбата нема да ги загрози резервите на храна, соопшти здружението на трговци УГА. Владата во март воведе дозволи за извоз на пченица, пченка и сончоглед, а две недели подоцна ги укина ограничувањата за извоз на пченка и сончогледово […]

Угостителските услуги во март поскапеа 2,7 отсто, за една година 7,1 отсто


Цените на угостителските услуги во март годинава се зголемени за 2,7 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на март 2021 година пораснале за 7,1 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со февруари 2022 година, зголемување на угостителските цени е забележано во групите: Храна за 3,4 отсто, Алкохолни пијалаци […]

Германија спречи затворање на филијала на Гаспром


Германската Влада назначи менаџер на филијалата на руски Гаспром, кој се повлече од сопственоста, за да обезбеди континуитет на снабдувањето, соопшти Министерството за економија во Берлин, повикувајќи се на планираната ликвидација на компанијата. „Гаспром“ минатиот петок соопшти дека се повлекува од сопственичкиот удел во „Гаспром Германија ГМБХ“ и други имоти во Германија, вклучително и „Гаспром Маркетинг и […]

На 14 април генерален штрајк на вработените во националната Пошта


Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија на 14 април ќе организираат генерален штрајк, поради неисполнување на нивното барање за покачување на платите на вработените во ова претпријатие, во износ од 3.000 денари. Причината за штрајкот, како што посочи на денешната прес-конференција претседателот на Синдикатот на Македонска пошта, Боро […]

Обезбеден е природен гас до крајот на месецов


Обезбеден е природен гас до 15 април, кога завршува грејната сезона во Скопје, а од страна на Макпетрол сме известени дека има договорени и веќе платени количини на природен гас до крајот на април, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Во врска со евентуалното барање на Русија земјава природниот гас да го плаќа во […]

Само во март Русија има 3,5 милијарди долари помалку приходи од нафта и гас


  Разликата меѓу очекуваните приходи од нафтата и гасот во Русија во март и оние што всушност се добиени во рускиот буџет е 302 милијарди рубли (3,5 милијарди долари), пренесува Интерфакс повикувајќи се на Министерството за финансии на РФ. Претходно беше планирано во март во федералниот буџет да се влеат 790 милијарди рубљи (9,3 милијарди […]

Нема проблем со производство и со снабдување на масло за јадење, вели Бектеши


Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека на пазарот во земјава нема нема проблем со производство и со снабдување на масло за јадење. „Ние редовно сме во комуникација со производителите на масло за јадење во државата и согласно податоците што ги добиваме од нивна страна тие редовно ги снабдуваат сите трговци на мало со овој […]

Плоштадите на 16 милионскиот Истанбул заблескаа со новите „Грин Машинс“ од Велес


По испораките  во Египет, Франција, САД, Англија и Јужна Кореја, „Грин Машинс“ од Велес продолжи да ги зацврстува своите позиции на пазарот во Турција. Овој пат и најголемиот град во Турција, Истанбул, грижата за одржувањето на хигиената на своите улици и плоштади им ја довери на возилата „Грин Машинс“ од Велес . И градоначалникот на […]